Исламот го следи христијанството со доцнење од V века.
Пред 500 години „се обелодени“ дека има мистицизам и во христијанството. Некаков си христијански мистицизам, наоѓање тајни ствари низ библијата и дека некои информации таму имаат сосема друго значење и симболика од онаа што се предава на мирјаните, обичните верници. Симболи кои се врзуваат со други учења и пракси.
Сега истото се случува со исламот... стануваат популарни суфи мистиците, разни книги се појавуваат кои ја изучуваат езотериската страна на исламот... Книги кои пред 1000 години биле прогласени за анти-муслимански и дело на шејтанот бидејќи зборуваат за астрологија, талисмани, магика и езотериска пракса во рамките на исламот - денес на големо се промовираат како некаков доказ дека и денес исламот има работи кои ги нуди но за малкумина...
Постојано се појавуваат луѓе и учења кои се обидуваат да додаваат гориво на огнот за да не изгасне - иако не треба да додаваат насилно гориво... некои огнови е нужно да изгаснат, а не да им се бара ново тло за да се разгорат - ќе направат пустош од ова човештво кое некако како да не знае кај оди...
