Туѓо мислење - голем товар и опсесија

Член од
29 декември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
26
многу ми смета туѓото мислење и ми претставува преголем товар..заради тоа бев во депресија која сеуште траи ..ми смета дуру и ако читам текст или ако гледам некој нешто да кажува на телевизија како треба да се живее и мислам така треба и ми смета..а да не зборувам па за мислењето на другите луѓе околу мене..и се си земам "здраво за готово" :S:S:..знам дека не е нормално ова шо го кажувам ама ми смета........ и ве молам ако можите помогнете ми со ваше мислење како да не обрнувам внимание на туѓото мислење и да не ми смета да не ми преставува товар..Благодарам однапред
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Едно вредно семејство имало само едно магаре. Кога мајката, таткото и детето се враќале од својата нива, детето го качиле на магарето за да не оди пеш.

Тогаш целото село зборувало „како не му е срам на детето да ги остави родителите кои цел ден работеле уште да си ги мачат нозете!“.

Другиот ден мајката се враќала на магарето, но тогаш луѓето во селото зборувале „како не ѝ е срам на мајката, не ѝ е жал детето да оди пешки?!“.

Следниот ден таткото се качил на магарето, ама тогаш целото село зборувало „како може маж да дозволи неговата уморна жена и дете да се влечат пеш покрај него!?“.

Четвртиот ден сите тројца се стиснале на магарето, а луѓето биле вџашени - „Па, како не им е жал за кутрото магаре?!“.

Следниот ден сите тројца се враќале пешки, крај магарето, а селаните им се смееле - „Што глупави луѓе! Си имаат магаре, а цел пат се мачат пешки!“.



Ама не де!
 
H

HoT IcE

Гостин
Не е страшно, тоа е фаза од животот на секој човек, некој ја проаѓа, некој останува заглавен во неа. Види, у животов неможеш да не го сметаш уопште туѓото мислење, безразлика дали е позитивно или негативно, целата поента е да научиш да влечеш поенти и да класифицираш добро, лошо и мислење кое треба да се игнорира. Конкретно нема начин за преку ноќ да станеш либерте од туѓи мислења, се дешава спонтатно, најубаво е да почнеш да кулираш и да сфатиш дека твоето мислење не треба да го криеш во себе, какво и да е, колку и да е апсурдно и смешно искажи го без страв од туѓи ставови. Почни да живееш за себе, и да го правиш она што го сакаш.
Претпоставувам дека си тинејџер од 14-16 години максимум, и на овие години и јас сум се чувствувал исто, не бери гајле, и немој да дозволиш да ти стане опсеија туѓото мислење, затоа што твојот живот е само твој, и никој не треба да ти посочи како да го живееш, го живееш онака како што сакаш ти. Еве ти добра серија за да видиш како треба да се игнорира туѓото мислење, Californication, Хенк е типичен пример за човек кој ужива у работите што ги прави и кој не се замара со туѓо мислење, да не ти ја раскажувам серијата, симни ја, изгледа ја, има многу поучни работи за животот ако знаеш да ги извлечеш поентите.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Едно вредно семејство имало само едно магаре. Кога мајката, таткото и детето се враќале од својата нива, детето го качиле на магарето за да не оди пеш.

Тогаш целото село зборувало „како не му е срам на детето да ги остави родителите кои цел ден работеле уште да си ги мачат нозете!“.

Другиот ден мајката се враќала на магарето, но тогаш луѓето во селото зборувале „како не ѝ е срам на мајката, не ѝ е жал детето да оди пешки?!“.

Следниот ден таткото се качил на магарето, ама тогаш целото село зборувало „како може маж да дозволи неговата уморна жена и дете да се влечат пеш покрај него!?“.

Четвртиот ден сите тројца се стиснале на магарето, а луѓето биле вџашени - „Па, како не им е жал за кутрото магаре?!“.

Следниот ден сите тројца се враќале пешки, крај магарето, а селаните им се смееле - „Што глупави луѓе! Си имаат магаре, а цел пат се мачат пешки!“.



Ама не де!
Наравоучение
На народ уста немоиш да затнеш:D
браво за поучнава приказна(y)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Заради ова си одел по психијатри, си паѓал во депресии, си сакал да се самоубиваш?
 
H

HoT IcE

Гостин
Епа јебига, мора да научиш да почитуваш туѓи ставови. Ако ги почитуваш не значи дека треба да се согласуваш со нив или веднаш да идеш контра. Едноставно игнорирај, ако ти смета, кој го ебе, тебе не ти смета, друга тактика нема. Неможе да си најпаметен и сите исто да мислиме, тогаш светот би бил досаден.
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
26
па едно време одев Јога ама не е за мене ...теретана почнав пак иако лесно губам мотивација упорен че бидам ..алкохол конзумирам не често ама знам да претерам ,има жени ама не редовен секс ако мислиш на то ...ама пак ми смета ..
--- надополнето: 4 април 2013 во 01:13 ---
HoT IcE
свајчам шо сакаш да ми кажиш знам дека е така ,ама работата е шо ми смета и се земам здраво за готово..и тешко ми е ако мислите дека е лесно и јас сакам ама то е ....
 
H

HoT IcE

Гостин
Стварно не знам како би ти помогнал, никад не сум бил у таква ситуација да сфаќам све здраво за готово. Колку можев ти пишав што знаев, натаму кој има искуство со таква ситуација.
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
26
фала фала сепак е од помош
--- надополнето: 4 април 2013 во 01:18 ---
серијава че ја гледам шо ми ја препорача
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Барајќи туѓо мислење, ние всушност го користиме искуството на други.
И тоа е добро... Зошто да нешто испитуваме на „ сопствена кожа “, ако можеме да искористиме туѓо искуство?
Посебно за позначајни одлуки треба да се уважи мислење на повеќе
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3
Поени од реакции
5
Дали некој од твоите родители ти наметнува премногу правила, мислење, став и не сакаш да го разочараш!? И дали поради родителите и партнерот/ката така се однесуваш и дали имаш навика да им се спротивставуваш? Дали си Јарец, Бик!? Ако во нешто се пронајдиш, до тоа е изгледа, премногу авторитетни родители, и премногу рогови! Опуштено само..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom