Укинување на визите = иселување

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Заглавија визите во процедура кај ЕУ требаше годинава треба в година, највероватно наредната ќе биди или 2012 :baeh:.
 

zive_te

system a.d.m.i.n.........
Член од
9 април 2009
Мислења
386
Поени од реакции
4
Секако дека укинувањето на визите значи иселување , ама тоа е политика на државата таа треба да направи место за младите да не се иселуваат, а и земјите од европа се свесни за истото ние нема да бидеме првата држава што ке добие либерализација, така да имаат и они заштитни системи, бидејки и на нив не им одговара тоа
boldiranoto nema veza ma
toj so skal da se otseli i sea e otiden vo stranstvo.
nego ova viznava liberalizacija e dobro za nas ovde so ne planirame da idime, taka so nekoj % ce otide vo stransvto aj da receme 5% - 10% toa e dobro sto ovde posle toa ce ima rabota za site mn malu ce ima nevraboteni (samo tie so ne sakaat da rabotat) i so toa i standardot ce se podigne povisoki plati ce mora da davaat rabotodavacite bidejci ce pocnat da baraat rabotnici (ne kako sega imaat izbor da gi menavaat sekoj mesec) :toe: (neam vreme pojse da pisuvam ) prodolzuva
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И што стана со визите ќе ги симнуваат од 1ви или не?
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Ние сме чекор до остварувањето на визната либерализација ,но никако да го направиме последниот чекор, секогаш постои уште еден чекор до крајната цел... патување без визи ???
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Словенија ќе ни ги симне визите од 19 Декември.
Чисто само да ја поздравам одлуката :back:
Ајмо во Словенија :vozbud:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Да бидам искрен, иако бев премногу песимистички расположен кон ова прашање (и сеуште сум, но не толку), некако ми се чини дека ќе ни укинат визите...
Освен ако ИМЕТО во секунда до гласањето, не се испречи како услов...
А ако се укинат...ќе има доста со „црни печати“ после 3 месеца :)
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Тој што наумил да си оди,ќе си оди и пет визи ако треба ќе вади...А за безвизниов режим,мислам дека најдобро ќе ни се погоди за шетња по Балканов ако не подалеку...Шопинг во Бугарија,викенд во Романија...Ф1 трка во Унгарија мммм:)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Тој што наумил да си оди,ќе си оди и пет визи ако треба ќе вади...А за безвизниов режим,мислам дека најдобро ќе ни се погоди за шетња по Балканов ако не подалеку...Шопинг во Бугарија,викенд во Романија...Ф1 трка во Унгарија мммм:)
Токму така...
Нели, секој тргнува од себеси...
Мене би ми значело заштеда на некое евро за визи, и толку...исто и помалку планирање на секое патување...едноставно, седнам во коалта и одам некаде...
Мислам дека ќе зачестам во Бугарија :)
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Токму така...
Нели, секој тргнува од себеси...
Мене би ми значело заштеда на некое евро за визи, и толку...исто и помалку планирање на секое патување...едноставно, седнам во коалта и одам некаде...
Мислам дека ќе зачестам во Бугарија :)
Кој вика дека и Бугарија ќе ги укине визите за Македонците,тоа е посебна одлука на секоја од земјите во ЕУ,без разлика дали се во Шенген или не.Ете Словенија мисли дека може тоа да го направи уште пред 01.01.2010-та.Можеби Бугарите ќе ја чекаат 2013-та,ако не си побараме парче земја според еден одамнешен договор.:smir:
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Кој вика дека и Бугарија ќе ги укине визите за Македонците,тоа е посебна одлука на секоја од земјите во ЕУ,без разлика дали се во Шенген или не.Ете Словенија мисли дека може тоа да го направи уште пред 01.01.2010-та.Можеби Бугарите ќе ја чекаат 2013-та,ако не си побараме парче земја според еден одамнешен договор.:smir:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3059525&postcount=352
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
323
Поени од реакции
7
Од економска гледна точка ова со иселувањево, “туристичкиве патувања”, “шопинзиве” ― може само дополнително да ја погоди Македонија до среден рок. Може да биде почеток на големи промени кои за старт само ќе бидат логично продожение на сите негативни тенденции во државава потпомогнати од елементално неписмената власт. Но на долг рок, ако сме со ксмет нели, ова може да биде позитивно од аспект на конечно отворање кон глобалниот свет, реално кон светската економија и култура, добро за развивање деловни контакти и слободна соработка на широк пазар на труд, стоки и услуги итн. Тоа се разбира не мора безусловно да значи членство во ЕУ.

Тој што наумил да си оди,ќе си оди и пет визи ако треба ќе вади...А за безвизниов режим,мислам дека најдобро ќе ни се погоди за шетња по Балканов ако не подалеку...Шопинг во Бугарија,викенд во Романија...Ф1 трка во Унгарија мммм:)
Токму така...Нели, секој тргнува од себеси...Мене би ми значело заштеда на некое евро за визи, и толку...исто и помалку планирање на секое патување...едноставно, седнам во коалта и одам некаде...Мислам дека ќе зачестам во Бугарија :)
Е тоа велам, засега сето добри вести за да се изнеси некој девиз од државава, а камо вести за да се внеси мајката??? мммм...За три месеца после укинување доста девиз треба да излези одовде и доста жива популација.

Кој вика дека и Бугарија ќе ги укине визите за Македонците,тоа е посебна одлука на секоја од земјите во ЕУ,без разлика дали се во Шенген или не.Ете Словенија мисли дека може тоа да го направи уште пред 01.01.2010-та.Можеби Бугарите ќе ја чекаат 2013-та,ако не си побараме парче земја според еден одамнешен договор.:smir:
Абе какво парче земја под софиска управа, уште малку ако ни се погази правдата од врховниве случајни бандити че треба да си бараме парче татково земјиште и овде во Вардарска Македонија, бидејќи тоа е целта на секоја шпиунска власт која е доволно побогата да повелат понижен и ограбен народ: да покори народ и да одземи територија, што е точно она што некој постојано се обидува да го стори овде и за жал уништовајќи ја економијата на нацијата тој во тоа континуирано успева. За среќа имаме и добри не многу експонирани луѓе кои сеуште држат цврст фронт, иако е крајно време да се освести и цел народ па да станеме една нормална напредувачка земја на работливи и скржави граѓани.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Среќна Нова 91



Безвизниот режим се однесува на куси туристички или деловни патувања што траат најмногу 90 дена во период од шест месеци, а за подолг престој визите и понатаму остануваат во сила
Наближува првиот безвизен Божик за Македонија. Првпат по 1991 година, до кога македонските граѓани без визи патуваа во Европа со пасошите на тогашна Југославија, од 19 декември пак ќе може без визи да патуваат во земјите од шенген-зоната. Веќе ќе нема потреба од губење време, нерви и пари пред европските конзулати во Скопје. Европската процедура за ослободување од визниот режим, која трае веќе неколку години, конечно станува реалност. Комесарот за проширување Оли Рен завчера во Брисел со радост ја најави оваа перспектива.

- Советот на ЕУ и земјите-членки треба да одлучат кога точно либерализацијата ќе стапи во сила. Но наближува Божик, а околу Божик расположението е празнично - изјави тој по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ.

Сосема е реално да се очекува дека македонските граѓани од 19 декември ќе може без визи да патуваат во шенген-зоната.

- Одлична вест е тоа што веќе за овој католички Божик ќе може да патувате без визи - вели за „Дневник“, Тања Фајон, словенечка пратеничка што во Европскиот парламент (ЕП) ја доби задачата да известува за визниот режим.

Таа додава дека за Македонија, која одамна ги исполни условите, повеќе не постојат никакви пречки, додека на 10 ноември ќе биде донесена и одлуката за Србија и Црна Гора, од кои Европската комисија (ЕК) очекува дополнителни реформи. Но, Фајон се надева дека и за тие две земји визното ослободување ќе може да стапи во сила на 19 декември.


ВАДЕТЕ БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ

Словенката очекува дека во идната недела во Брисел, ЕП ќе и' даде силна поддршка на таа одлука и тоа за сите земји од Западен Балкан, со тоа што безвизниот режим ќе стапи во сила во декември за Македонија, Србија и за Црна Гора, додека за Босна и за Албанија таа перспектива се отвора во јули 2010 година.

Убавата вест вчера ја потврди и министерот за внатрешни работи на Австрија, Марија Фектер, која во Виена потпиша билатерални меморандуми за разбирање за јакнење на соработката во областа на безбедноста со македонскиот заменик-министер за внатрешни работи Џеват Бучи и министрите за внатрешни работи на Србија и Црна Гора, Ивица Дачиќ и Иван Брајовиќ.

- Одлуката за визна либерализација за Македонија, Србија и за Црна Гора министрите за внатрешни работи на ЕУ ќе ја донесат на идниот состанок кон крајот на ноември, односно во почетокот на декември - најави таа на прес-конференција.

Пред потпишувањето, Фектер рече дека министрите за внатрешни работи и за правда на ЕУ ќе имаат состанок на 30 ноември и на 1 декември, на кој ќе биде донесена одлука за укинување на визите и изрази уверување дека до тоа ќе дојде на таа седница.

За да може овој безвизен режим да функционира беспрекорно и да придонесе за европската безбедност, Македонија и нејзините соседи ја продолжуваат соработката. И понатаму ќе се интензивира соработката, меѓу другото, во борбата против трговијата со луѓе, наркотици, тероризам, екстремизам, корупција и други облици прекуграничен криминал.

Доколку немате биометриски пасош, подобро да не тргнувате на пат. Биометриските патни исправи беа основниот услов што Македонија мораше да го исполни за да се кандидира за безвизен режим. Оние што се' уште немаат биометриски пасоши, ќе биде подобро да извадат таква патна исправа за да се избегнат несакани ситуации или непријатности на граничните премини.

УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ

Безвизниот режим се однесува на куси туристички или деловни патувања што траат најмногу 90 дена во период од шест месеци, без оглед на тоа колку пати се влегува и излегува од шенген-зоната. Ако во ЕУ сакате да студирате, да работите или подолго да престојувате од некоја друга причина, визите и понатаму остануваат во сила. Во македонското Министерство за надворешни работи објаснуваат дека тоа е нормална процедура, која и Македонија ја применува за европските граѓани, кои за подолг престој мора да добијат виза.

- Визната либерализација не значи дека македонските граѓани ќе може во шенген-зоната да работат или да студираат. За таква цел граѓаните ќе мора претходно да си го решат статусот со добивање работна дозвола или виза за подолг престој во согласност со законите на конкретната земја-членка на ЕУ - изјави неодамна за „Дневник“, Сања Костовска од Центарот за истражување и креирање политики.

Ако и покрај вашиот биометриски пасош ви се случи да ве вратат од некоја европска граница, царинските служби на таа земја ќе мора да ви објаснат зошто не ви дозволуваат влез. Според шенгенските стандарди, царинските служби имаат дискреционо право да одбијат влез во една земја, но мора писмено да го објаснат одбивањето. Досега, на пример, на многу граѓани им се има случено да не добијат виза, ама европските конзулати немаа обврска да дадат објаснување за таквиот потег.

Освен валидната патна исправа, постојат извесни услови за влез во шенген-зоната. Граѓаните што ќе патуваат во земја за која не им треба виза, ќе треба да имаат доволно пари за целиот период на престојот. Иако не е задолжително, не е исклучено на граница да им побараат доказ колку пари имаат со себе или на сметка или дополнителни документи. Ова барање зависи од процената на граничните служби.

Според Костовска, тоа значи дека, на пример, за бизнис-патување може да се бара покана за учество на саем или за посета на некоја компанија, за туристичко патување покана од човекот каде што ќе се престојува или резервација за хотелско сместување во земјата во која се патува.

Таа додава дека не станува збор за стандардна процедура на граница, според која на секој патник ќе му бараат дополнителна документација за целта на патувањето и престојот, туку дека тоа е оставено како можност за дискрециска одлука и процена на граничните служби.

Другите услови предвидуваат патникот да нема забрана за влез во шенген-зоната, односно да не е на нивната црна листа и „да не претставува закана за внатрешната безбедност и јавниот ред, меѓународните односи и здравјето, за што во одредени ситуации се спроведуваат дополнителни проверки исклучиво врз индивидуална основа“.

Светлана Јовановска
Жана П. Божиновска

Во Грција со ливче?
Грција е членка на шенген-зоната, но поради спорот со името не ги признава македонските патни исправи. Таа земја од самиот почеток ја поддржува визната либерализација за Балканот, свесна дека поради визите многу граѓани се откажуваат од шопинг или летување во Грција. И по долги месеци визни преговори и процедури што ќе доведат до визно ослободување најверојатно на 19 декември, Грција се' уште нема одлучено како македонските граѓани ќе влегуваат во таа земја, со оглед на непризнавањето на патната исправа.

Најверојатното решение е посебен лист хартија на кој грчките цариници ќе ставаат печат за влез во земјата, но се' уште не се знае дали тој лист ќе се издава во грчките конзулати или на самата граница. Од Атина велат дека одлуката за тоа ќе биде донесена пред 19 декември.

Бугарија не е членка на шенген-зоната. Нејзиниот влез во ова друштво е планиран за 2011 година, но бугарските шенген-реформи одат бавно, па тоа би можело да биде одложено. Во бугарската амбасада, сепак, велат дека, штом ќе биде донесена одлуката за укинување на визите за Македонија на крајот на овој месец и Бугарија ќе ја применува, така што и кај овој сосед ќе можеме да патуваме повторно без визи.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Тој што наумил да си оди,ќе си оди и пет визи ако треба ќе вади...А за безвизниов режим,мислам дека најдобро ќе ни се погоди за шетња по Балканов ако не подалеку...Шопинг во Бугарија,викенд во Романија...Ф1 трка во Унгарија мммм:)
:eek:ftopic:

Не чини Хунгароринг, како прво далеку е 32 км од Будимпешта, пистата е неатрактивна, нечиста доста. За ефтино, ефтина е влезницата. Од искуство ова, често пати сум била да гледам Ф1 поради тоа што татко ми е болен по тој спорт. Од поблискиве би ти ја препорачала трката во Турција или па ако си навивач на Ферари, Монца е твојот храм :pipi:

Онтопик:

Требна ми е гејлада ако ми се отвори цела Европа. Се надевам дека баш тогаш никој нема да им стапне освен газотртачите кои секоја година им одат на одмор.
Кој бизнис се направи со биометрискиве пасоши. Сфаќам дека треба да ги смениме, цел свет сега има такви пасоши, само што пак ќе треба да вадиме нови ако го менуваат грбот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom