Улогата на Исламот во современиот свет

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Да не одиме оф-топик во темата за Албанскот прашање, тема за исламот :)

Според број на припадници, Исламската религија е на второ место во светот зад Христијанството според процените од 2020-та година. Бројот на христијани од сите деноминации бил 31,2%, а на муслимани 24,9%. Интересно, трети се нерелигиозните со 15,6% а следи Хинди со 15,2%.

Која и каква е улогата на исламот во современиот свет? Имајќи предвид се поголемиот раст на фундаментализам и фанатизам кај разните муслимански правци во последниве две децении, дали се работи за крајно ретроградна сила која има моќ да влијае на глобално ниво, па дури како што некои проценуваат да ја предизвика доминантната западна секуларна парадигма во светот?

Или како што други проценуваат, немањето на светска супер сила со доминантно исламско население е показател дека фундаменталниот ислам е хартиен Тигар кој може да влијае на настани само на многу ограничено локално ниво.

Трети се на став дека исламот воопшто не е религија туку идеологија која за цел има да воспостави глобална доминација преку разни форми на влијание, од демографска слика до етничко чистење.
Во тоа улога игра и влегувањето на најразвиените западни земји во декадентна cancel safe space фаза што погодува на ширењето на идеологија со јасно зацртани норми.

Краткиот вовед е поради моите крајно ограничени познавања, се надевам тоа нема да биде проблем да се разменат мислења на оваа актуелна тема. What is Islam`s End Game?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.660
Исламот како религија се разликува од другите стари религии како христијанство и јудаизам по тоа што во себе содржи правен закон: како да се управува со луѓето и други добра.
Шеријатскиот закон се труди државите да се темелат на „божествен закон“. Секако исламот касни 700 години после христијанството... секоја власт, од кој доаѓаше?
Робовите, што треба да прават? Да се потчинат на судбината? Која лага...

Целта на старитре религии е сите да бидат исто! Да те стават во калапот и каде е премногу, да се скрати... ако е малку, да е грешно итн итн...
Сето друго е зло. Но бидејќи отворено во светот не смеат да го зборуваат тоа, сето тоа се завиткува во убави зборови...
Ти, како имам, како авторитет, да тврдиш дека нечиј концепт за божественост во твојата философија и религија е само пророк - еден од многумината: ништо посебно ни со него ни без него - која може да е последната порака?
А претходно расправаш како и другото е добро... имај став: добри или не се добри старите религии? Дали го делат или не човештвото залудно, во името на боговите за некакви си конечни лични цели?

За мене последната порака е никој да не прифаќа ниту ислам ниту христијанство. Да ги лишиме од нивната огромна потреба да „бројат глави“ - колку верници имаат.
Тогаш, на што ќе им се сведат религиите? Мал фудбал...
 
H

Hyperion VI

Гостин
За да не ми удри бан модераторо,,пред сѐ,
Вие сте при здрава памет,кога го поставувате ова прашање?
Абе за какви мики маус прикаски ти отвараш дебати,буздованче,низаедно?
Муслиманите се од друг континент,крај приче.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.660
За да не ми удри бан модераторо,,пред сѐ,
Вие сте при здрава памет,кога го поставувате ова прашање?
Абе за какви мики маус прикаски ти отвараш дебати,буздованче,низаедно?
Муслиманите се од друг континент,крај приче.
Има и други теми од порано, кои го повлекуваат ова прашање во однос на исламот и другите религии...
Сите стари религии во сржта ја имаат идејата за „доминација“ - мноштвото да биде едно та исто.

Зар кај нив (исламот) нема „данок“ ако сакаш да си ја задржиш својата религија (се однесува на христијанство и јудаизам)?
Зборувам за држава која како правен закон го има шеријатскиот закон, кој што лежи на темелите на исламот...
 
H

Hyperion VI

Гостин
Зар кај нив (исламот) нема „данок“ ако сакаш да си ја задржиш својата религија (се однесува на христијанство и јудаизам)?
Ова беше некој обид за офтопичарење меѓу мене и Калехон,само заборавив да го тагнам.
А за данокот си потполно во право,дури во некои исламски држави даваат и субвенции за конверзија во ислам.
Не знам колку е тоа фер?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.627
Поени од реакции
11.660
Ова беше некој обид за офтопичарење меѓу мене и Калехон,само заборавив да го тагнам.
А за данокот си потполно во право,дури во некои исламски држави даваат и субвенции за конверзија во ислам.
Не знам колку е тоа фер?
Не знам за тоа... можеби сеуште го има она, како во време на Осмалниите на Балканот - ти нудат поволности, да не си роб, но не и слободен во султанатот, да имаш своја земја и куќа, со помал данок за плаќање ако од христијанство преминеш во ислам...

Тоа го имало порано...

Но денес, земји со предоминантно исламско население, мислам дека немаат потреба да го прават тоа... освен оние екстремни секти од исламот за кои сите се неверници кои или мора да умрат или мора да се муслимани. И тоа го има.

Но, треба да се разгледаат финансирањата од други држави кои се доминантно исламски земји (кои целат кон шеријатски закон) кон други земји, во облик на донации, книги итн итн... со која цел?
Да се прошири исламот... но зошто? :)
 
Последно уредено:
H

Hyperion VI

Гостин
екстремни секти од исламот за кои сите се неверници кои или мора да умрат или мора да се муслимани. И тоа го има.
Еве конкретно ќе посочам на Иран дека и ден денес го прави тоа,што ти претходно го спомна,кога се работи за олеснителни околности,во контекст на конверзијата во „ислам".
А сега ќе се јави некој сунит(тие шо се кај нас) и ќе напише дека Иран се шиити,а они се секта(лоши) и ја ќе се искључам уште претходно оти ја знам прогресијата
Па ќе падне серверот ;)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ако под современ свет мислиме на светот после формирањето на ООН со насоки, дефиниции, начела според кои постојат нешта како човекови права, слобода на говор, рамноправност помеѓу половите и слично, тогаш исламот нема иднина во тој свет и тој свет нема иднина во исламот.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Луѓе што имаат проблем да си најдат жена како и да се справат со жени...........се повеќе такви ги има што значи затоа се шири исламот. Од друга страна све аздисало. Верувам некој добро ги разбира сите овие случувања и си ја врти водата таму кај му одговара....мислам на владетелите со светот, а се по убеден сум дека најдобра религија за нив е исламот.
Оваа тема би била посоодветна, дали мислиш дека евидентната декаденција во која полека тоне западот е причина за конвертирање на луѓе во Ислам?
Зошто на владетелите би им била најдобра религија исламот?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Зошто на владетелите би им била најдобра религија исламот?
Пошто се најлесни за манипулација. Ако некој е доволно лековерен за да се преобрати во ислам, нема нешто што не може да направи. Исто како што се најлесни за манипулација и оние кои најмногу зависат од државата, афирмативната акција, задолжителниот диверзитет итн.
 
Тоа можеби е така, но освен државен декрет со кој цела популација би се конвертирала присилно не гледам начин како исламот би постанал доминантна религија во светот. Индивидуалното конвертирање е минорна бројка во целокупната слика.
Малку познат факт е дека конвертирањето од Ислам во христијанство во последните 20 години било рекордно. На илјадници лица кои живееле под чизмата на ИД во Сирија и Ирак им се одмилил исламот засекогаш па се префрлиле во христијанство.

Автоматски споено мислење:

За да не ми удри бан модераторо,,пред сѐ,
Вие сте при здрава памет,кога го поставувате ова прашање?
Абе за какви мики маус прикаски ти отвараш дебати,буздованче,низаедно?
Муслиманите се од друг континент,крај приче.
Шта муслимани мучениче јадан, па они су моралнији од ових наших говеџих атеиста. Наши само блеју а муслимани живе по божјем реду, можемо нешто научити од њих, па види колко је теократских држава код њих. Кад једном обновимо Душаново царство као теократију, нече се превише разликовати од шеријата.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Тоа можеби е така, но освен државен декрет со кој цела популација би се конвертирала присилно не гледам начин како исламот би постанал доминантна религија во светот. Индивидуалното конвертирање е минорна бројка во целокупната слика.
Малку познат факт е дека конвертирањето од Ислам во христијанство во последните 20 години било рекордно. На илјадници лица кои живееле под чизмата на ИД во Сирија и Ирак им се одмилил исламот засекогаш па се префрлиле во христијанство.

Затоа и не го цитирав делот со конверзијата, немам податоци за детално да зборуваме за тоа, можам само онака мислење да си кажам од тоа што гледам како исламот се групира со модерните глупости.

Има еден сабредит, томато некако не знам, за луѓе што го напуштиле исламот, па подоцна се вратиле и станале ептен посветени муслимани. Пробај да го најдеш некако преку r/exmuslim, има многу бљувотини за читање :D
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Затоа и не го цитирав делот со конверзијата, немам податоци за детално да зборуваме за тоа, можам само онака мислење да си кажам од тоа што гледам како исламот се групира со модерните глупости.

Има еден сабредит, томато некако не знам, за луѓе што го напуштиле исламот, па подоцна се вратиле и станале ептен посветени муслимани. Пробај да го најдеш некако преку r/exmuslim, има многу бљувотини за читање :D
Што е тоа сабрадит?
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Оваа тема би била посоодветна, дали мислиш дека евидентната декаденција во која полека тоне западот е причина за конвертирање на луѓе во Ислам?
Зошто на владетелите би им била најдобра религија исламот?
Едно да се разбереме, WW2 беше пред 80 год. Ако е ова декаденција што било тоа? Не одиме надоле....туку од увек сме не дното, само перцепцијата е различна. У зен стил би било вака: и светец и убиец се едно те исто.
Исламот е најбољи, затоа што има највеќе простор за модулирање. Од друга страна заврши потребата за паметни луѓе, АИ веќе измислува се што е потребно, за некоја година ќе сме потребни на земјинава кугла само гужва да правиме.
Исламот е таму кај што е заради доминацијата над жените од гледна точка на практикантите, додека од гледна точка на владетелите заради послушноста, и можноста за лесна команда покрај другото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom