Турција и Русија во битка за Македонија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088



ГОЛЕМА МАКЕДОНСКА РАЗУЗНАВАЧКА АКЦИЈА

Турција и Русија во битка за Македонија



Пан-славизмот и пан-османизмот на Балканот се прекршува над нашата држава, лоцирале нашите безбедносни служби и спроведуваат детална операција за откривање на финансиските текови, посебно на турските невладини организации во државава и нивните линкови со власта во Анкара. За разлика од Јасната намера на Русите на Балканот да направат граница со НАТО и ЕУ, македонските служби ги загрижува турската стратегија наречена ‘гео-култура’, со која ќе остварат свое влиЈание преку инфраструктурно и економско завладување со просторите што во минатото биле под Отоманската империја!
Во моментов на Балканот се случува судир на турските и руските интереси, а двете светски сили копјата ги кршат токму над Македонија, се вели во разузнавачките податоци до кои дојде ‘Публика’, а кои се поклопуваат и со општите светски проценки на врвните аналитичари.

Според шаховските потези на нивните лидери и истурените корпорации, Русите играат на картата на пан-славизмот и економски целат на освојување на просторите на Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Република Српска, Косовска Митровица, Источна Македонија и јужниот дел на Албанија. Од друга страна, пак, со силни инвестиции во Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Санџак - дел од Србија каде живее мнозинско муслиманско население и Република Македонија, Турците спроведуваат пан-османизам на Балканот или стратегија т.н. гео-култура, како нов начин со кој треба да го остварат своето влијание во државите каде има муслимани.

За заштита од наплив на сомнителни инвестиции во државава, пак, според нашите сознанија, веќе се подготвува формирање посебна служба во рамките на Советот за безбедност на Македонија, која ќе работи исклучиво на детекција на заканата од економски тероризам насочен кон нас!

По посетата на рускиот премиер Владимир Путин на Белград, аналитичарите тврдат дека е јасно оти Србија во иднина целосно ќе зависи од руските пари, но и од политичките одлуки на Москва, ако се знае дека Србите веќе почнаа да го трошат рускиот кредит од 800 милиони долари. Олигархиската екипа на Путин од 2007 година ја поседува Нафтената индустрија на Србија (НИС), додека гасниот гигант ‘Гаспром’, кој го освојува пазарот во Бугарија (каде Русија е партнер и во изградбата на нуклеарната централа Белене), Романија и Грција, ќе пенетрира и кај нас преку проектот Јужен тек.

Бензинските пумпи во Република Српска исто така ги поседуваат Русите, кои таму, но и во Србија, веќе имаат концесија на најголем дел од рудниците. На сето ова, Турците возвраќаат со обидот преку телефонската компанија ‘Туркцел’ да го купат мнозинскиот пакет во ‘Телеком Србија’, додека во банкарскиот систем се одамна влезени во Бугарија, Србија, Босна и Албанија. Во Македонија, пак, одамна функционира ‘Зираат Банка’, а од неодамна, нов газда на Извозно-кредитната (ИК) банка е турската ‘Халк Банка’, која е седма по големина во својата земја.

Најголема борба меѓу Русија и Турција се очекува за рудните богатства на Косово и во Македонија, со оглед на тоа што во новоформираната држава на Балканот се наоѓа едно од најголемите наоѓалишта за јаглен и минерали (во близина на градот Обилиќ), а и кај нас им се интересни неколку ‘копови’, од кои секако најпознат е Алшар. Иако тивко, низ Македонија с` повеќе се шират и бензиските станици на руската ‘Лукоил’.
Загрижува линкот на ИХХ со исламскиот радикализам

Но, голем проблем за светот сега е планот на 15 мај да исплови втората флотила на Фондацијата за човекови права и слободи и хуманитарна помош (ИХХ) од Турција, за помош на Палестинците во појасот Газа, токму на годишнината од настанот кога израелските специјалци го нападнаа хуманитарниот брод ‘Мави мармара’ и убија осуммина од хуманитарците, а другите ги заробија. Турската невладина организација сега повторно организира конвој, па сите стравуваат од нови инциденти.

Она со што во овој случај е поврзана Македонија е моментот што и во втората флотила, како и лани, се очекува да има наши граѓани. Колку за потсетување, во првиот конвој минатата година имаше и тројца Македонци, меѓу кои, според проценките на македонските разузнавачки служби бил и лидерот на интелектуалното крило на македонските вехабисти, Јасмин Реџепи.

Според разузнавачките анализи до кои дојдовме, основна дејност на турската невладина организација ИХХ, контролирана од Партијата на правдата на премиерот Реџеп Таип Ердоган, е преку инфраструктурните инвестиции да ги спроведуваат турските интереси ширум светот. Тоа треба да го направат преку контрола на коридорите, концесии на патиштата и пристаништата, вложувања во енергетиката, контрола на токовите на енергенсите во државите и пристапните точки - аеродромите, но и на нафтата, гасот и основните извори на енергија, како што се гео-термалните води и соларната енергија. Ако е познато дека концесионер на скопскиот и охридскиот аеродром е турскиот ТАВ, тогаш нивните цели се јасни.

Најголемите економски акции на џинот од Босфорот на таргетираните простори почнуваат од Агенцијата за меѓународна соработка и развој на Турција или скратено ТИКА. Оваа владина агенција за врвна цел ја има токму стратегиската заштита на спомениците на териториите каде во минатото се простирала Османлиската империја, но и регионите во странските држави каде живеат Турци или домицилно население исламизирано од Османлиите. Наместо со употреба на оружје, воспоставувањето нео-отоманска империја, современа Турција на чело со исламистот Ердоган го спроведува преку проектот наречен ‘гео-култура’, односно инфраструктурно и економско завладување со просторите што се наоѓаат на зелената трансверзала. Поради можноста од исламски радикализам, пак, за македонските тајни служби влегувањето на турските компании во земјава станува загрижувачко.

--- надополнето ---

ТИКА инвестира во инфраструктура, образование, џамии

Според разузнавачките податоци, ТИКА е влезена во Македонија преку неколку проекти, пред с` во Западна Македонија и во општината Боговиње, каде живеат околу 8.000 лица од турска националност, но и во Скопје, Штип и Битола. Државната агенција на Турција во оваа општина веќе инвестира во изградба на водовод, атмосферска канализација, инфраструктура и во проектот ‘чиста вода’.
Далеку посериозно е влијанието на Турција во Македонија преку образовниот процес. Како што е познато, колеџот ‘Јахја Кемал’ веќе осум години успешно функционира во државава, а свои школи има во скопската населба Бутел, во Струга и во Боговиње, места каде има турско малцинство или муслимани. Низ образовниот процес, домицилното население го изучува турскиот јазик, културата, обичаите итн., се создава класа луѓе кои преку турските или преку партиите на муслиманите во Македонија подоцна би влегле во политиката.
Премногу индикативно е и стационирањето на седиштето на Интернационалниот балкански универзитет од Турција токму во Скопје и тоа на Калето. Посебно што оваа високо-школска установа, од срцето на главниот град на Македонија ги диригира дисперзираните студии во Албанија, Бугарија, Србија и останатите наши соседи. Според нашите сознанија, македонските служби веќе трагаат по турските конекции на овој универзитет со преставници од владата во Анкара, со нивните финансиери и со неизбежната невладина организација ИХХ. Се бараат конекциите на извесен Метин Челил во Турција, но и, занимливо, на Бехуџидин Шехаби, директорот на Националниот конзерваторски центар во Скопје, кој е во бордот на претставници на турската фондација на универзитетот, а преку центарот е и предводник на реставрацијата на голем број џамии во Македонија.
Турција вложила пет милијарди евра на Балканот

Угледното интернет-издание за анализа на светските текови ‘Балкан инсајт’, неодамна излезе со интересен текст, поврзан со влијанието, вложувањата и намерите на Турција на Балканот. Во текстот насловен како ‘Турскиот шопинг на Балканот’, најпрво е наведено дека инвестирањето на Анкара во стратешки цели на Балканскиот полуостров има за цел да го зголеми своето економско и политичко влијание, притоа наведувајќи го менито што се наоѓа на турската листа.

Според она што се наведува во текстот, целата приказна започнува уште во 2001 година, кога тогашниот министер за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу, ги обелодени стратегиските интереси и глобалните амбиции на Анкара.

- Секој што се сомнева во таквите амбиции, најпрво треба да ја земе предвид геополитичката положба на Турција во светот. Турција е и европска и азиска. Се наоѓа и на Балканот и на Кавказ, но и на Блискиот Исток и е медитеранска земја - ќе порача првиот турски дипломат пред десет години.

Денес, според податоците на Светската банка, Турција е 17-та по големина економија на светот со бруто-домашен производ (БДП) од 617 милијарди американски долари!

- Турција е дефинитивно заинтересирана да инвестира во стратешките сектори на Балканот, како што се телекомуникациите и аеродромите. Ова е дел од нивната економска стратегија, со цел да доминираат во клучните економски сектори во овој дел од Европа - вели Фади Хакура, експерт за пристапување во ЕУ на Турција и член на лондонскиот тинк-тенк ‘Четам Хаус’. Исто така, минатата година, турско-американскиот конзорциум ‘Енка и Бехтел’ доби тендер вреден околу 700 милиони евра за изградба на нов автопат што ќе ги поврзува Косово со Албанија и Србија.

Сепак, клучното прашање е дали турското влијание го оддалечува Балканот, т.е. Србија, Босна, Македонија и Косово од Европската унија? Општо мислење е дека, с` додека официјална Анкара како клучна цел го има зачленувањето во ЕУ, тогаш ниту една земја што е нејзина економска цел не треба да се чувствува загрозена во тој поглед.

Официјалните податоци на турскиот Завод за статистика велат дека главните инвестиции на Турција се на Блискиот Исток, со оглед на тоа што вкупната трговија со земјите од овој регион изнесува 23,4 милијарди евра. Вкупниот извоз на Турците во балканските земји (Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Македонија, Србија, Хрватска, Босна, Црна Гора и Косово) е проценет на околу пет милијарди евра за минатата година. Додека некои тврдат дека интересот на Турција на Балканот го одразува обидот на Анкара да создаде алтернатива на членството во ЕУ, други веруваат дека Турција само ги гради своите постојни врски со регионот.

Според експертите со кои разговаравме, Македонија е коридор од стратешко значење на Балканот, па и во Југоисточна Европа, а интересот на Турција е токму воспоставување коридор и граница кон Европската унија. Доколку успее планот на министерот за надворешни рбаоти Ахмет Давутоглу, ништо не би ја спречило Турција и да си формира своја евроазиска унија, налик на ЕУ, за што говорат фактите за економската и стратешка соработка на Турција со Централна Азија и Блискиот Исток. Затоа Турција пенетрира во Либан, со цел да го оствари стратешкиот договор со Сирија, а тоа е намалување и постепено истиснување на иранското влијание во Либан и Ирак. Во извештајот објавен од страна на Европскиот институт за стабилно, независно и непрофитно истражување, во ноември минатата година, споредени се односите меѓу Турција и ЕУ, како еден вид католички брак, т.е. дека разводот не е опција. Авторите на извештајот предвидуваат дека дури доколку Турција и не ~ се приклучи на Унијата во наредните десет години, процесот на пристапување ќе биде во тек. Само прашање е дали тогаш двојката ќе биде среќна. Колку што ќе биде сигурно инкорпорирањето или подготвувањето за припојување на балканските земји кон ЕУ, толку ќе биде сигурно и обновувањето на односите меѓу Турција и нејзините поранешни Отомански територии.
Бобан НОНКОВИЌ
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Иванов на 15 април оди за Турција, па ќе го пречека Лавров
Колку е доведена до вжештување атмосферата за економско завладување на Турција и Русија со Македонија, говори и податокот што македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов за идниот месец подготвил агенда со која ќе ги удостои и двете земји. Според нашите сознанија, Иванов планира околу 15 април да ја посети Турција, каде негова главна цел е средбата со претставници на ‘Фондацијата Мармара’, каде членуваат 14-те најбогати турски бизнисмени. Иванов наводно ќе разговара за можните инвестиции на оваа групација која исто така ги одработува државните интереси во нашата земја.

Само пет дена подоцна, македонскиот претседател во Скопје ќе го пречека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Првиот руски дипломат во Македонија треба да пристигне со пакет бизнис-понуди за влез на руски компании.

Турските инвестиции на Балканот


Македонија: Турските инвестиции во земјава енормно се зголемија во последните пет години, истакна македонскиот министер за економија Фатмир Бесими, додавајќи дека очекува тие да растат во иднина. Клучни договори се давањето концесија на двата аеродрома во државава - во Скопје и Охрид - за следните 20 години на компанијата ‘ТАВ’, која презеде обврска да инвестира 200 милиони евра во аеродромската инфраструктура.

Албанија: По Италија и Грција, Турција е трет најголем инвеститор во оваа земја. Околу 80 турски компании веќе работат кај нашиот западен сосед. Турската компанија ‘Чалик’ има најзначајни инвестиции во Албанија, вклучувајќи го Албтелеком (фиксна и мобилна телефонија, интернет-провајдер), а во ‘БКТ’ ја има и втората најголема банка во земјата.

Босна: Турција е четврти најголем инвеститор зад Австрија, Словенија и Германија. Пред крајот на 2008 година, Турците купија 49 проценти од националниот авио-превозник ‘БиХ Ерлајнс’, но на државно ниво, Анкара и Сараево потпишаа голем број билатерални спогодби. До крајот на 2010 година вкупниот износ на турски инвестиции во Босна, според Агенцијата за странски инвестиции и промоција на БиХ достигна речиси 200 милиони евра.

Косово: За само две години, трговијата меѓу Турција и новоформираната држава исто така достигнува речиси 250 милиони евра. Во клучните турски инвестиции на Косово се смета договорот за добивање под концесија на 20 години на аеродромот во Приштина од страна на компанијата ‘Лимак’, изградба на клучниот автопат што ќе го поврзува Косово со Албанија и Србија и разни инвестиции во банкарството, осигурувањето и образованието.

Србија: Анкара и Белград потпишаа договор за слободна трговија во 2010 година. Три големи градежни компании од Турција, ‘Колин’, ‘Маквол’ и ‘Јуксел’ ќе градат дел од 445 километри долгиот автопат што ќе се протега од Белград до Бар (Црна Гора). Турски компании изразија интерес и за купување на задолжениот национален авио-превозник ‘ЈАТ Ервејз’.

Кои се „сомнителните“ турски НВО во земјава?

Во рамките на истражувањето на турскиот невладин сектор во Македонија, македонските безбедносни служби лоцирале неколку турски организации кои се безбедносно интереснои со своето делување. Тоа се:

- Сојуз на турски невладини организации на Македонија, Матуситеб - Скопје, претставувано од Сулејман Баки, организација без своја жиро-сметка.

- Здружение за заштита и унапредување на социјалната и културната положба на етничките заедници во Македонија, Мост-Копру - Гевгелија. но имаат и седиште во Скопје, претставувано од извесен Муртезан Фуркан.

- Хуманитарно добротворно здружение на Турците, Јени Хајат - Велес, каде како безбедносен таргет е споменато лицето Бесим Ахмедов.

- Хуманитарна организација Шефкат од Гостивар, предводена од Ерџан Чулез, но парите наводно ги префрлаат преку својата скопска експозитура

--- надополнето ---

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=54EF87A36B710A4BAE4BBFC285135A9B
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
И Русите работат на евроазиска унија каде мислам дека оваа или следната унија прават слободен економски пазар Русија, Казахстан, Белорусија, следната година влегува Украина, се планира за 3 до 4 години и Србија. Воедно тој сојуз поред економскиот дел ќе го обработува и безбедносниот и мислам дека тој сојуз е шанса за македонскиот народ кој 500 години пропати од оската османлии и англиската кралска фамилија со се европа во пакет.
Во тој сојуз ќе го немаме проблемот со идентитетот, името, исламизацијата итн итн, односно тие просеци ќе можат да се решаваат на соодветен начин.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Датум: 31.03.2011, 20:36

Турција со најголем економски пораст во Европа

Турција е лидер според економскиот растеж во Европа откако во последното тримесечје од 2010 година забележа пораст од 9,2 проценти, објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на податоци на Турскиот институт за статистика.

Во првото тримесечје од минатата година економскиот растеж на Турција бил подобрен од 11,8 на 12 проценти, во второто од 10,2 на 10,3 проценти, а во третото од 5,5 на 5,2 проценти се наведува во податоците на Институтот за статистика. Економскиот растеж на земјата во текот на цела 2010 година изнесува 8,9 проценти, покажуваат објавените податоци.

Телевизијата истакнува дека овој пораст е најголемиот на годишна основа од 2004 година. Турската економија во 2010 година била речиси 736 милијарди долари, а приходите на жител се зголемиле на 10.079 долари.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=868456174B90564F8A5EC4B19B993FA4

Турската економија со најголем раст во Европа

http://www.time.mk/read/b3c0346632/d5ad698fd6/index.html
 

slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Значи заради ова нас не преплавија со Турски серии :raz:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Това не е ништо ново. Тази политика ja имало и ке ja има. Русиja имала и се уште има интереси на Балканот, Турциja имала,но била запирана от бившите социалистически страни (и икономски и разузнавачки и секако). Днес работите са малце поразлични,но интересите и политиките са истите.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Македонскиот увоз во последните години е зависен од Турција.Царината на турски производи во земјава е 1%. Така фирмите се определија да ги заменат Германските производи со Турски. Главна предност е и близината на Турција и помалите трошоци за транспорт.Во однос на Русија увозно не сме зависни,но извозно се наши големи партнери и потрошувачи. Кога би гледале низ призмата на економија нас ни одговара зголемен извоз,а намален увоз. Турција енормно расте во последните години,произведуваат буквално се. Од нив увезуваме од памперс до руди. Кога овие стратегии би се покажале точни,јас немам ништо против да не завладеат економски овие две земји. Ма кој сака нека не завладее со инвестиции е добре дојден во оваа ситуација во која сме.
Со ова темпо на турците во земјава грците брзо ќе бидат истиснати како најголеми сопственици.Со тоа и нашата зависност од нивните пари. Но колку пари,толку музика.Некој ќе треба да научи добро да игра турски чочек.
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
Македонскиот увоз во последните години е зависен од Турција.Царината на турски производи во земјава е 1%. Така фирмите се определија да ги заменат Германските производи со Турски. Главна предност е и близината на Турција и помалите трошоци за транспорт.Во однос на Русија увозно не сме зависни,но извозно се наши големи партнери и потрошувачи. Кога би гледале низ призмата на економија нас ни одговара зголемен извоз,а намален увоз. Турција енормно расте во последните години,произведуваат буквално се. Од нив увезуваме од памперс до руди. Кога овие стратегии би се покажале точни,јас немам ништо против да не завладеат економски овие две земји. Ма кој сака нека не завладее со инвестиции е добре дојден во оваа ситуација во која сме.
Со ова темпо на турците во земјава грците брзо ќе бидат истиснати како најголеми сопственици.Со тоа и нашата зависност од нивните пари. Но колку пари,толку музика.Некој ќе треба да научи добро да игра турски чочек.
Имам забележано се зголемува побарувачката на луѓе кои знаат турски , се почесто има огласи од типот книговодител, сметководител со знаење на турски. Ама сеуште повеќе бараат со Германски познавање.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Имам забележано се зголемува побарувачката на луѓе кои знаат турски , се почесто има огласи од типот книговодител, сметководител со знаење на турски. Ама сеуште повеќе бараат со Германски познавање.
Турците се многу проширени во Германија.Работат на принцип - отварање на фирма во Германија и дистрибуција на производите од Турција под Германска фирма. Значи го користат само името на Германија,а си пласираат турски производи со понизок квалитет од германскиот.
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Турците се многу проширени во Германија.Работат на принцип - отварање на фирма во Германија и дистрибуција на производите од Турција под Германска фирма. Значи го користат само името на Германија,а си пласираат турски производи со понизок квалитет од германскиот.
E za tuka ne si vo pravo, zaradi toa ima EFTINA roba i SKAPA roba, i vo Turcija e taka,ako sakas eftina roba,ke kupis od na pazar, ako sakas kavlitetna roba,ke kupis od Ramstor,Sabanci itn, Turcija proizveduva i kvalitetna roba i po ednostavna roba,zavisi kolku e cenata, na balkanot, a posebno ovdeka vo siromasnata Makedonija, od sekogas se kupuvase robi od istanbulskite obicni pazari, i koga ne cinese nesto,aaaa turska roba vaka turska roba taka, abe skapani, pa nema nikade vo svetot i kvalitetno, i eftino, isto e i so kineskata roba, i tamu vo Kina, ima i kavlitetni proizvodi,i ne kvalitetni proizvodi, ama toa e druga rabota,nasite skapani biznismeni od Makedonija,sto plasiraat eftina roba od Kina i od Turcija, toa e drug muabet, da neka uvezuvaat slobodno,ama neka zemvat roba od prva klasa, a ne od vtora klasa..
Lani za ova imase i seminar vo Ohrid..
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
до вчера никој не не сакаше да не речам несакаа ни да се заинтересираат каде е македонија а камо ли друго... сеа од еднаш ОП почна да се тепаат за нас.. малку чудна оваа работа ми изгледа.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Македонскиот увоз во последните години е зависен од Турција.Царината на турски производи во земјава е 1%. Така фирмите се определија да ги заменат Германските производи со Турски. Главна предност е и близината на Турција и помалите трошоци за транспорт.Во однос на Русија увозно не сме зависни,но извозно се наши големи партнери и потрошувачи. Кога би гледале низ призмата на економија нас ни одговара зголемен извоз,а намален увоз. Турција енормно расте во последните години,произведуваат буквално се. Од нив увезуваме од памперс до руди. Кога овие стратегии би се покажале точни,јас немам ништо против да не завладеат економски овие две земји. Ма кој сака нека не завладее со инвестиции е добре дојден во оваа ситуација во која сме.
Со ова темпо на турците во земјава грците брзо ќе бидат истиснати како најголеми сопственици.Со тоа и нашата зависност од нивните пари. Но колку пари,толку музика.Некој ќе треба да научи добро да игра турски чочек.
Парите се денес тоа што мечот бил во Средниот Век.
Ако сите поголеми претпријатија се во рацете на турски компании,
Македонија нема да биде ништо повеќе од економска колонија на Турција.
Турција ќе го добива профитот, а Македонците ќе се обичи мравки-работници во нивните фабрики.
Економско ропство.
Знам дека странските инвестиции се нужно зло, не сум против,
но правилниот потег на Македонија би бил тие инвестиции да се разнообразат,
за да никоја странска држава не добие преголемо влијание.
Така се создава и конкуренција, која создава помали цени, подобри услуги.

Но, со нивото на корумпираност, на нашите политичари... :toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Парите се денес тоа што мечот бил во Средниот Век.
Ако сите поголеми претпријатија се во рацете на турски компании,
Македонија нема да биде ништо повеќе од економска колонија на Турција.
Турција ќе го добива профитот, а Македонците ќе се обичи мравки-работници во нивните фабрики.
Економско ропство.
Знам дека странските инвестиции се нужно зло, не сум против,
но правилниот потег на Македонија би бил тие инвестиции да се разнообразат,
за да никоја странска држава не добие преголемо влијание.
Така се создава и конкуренција, која создава помали цени, подобри услуги.

Но, со нивото на корумпираност, на нашите политичари... :toe:
Грците се најголеми инвеститори во Македонија,па ние уште се караме со нив. Би било интересно Турците да влезат во големите компании и да се соочат со грчкиот капитал.
Се разбира дека економски е најлесно да поробиш земја како нашава која е на ниво со афричките. Затоа и реков,колку пари толку музика. Грците од овде не си одат лесно,нека се залета и Турција со нивната стратегија,Австријците се исто така влијателни во економијата кај нас. Може да играме и на карта,економска продажба. Нешто слично како стратеигаја на Тито,врти се од таму каде што дува ветерот,кога нема веќе да дува смени позиција.
Но имаме проблем со прости и продадени души,очите ќе си ги извадат за едно евро.
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.323
Поени од реакции
1.162
Оваа вест е дозирана и инструирана точно од најголемата разузнавача сила на овие простори со кои апсолутно владее а тоа е САД.Во овие 20 години на нашата независност немаше ни еден збор во пишан медиум дека во Македонија некој е осомничен дека соработува со ЦИА,а инаку сите знаеме дека толкава "амбасада" американците немаат никаде на Балканот
Замислете,зарем е можно американците да немаат врбувано свои луѓе во нашата највисока политика без разлика дали од материјални или други мотиви.
И сега после нашата апсолутна ориентација кон западот се појавува статија за руски разузнавачки активности.
Ова е толку прозирно да и ќорав може да го види.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Јас на една тема спомнав во врска за Турција зашто не подржува нас само што многумина не веруваа во моите мислења и ме демантираа дека измислувам непромислени работи. Ќе кажам уште еднаш Турција не подржува зашто сака да го врати влијанието во Балканот како што било до пред 200 години, со помош на муслиманските заедници на Балканот. Ни се прават дека ни се најголеми пријатели, ја подржуваат финансиски македонската заедница во светот, но од друга страна имаат скриени планови за исламизација на Балканот. А за Русија не верувам дека ќе има големо влијание во Македонија зошто Русија повеќе се ориентира на Србија како што е спомнато во горниот текст.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom