УСПЕШНА трансплантацијата на црниот дроб во Р.Македонија

L

.Lost Angel.

Гостин

Балканскиот херој ја победи болеста. 8 месечниот Давид, по трансплантацијата на црниот дроб успешно закрепнува на Детска хирургија. Дише без помош на апарати, и се храни како и секое бебе. Покрај лекарите, за да го спаси херојски подвиг направи неговата мајка. Му даде 20 проценти од нејзиниот црн дроб. 25 годишната Ивана не ни размислувала што ќе се случи со нејзе. Сакала само да и преживее првото дете. Нејзината пожртвуваност ја почувствувал и малиот Давид.
-Првите моменти кога се разбуди плачеше, сега веќе почнува да се жали, знае сестрите кога ќе влезат за некои испитувања да ме погледне и да се пожали дека го боцкаат, вели Ивана Митевска, мајка на Давид.
Скоро 2 месеци по операцијата, трае битката за опоравување на Давид. Тимот кој ја изврши првата ваква трансплантација на бебе во регионот деноноќно е покрај детето.
-Имаше потешкотии, но успеавме со целокупниот тим од Карил со 24 часовен мониторинг да го постигнеме тоа што сега го имаме, детето не е веќе приклучено на апарати, дише самостојно, вели д-р Љупчо Донев, шеф на детска анестезија во КАРИЛ.
-Успеавме да покажеме дека кога имате мотивиран тим на сестри, доктори, можете да се справите со се, како што е и и трансплантацијата , врвот во хирургијата, вели д-р Владимир Чадиковски, детска хирургија.
Детето е родено со мана на црниот дроб, која за кратко време предизвикала цироза. Доколку не се извршеше трансплантацијата, според лекарите ќе живеел уште само една недела. Но на радост на сите за 10 дена ќе ја напушти клиниката и ќе има нормално детство.
Александар Динев
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.653
Поени од реакции
35.247
Би сакала да имаме повеќе вакви животни стории со среќен крај,
Среќно душичке
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Чадиковски е еден од најдобрите млади доктори во државава.Се надевам ќе има уште такви како него кој со мерак си ја работат работата и прават од невозможно возможно. А на малечкото му посакувам долг и среќен живот :)
 
Член од
10 септември 2011
Мислења
23
Поени од реакции
30
Браво за екипата која го спасила животот на оваа мала душичка. Многу ми е мило на кога ќе прочитам некоја ваква сторија, пошто се загушив веќе од црни хроники во нашава банана држава...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Силување таму,убиство таме,незнампто ваму,па дајте луѓе бе,каде оди оваа држава.
Ме радуваат вакви вести,браво за хирурзите,а најголемо БРАВО за малиот Давид,сонце мало.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Браво за детенцево мало, вистински борец и тоа и мајка му. Само за вакви убави работи да слушаме во иднина.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Многу ми е мило кога гледам дека вакви врвни експерти има во Македонија. Треба да им се овозможи работа и развој на сите вакви луѓе во сите области.
И се најдобро за детенцето во иднина.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.771
Поени од реакции
8.794
Навистина се радувам на ваквите успеси. Ако не се лажам, Жан Митрев беше првиот хирург кој направи операција на срце со локална анестезија?
Многу ми е мило за малечково. Солзи ми дојдоа кога ја слушав мајката како се ,жалел, зошто го боцкале сестрите :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Навистина се радувам на ваквите успеси. Ако не се лажам, Жан Митрев беше првиот хирург кој направи операција на срце со локална анестезија?
Многу ми е мило за малечково. Солзи ми дојдоа кога ја слушав мајката како се ,жалел, зошто го боцкале сестрите :)
Митрев беше првиот во Македонија што правеше операција на отворено срце,т.е срце го држи во рака,тоа чука,а тој оперира ;)
 

Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
Damn, use edna edinka ke ja zagaduva okolinata narednive 80-ish godini...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Damn, use edna edinka ke ja zagaduva okolinata narednive 80-ish godini...
Ваљда нема да е ко тебе....

ОН:Секогаш мило ми е ваква вест да прочитам, злато во гнојот од (дез)информации за името и двете партии.
 

Sora_Dono

The 14th
Член од
22 октомври 2011
Мислења
129
Поени од реакции
35
Ваљда нема да е ко тебе....

ОН:Секогаш мило ми е ваква вест да прочитам, злато во гнојот од (дез)информации за името и двете партии.
Toa e tvoe mislenje, ja bas se nadevam deka ke bide ko mene, poso ondak nema da bide/saka da bide stetocina...
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.835
Поени од реакции
20.289
Вчера кога го гледав прилогот на вести дури се расплакав, сонце мало, баш ми е мило што се избориле, голема благодарност и до Д-р Чадиковски со целата екипа/тим заслужни за операцијата и за позитивниот исход од трансплатацијата, јас имав искуство едно со д-рот горе споменат навистина си е наместо и знае точно каде да ве упати, секоја чест за ваквите хирурзи дај боже да се зголемува нивниот број, и после оваа операција треба Министерството за здраство и Владата на РМ да го награди парично докторот, бидејќи кај нас мора да се нагласуваат ваквите искусни и стручни потези да служат за пример и за другите доктори и тие идните кои ќе се занимаваат со истата професија, се надевам на понатамошни успеси и безброј спасени детски животи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom