- Член од
- 13 февруари 2012
- Мислења
- 2.733
- Поени од реакции
- 1.226
Абе шо знам, ако земам да пишувам ќе треба да седам цела вечер. Не знам, се ми дојде така одеднаш. Учев една година во Софија. На крајот од првата година ми дијагностицираа рак Хоџкинова лимфома. Тоа беше како, последната капка. Си имав јас проблеми и пред тоа, но тоа како да помножи се по 100. Сега ми велат дека се е во ред, дека сум се излечил. Но човек не се лечи така. Физички можеби, но психички не е така лесно. Моите дома, за време на тој период не беа ама од најмала помош, се однесуваа како ништо да не ми е. Башка што имаше и некои глупави компликации на почетокот. Но никогаш не им велев не. Ќе одиш на лојзето - ќе одам. Ќе работиш (оти да се одсуствува од школо и да не се работи нешто е богохулие) - ќе работам. Ако можам да кажама примав се како маж. А тие не ми признаваа ништо и едвај чекаа јас пак да почнам на школо. Па полека бе луѓе, можеби јас не сум спремен за школо, можеби се уште не се чувствувам добро. Не бре, кој те шиша. Тие плус сакаа да одам на школо и додека примав хемотерапија, а сите знаеме што се дешава после хемотерапија - повраќање, болки глупости. Чиста среќа што докторите им кажаа дека не е убаво тоа да се прави.
Како и да е. Почнав да одам пак на школо во Софија, но проблемите со кои се соочував таму сега ми изгледаа многу многу потешки за совладување. Почнав да не одам на часови, само дремев во станот пред компјутер и се осеќав мнгоу глупаво - моите плаќаат еден куп пари за јас да учам а еве ме мене овде се заебавам пред компјутер. Ми стана глупаво, не можев да живеам јас така со себе си и затоа одлучив да посетам психијатар таму, во Софија. Жената беше добра ми препиша некои апчиња кои од првин делуваа многу добро но како времето минуваше, се помалку и помалку осеќав ефект од нив. На крај се одлучив да му кажам на татко ми да дојде и да поразговара со неа и таа му кажа за се што сме разговарале, се разбира со моја согласност. И да ви кажам за прв пат после долго време си помислив дека работите ќе станат подобри. И беа подобри некое време, но сега се е по старо.
Не знам, едноставно не ја гледам својата иднина на овој свет. Факултет нема да завршам, а мислата да седам тука ме депресира уште толку. Мајка ми ми се лути бидејќи не сум им правел муабет и вчера дури заплака пред мене. Ми се идеше да се џитнам од терасата.
Имам закажано уште еден преглед кај докторката во понеделник, и ако до тогај не се смени ништо, имам еден куп апчиња па ако тие не стигнат доле имам и апчиња од баба ми и дедо ми така да не планирам да не успеам повторно.
жал ми е за тоа што некој толку млад поминал низ тоа, ама ти не треба да го носиш товарот на твоите што не успеале во животот и што сега се истураат на тебе да те тераат да работиш
Школото тука е сега па и за 1 год и за 10 ке биде тука кај што е. Одмори се.
Цртај, пишувај....
Нека не те загрижува тоа што твоите трошат пари за тебе, а за кој друг би трошеле ако не за децата? Парите се за трошење а ти не си им товар, а ако ти мислеш дека не го заслужуваш тоа како нивно дете, тогаш еден ден кога ке работиш и кога ке заработиш свое ке им вратиш
Седни и поразговарај со твоите родители за тоа како се чувствуваш и што се ти иде на памет и дека поради нив ти носиш товар на себе па сигурно дека ти си им поважен од парите