Камчев со кауција пуштен од притвор
22.12.2005
Орце Камчев
Орце Камчев денеска напладне е пуштен од притвор со кауција од 60.000 евра. Вчера тој беше приведен од полицијата на граничниот премин Деве Баир по потерница распишана пред половина година поради вмешаност во даночната пирамида.
Против него се водат и истраги за нелегално повлекување на ДДВ и други даночни затајувања.