Уништен е фудбалскиот трансфер пазар?

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Ме интересира ваше мислење за изјавите на мишел платини против огромната потрошувачка на реал мадрид(ман,сити) на трансфер пазарот летово и дека со тоа го уништиле фудбалот.
еве нешто што мене ме интересира и што мислите вие затоа:
дали реал го уништи трансфер пазарот со тоа што сака да донесе врвен играч и платил МОЖЕБИ повеќе од колку што требало,или пак манчестер(милан) го уништи трансфер пазарот поради високата цена што ја одредил за роналдо(кака)??
платини сака да воведе ново правило(селари кап) за клубовите да имаат одредена сума за трансфери?? мое мислење,ако се воведе селари капот(пр.100 мил) највисоката цена на некој играч (роналдо,меси,кака инт.) да биде 30 мил(а не на клубот колку ќе му прдне),за кога ќе купат реал некој играч од нивни ранг да не испадне дека го уништиле трансфер пазарот,напротив секој клуб ќе може да си дозволи таков трансфер,но самиот играч да си одлучи кај да замине,како во случајот на роналдо,бензема кој што самите го одбраа реал и покрај понудите за бензема од други ТОП клубови и одличниот договор на роналдо во ман утд,кој самиот реши да не го испочитува до крај.
што мислите вие???
 
N

n/a

Гостин
Мишел Платини се труди да направи нешто,
ама почнува од опашката, не од главата :)

Никогаш нема да ги уреди работите помеѓу големите доколку не ги среди прво работите така за да може условно помалите (читај посиромашните клубови а со огромна традиција и резултати зад себе) да си ги задржат играчите и со самото тоа да бележат резултати.

Ајакс,ПСЖ,Бриж,Црвена Звезда,Стеауа,Спарта Прага,Динамо Киев,ЦСКА Софија...
се се тоа грандови кои што не можат да создадат конкурентна екипа токму заради тоа што не може да си дозволат да си ги задржат играчите.
:toe:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Доаѓа до пресвртница во големите клубови, кои секогаш имале големи фудбалски ѕвезди да си ги продаваат истоте за да можат долговите да ги надоместат. Оваа економска криза се одразува и врз фудбалот очигледно многу. Клубовите се научени да трошат и доаѓаат до една фаза да им недостасуваат парични средства и спасот го гледаат во продавање на играчи и тоа дури и најдобрите (иако првично на секој тим им е цел најдобрите да ги задржат само за себе).
Даноците во државите го прават своето, со тоа е многу јасно што фудбалерите ја сакаат Шпанија која данокот на доход го оданочува многу пониско од Италија, Англија, Германија.
Оваа година Манчестер Јунајтед којшто секоја година собира трофеи, добива и голема конкуренција од Манчестер сити којшто досега беше еден просечен тим, но со откупување на тимот од страна на богати арапи си го направија тимот тип топ.
Така да доаѓа на големите клубови да им паѓа квалитетот, а на малите кои што се откупуваат евтино од богаташи да им расне квалитетот и доаѓа во промени во позициите.
А Реал си е приказна за себе. Тој клуб секогаш ќе има пари, се додека Шпанија е кралство :icon_lol:

A Платини може да донесе едно правило за највисок можен трансфер но тогаш сигурно повторно ќе има префрлување на дополнителни средства на тајни сметки. И пак трансферите неофицијално ќе се превисоки.
Се повеќе се трошат пари и ограничувањата им сметаат на клубовите.
Ете ограничувањето во Ф1 резултира со формирање на нов шампионат. Ништо чудно ако се донесат промени во фудбалот истото тоа да се случи и да има промени од страна на клубовите.
 
Член од
8 октомври 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
20
Платини сака да воведе селари кап, но тоа нема да се случи во иднина. Реал Мадрид позајмува пари и купува фудбалери, Манчестер Сити дава пари од свој џеб, од џепот на арапите кои ги заработиле тие пари од нафта. Тоа ни малку не е добро.

Рецесијата ќе влезе и во фудбалот за неколку месеци. Некои посиромашни клубови ќе нема да можат да си си ја платат дури и опремата на фудбалерите и ќе дојде до банкротирање. Но тоа нема да влијае во огромна мера кај побогатите. Арапите ќе си продолжат со нивната намера од клуб без историја да направат најдобар тим во светот, но парите не купуваат успех.

Доколку еден клуб сака нешто да направи, да биде дел од елитата, несмее да прави поголема смена во постоечкиот фонд на играчи. Ако се внесат повеќе од 3 нови играчи во тимот во еден преоден рок, ќе дојде до колапс на тимот во следната сезона. Ќе им биде потребно време од 8/9 месеци да се воиграат, но дотогаш ќе заврши сезоната.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
пробиени се сите граници на разумни трансфери.....сепак проценката на играчите е реална,тоа е дил во кој секој го добива својот процент......реал ќе продаде милиони дресови и реквизити,карти за натпревари,тв права-парите се извадени
тоа е реалноста,парите го убиваат светот(човекот),така и фудбалот...повеќе се гледа на профитот,трофеите се оставени во позадина
сл. е и во нашето првенство,фудбалот е тотално запоставен,се помалце таленти,се помалце заинтересирани во таа област-тоа го направија парите,борба за живот и егзистенција,на кој му е до фудбал ако нема дома леб да јади...
 
F

fantomX

Гостин
Фудбалот не е од вчера професионален, а штом е професионален, се разбира дека парите се многу важни. Со самото тоа, тој е професија за сите тие кои се во него, тие заработуваат за живот од тоа. Платини „лај“ за селари кап од причина што изборот го доби со гласовите на, условно кажано, малите земји (федерации), како нашата, а не од Англиската, Германската, Шпанската...
Јебига, Фергусон фрли над 30 милиони фунти за дефанзивец (трансфермаркт вели 40, ама не верувам толку да е). Верон, над 35 милиони. Дојде Абрамович во Челзи, не ненормални суми за еден играч, ама многу играчи за повисоки суми отколку што реално вредеа во тој момент....и да не набројувам, се до денеска, до Реал (пак) и Манчестер Сити. Или од друга страна, можи Манчестер не е задоволен со 95 милиони евра за еден играч? Или Милан со 65 милиони евра?
Не е крив ни Алекс, ни Роман, ни Флорентино, никој...освем можеби Цацко. Таков е текот на настаните, „Робин Худ“ од Франција ќе го менувал демек... :icon_mrgr

ТРансфер пазарот уништен, баш и не е, освен тоа што Реал тешко ќе се ослободи од вишокот играчи, ако вистина бараат 10 милиони евра за Хајнце на пример (според Марка)... Инаку не гледам што е уништено. :toe:
 

брицо

liverpool
Член од
22 мај 2009
Мислења
567
Поени од реакции
2
па требе да се даде цена до кој мажат да се купат фудбалерите и да не се оде повеќе од таа а не да се дават по 100 милиони за еден фудбалер така ќе можат само реал челзи и манчестер сити да ги собираат само ѕвездите а би требало за тој фудбалер да конкурират повеќе клубови со послаби финансии како на пример ливерпул арсенал валенсија севиља рома фиорентина и сите други
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
финтата е шо тие 95 милиони ќе ги извадат СИГУРНО!!!

П.С. .....ѕвездите повеќе не играат фудбал......
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
НАЈДОБРО ТОЈ ДА НЕ СЕ МЕША ВО ДРУГИТЕ КЛУБОВИ
АКО ИМААТ ПАРИ НЕКА ГИ ТРОШАТ А КОЈ ТРОШИ НИШТО НЕ ДОБИВА САМО Е ВО ЗАГУБА ПА ИЧ К*Р ДА НЕ МУ ЧУЕ НА НЕГО ЗА КЛУБОВИТЕ
САМО НЕКА СИ СЕДИ ВО ФОТЕЉА И НЕКА СИ ГО ЛАДИ
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
911
Поени од реакции
173
боље да не чепкаат да не се случи слично ко во формула 1 што викаа откажувања формирања нови првенства и триста тракатанци
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.209
Поени од реакции
21.387
Уефа треба да донесе исти услови за сите европски лиги пошто има опасност за фудбалот. Во најдобрите лиги само истите 2-3 клубови се борат за титулата а зад ними помалите клубови немаат реална шанса за успех. Истото е и со ЛШ каде секоја година 3-4 екипи се најголеми фаворити а другите се само декорација.

Јасно е дека секогаш ќе има побогати клубови но поред мене условите за клубовите треба да бидат исти. Во Германија Херта на пример има долгови од 33 милиони Евра и за да добие лиценца треба да напарави трансферплус од 5 милиони Евра и поради тоа не можеше најважните играчи да ги задржи. Од друга страна имаме тимови ко Челси кој на Абрамович му должат близу милијарда Евра и продолжуваат да трошат пари ко да нема крај. Истото е со Реал кој дава 300 милиони за играчи а ги финансира со туѓи средства (кредити) или пак клубови ко Валенсија кој со 500 милиони Евра долг добиваат лиценца без проблеми.

Ако не се преземат мерки за кратко време поред мене цените за играчи уште поќе ќе растат.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Мишел Платини се труди да направи нешто,
ама почнува од опашката, не од главата :)
:toe:
Something tells me оти нема да биде пак избран за претседател на UEFA.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
НАЈДОБРО ТОЈ ДА НЕ СЕ МЕША ВО ДРУГИТЕ КЛУБОВИ
АКО ИМААТ ПАРИ НЕКА ГИ ТРОШАТ А КОЈ ТРОШИ НИШТО НЕ ДОБИВА САМО Е ВО ЗАГУБА ПА ИЧ К*Р ДА НЕ МУ ЧУЕ НА НЕГО ЗА КЛУБОВИТЕ
САМО НЕКА СИ СЕДИ ВО ФОТЕЉА И НЕКА СИ ГО ЛАДИ
Кој троши, ништо не добива:uvo: Зини земјо голтни ме. Еве пример ќе го земеме Реал Мадрид, го купија Роналдо за 95М и само од продажбата на негови дресови до крајот на сезоната ќе се покрие тој трошок. Ако беше вака сите што купуваа играчи ништо не добиваа, тогаш зошто би постоел трансфер пазарот... Боље ќути.

Што се однесува на Селари капот, не верувам дека ќе успеат да го воведат...
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.903
Поени од реакции
7.310
фудбалот повеќе не се игра за публика туку за пари сите тие големи клубови вазни му се само парите земаат играчи за да извадат пари што од дресови што од реклами на повеќето не му е вазно дали ќе освојат нешто местат утакмици и се за нив е само бизнис а платини ако проба нешто да се курчи одма ќе го летнат тој доби подршка од малите федерации ама првен на нив мава пример со победа оти немало местени утакмици во италија иред други федерации плус тоа фифа е најголема мафијашка организација на чело со блатер кој какови не глупости има правено и се уште прави ама никој не мозе да го смени си измислува делегати на некој негови дрзави на пример јамајка има 5 члена за гласање а многу посолеми дрзави имаат помалку членови и ред други работи се црни во фифа па ако сакате и во уефа оти тешки пари се вртат за селари кап нема шанси тоа сега колку да не се бунат многу помалите тимови од секогаш и секаде е тека тој што има пари има се и сите се изврзани како црева што значи нема шанси нешто да се смени само вака како нас некој ќе го јади стапот :toe:
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Не сите ѕвезди можат да бидат купени или продадени, некои остануваат и чекаат да заиграат во јак клуб следната сезона!
Е таа следна сезона би изгледала вака(според мене):

Епа сега и клубовите кои имаат ѕвезди ќе им лупнат цена “боли глава“(по примерот на кака и роналдо), никој нема да ги купи(некои ѕвезди ќе бидат купени а некои не!!! како што кажав погоре), и кога следната сезона на истите играчи ќе им помине една година од договорот(ке падне цената на играчот)ќе бидат продадени за пониска цена не само од таа “боли глава“ туку и од таа што вредел минатата сезона, или ако не ги продадат навреме(пред да им истече договорот) ќе се обидат да склучат договор со истите.Ама ако тимот не е некој амбициозен или познат, ќе биде одбиен и играчот ќе има можноста да избере во кој клуб ќе ја продолжи кариерата и да заработи некој денар повеќе, и со тоа клубот ја изгубил можноста да профитира на играчот. И следниот пат не само тој тим што не профитирал, туку и тој тим што треба да профитира(што би имал ѕвезда), би ја разгледал ситуацијата која ја поминал тимот што го изгубил играчот како слободен, и би се размислил дали да бара таква сума за играчот( неприфатлива), или би направил солидна зделка од која би бил задоволен.

Јас верувам дека работите ќе се одвиваат баш вака, но ќе треба 2,3, па и 4 години да поминат за да тимовите ја осетат ситуацијата во која се доведени поради тоа што некој клуб сакал некогаш да си купи играчи за да прави(троши) пари.

Кој троши, ништо не добива:uvo: Зини земјо голтни ме. Еве пример ќе го земеме Реал Мадрид, го купија Роналдо за 95М и само од продажбата на негови дресови до крајот на сезоната ќе се покрие тој трошок. Ако беше вака сите што купуваа играчи ништо не добиваа, тогаш зошто би постоел трансфер пазарот... Боље ќути.

Што се однесува на Селари капот, не верувам дека ќе успеат да го воведат...
Ај една математика направи па ќе видиш дали ќе извади 95 мил.
Стави го и кака и бензема во трошокот и добивката од нивните дресови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom