Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Орце Камчев се врати дома, но стаса само до македонското тло на граничниот премин Деве Баир. Утрово околу 6 часот го уапсила полицијата.
Намерата му била да оди на погреб кај братучед, но заглави кај истражниот судија, по што треба да му се одреди притвор од 30 дена. Толку му беше одредено уште кога пребега од Македонија.
Бизнисменот, како што самиот се нарекува, плејбој, како што го нарекуваа британските медиуми, човекот гонет за даночно затајување влезен во даночната пирамида.
Пазарната инспекција му откри 40.000 евра неевидентирана стока во магацините на „Орка холдинг“.
Орце Камчев во мај 2005-та призна дека дал 200.000 евра мито на човек близок до тогаш министерот Агрон Буџаку за да му даде атрактивен простор во центарот на Скопје.
Двајца вработени од неговата фирма беа приведени заради фалсификување на кредитни картички. Но ова не е се од биографијата на Камчев.
Неговото име се врти и во политичките кулоари. Близок до СДСМ, кои го кандидираа своевремено и за пратеник, не влезе во Парламентот, но се зближи со оние кои тогаш победија, ВМРО-ДПМНЕ, па во ноември 2002-ра одмораше во Кина со Љубчо Георгиевски и неговата свита.
Хари Костов му го расипа раатот. Кога беше министер за внатрешни обелодени даночно затајување преку пирамидален модел на 50-тина фирми ставени под една иста капа, сите роднински поврзани со Орце Камчев.
Работите му се усложнија кога почнаа првите апсења за даночната пирамида. Годинава во јули тој избега од државава.
До денеска го немаше, не се огласи и кога „Сандеј тајмс“ напиша дека е тајкун под истрага, обвинувајќи го лидерот на конзервативците Дејвид Камерун дека дозволил човек како Орце да му биде домаќин за време на престојот во Скопје.
Лондонскиот весник не заборави да напише дека Камчев двапати се разведе од иста жена, а неговата љубов му го претворила животот во сапунска серија.