Ja podrzuvam Turcija,,ama veke preteraa, i turcite stanaa ko izraelcite...
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Ubo velev porano i Turcija i Izrael se isti
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Borci za covekovi prava ne smeat da gi barat pravata vo ovie zemji ...
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
Palestincite imat problemi so Izrael, a kurdite imat problemi so Turcija, ovie zemji nonstop gi stolcat malcinstvata,duri i nadvor od granicite gi ubivaat,evo kako Turcija sto pravi so kurdite evo veke skoro 35 godini kurdite se likvidiraat,,,, nisto nisto, me razocaraa turcite,isti se ko izraelcite..
Ердоган: Ќе ја истребиме ПКК
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека нападите на курдските бунтовници се кукавички и дека Турција ќе се бори со нив до крај, се додека не бидат „истребени“, јави „Би-Би-Си“. - Нашата борба ќе продолжи се додека оваа терористичка организација не биде истребена. Нема да се повлече пред овој бран на насилство на бунтовниците - истакна Ердоган. Острата реторика на турскиот премиер доаѓа откако Курдската работничка партија (ПКК) во саботата изврши напад во провинцијата Хакари, на границата со Ирак, во кој беа убиени 11 турски војници, што претставува најкрвав напад на ПКК врз турските сили од април 2009 година, кога во сличен напад беа убиени девет турски војници. Турција одговори со испраќање турски специјалци и воени хеликоптери во северен Ирак, кои елиминираа 14 курдски бунтовници. При акцијата беа ранети и седум турски војници. Судирите на границата со Ирак меѓу турските сили и бунтовниците се интензивира откако Анкара во петокот соопшти дека од март досега турската армија успеала да елиминира 140 курдски бунтовници, додека на нејзина страна се убиени 43 војници. Аналитичарите велат дека последните крвави авантури на ПКК, целосно ја елиминираат мировната иницијатива на Анкара, која во последно време најави неколку чекори за подобрување на правата на Курдите во Турција. На сето ова се додава и неодамнешната изјава на затворениот лидер на ПКК, Абдула Очалан, кој истакна дека не постои ниту минимална надеж за дијалог на властите во Анкара со ПКК. Но, од друга страна, стручњаците предупредуваат дека со акција во северен Ирак и со неколку убиени бунтовници, нема да се уништи ПКК. Турција, која ПКК ја смета за терористичка организација, нема намера да преговара со бунтовниците. Во меѓувреме, со акциите во северен Ирак врз базите на ПКК, Турција е во конфликт и со ирачките власти. Анкара неколкупати претходно побара од регионалната курдистанска влада во северен Ирак да протера околу 2.000 борци на ПКК, кои се кријат на нејзина територија и напаѓаат цели во Турција, со цел да покаже иницијатива дека се дистанцира од активностите на оваа организација. Регионалните власти во Ирак го одбија ваквото барање. ПКК својата борба за независна курдска територија против турските власти ја почна во 1984 година, а досега загинаа повеќе од 40.000 луѓе. ПКК е прогласена за терористичка организација од страна на САД и на ЕУ.
Закана за турските градови
Курдската работничка партија (ПКК) се закани со извршување напади во сите турски градови доколку турската армија продолжи со акции против нивни членови.
- Турција сака да не вовлече во војна. Таа не е искрена за курдското прашање и не сака да го реши на мирен начин - изјави портпаролот на ПКК Ахмед Денис од Арбил, главен град на ирачкиот автономен регион Ирачки Курдистан.
Профил на ПКК
- Вооружената борба ја почна во 1984 година
- Ги напушти барањата за независна територија во 90–тите години на 20 век
- Бара поголема автономија за турските Курди
- Нејзиниот лидер Абдула Очалан беше уапсен во 1999 година
- Во 2004 година го наруши петгодишниот прекин на огнот
- Таа е терористичка организација за Турција, САД и за ЕУ
Експлозија во метро во Истанбул
Во двете експлозии што завчера вечер одекнаа од станицата на метрото на плоштадот Таксим во Истанбул, беа убиени најмалку три лица, а десетици се повредени, пренесуваат турските медиуми. Дваесетина од повредените се префрлени в болница, а петмина се во критична состојба.
Според првичните извештаи, патниците, кои биле во голем број, бегале од станицата на метрото од која излегувал густ чад. Се уште не е познато што ја предизвикало експлозијата и дали се работи за терористички напад.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=2049&ArticleID=143036