Турција врши притисоци на Косово за да се ревидира Отоманската Историја

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Косово е можно да ја ревидира отоманската историја


Враќајќи се на училиште овој месец, учениците во Косово може да видат некои промени на нивните часови по историја.

За време на неодамнешната посета на Приштина, турскиот министер за образование, Омер Динчер, побара владата да отстрани дел од историските учебници во врска со отоманското владеење во Косово.

Одговорот од Приштина беше брз. По состанокот минатиот месец, министерот за образование, Раме Буја, потврди дека е назначена специјална комисија која ќе направи одредени промени во книгите. Комисијата ја посети Турција и ги проверува историските факти, рече тој.
„Новите книги по историја во Косово ќе бидат достапни во текот на следната учебна година“, рече Буја.

Сепак, не се сите согласни со промените.
Aналитичарот Ндуе Укај вели дека историјата не може да се менува бидејќи фактите не можат да се изменуваат, дури и ако турското и косовското министерство го сакаат тоа.

„Турција мора да покаже поголема толерантност кон Албанците, да ги прифати историските факти и да се покае за уништувањата со бројните инвазии што ги им ги направиле на Албанците. Периодот на отоманската историја е тоа што е“, вели Укај.

Тој предупредува дека еден ваков потег може да им наштети на внатререлигиските односи меѓу Албанците. „Христијаните нема да прифатат никаков вид на отуѓување во историјата.“
Турскиот амбасадор во Косово, Сонѓул Озан, изјави за РТК дека проектот нема за цел да ја менува историјата.

„Со овој договор, намерата е идните генерации да ја учат [историјата] ... ослободени од пристрасност“, рече Озан.
Извршниот директор на Институтот за балканска политика, Себ Битичи, рече дека промената на историјата треба да се случи во име на науката.

„[Истата] е продуктивна ако се прави во име на академската ригорозност. Но, ако се прави за политички цели, ќе создаде нов конфликт и ќе ги искомпликува албанско-турските односи“, рече Битичи.
Олси Јазеџи, докторант кој го проучува албанскиот национализам, посочи дека многу земји во регионот ја промениле својата историска нарација.

„По падот на комунизмот, книгите во кои Западот е претставен како непријател се променија. [Учебниците беа исто така ревидирани] и по распадот на Југославија, кога меѓународната заедница побара [од земјите] да ги отстранат приказните на омраза кои произлегоа од конфликтите на Балканот“, објасни тој.

Јазеџи вели дека ревидирањето на историјата во Косово и Албанија е неопходно за да се исчистат книгите од комунистичката идеологија.

„Историјата на Отоманците прикажана на попозитивен и неконфронтирачки начин ќе ги направи Албанците да се чувствуваат поблиску до Турците, како резултат на заедничката религија што ја имаат“, тврди тој.

Косовскиот политички коментатор Фатлум Садику вели дека иако ревидирањето на историјата во врска со отоманскиот период е потребно, историчарите во Косово се исплашени да го сторат тоа.
Тој вели дека на Косово му треба сопствена историја, а не историја напишана во Тирана или Белград.

„Косово треба да има своја специфична историја, [ослободена од] митови ... и ослободена од сознанија навредливи за одредени периоди, и против некои нации.“

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/09/09/feature-03

Јас да бев во местото на Албанците не би се согласил со ова, и не би подклекнал на турските притисоци, , Историјата да се менува? Ма ајде бре...
Ама за жал очигледно е дека Косовските власти ќе подклекнат на Турските притисоци.
А пред две години и Хрватските книги за Отоманската Империја вака на прљав начин се промени заради турските притисоци.. А како што тргнало работите ништо не е чудо секаде да се промени.
Едноставно ова е против науката и историските факти.
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
И кај нас се промени де, зборовите како клети турци, ропство и некои други беа забранети во учебниците по историја под притисок на Турицја.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
па шо бе? нека ја менуваат...ние како ја сменивме енциклопедијата зашто не им се допаѓаше на едно 18% од населението плус големите западни сили
и на крајот на краиштата што историја има Косово?
само Косовската битка и продавањето органи у Швицарска
 
V

viktora

Гостин
Вистината останува врежана во потсвеста на луѓето,и без разлика и сите учебници да ги сменат вистината се префрла од колено на колено помеѓу луѓето.
Историјата НЕ може да се смени тоа е факт на балканов па кој колку и да сака тоа останува како тетоважа на кожа,останува за цел живот.Доказ сме ние Македонци.
Историјата не се менува таа останува,но затоа ИДНИНАТА може да се смени и да се подобри,што тоа го направија Турците за нас Македонците кои што ја признаа државата Македонија и македонската нација како посебни на балканов.И да не заборавиме дека ТУРЦИЈА и беше ГРБ на Македонија после независноста,кога Милошевич им предложи на Гејладиве за поделба на Македонија,кои се подразмислија како би реагирала Турција вотаква ситуАција
 
Член од
30 август 2008
Мислења
2.232
Поени од реакции
286
Nemase potreba da se otvori vakva tema, ahh more Realen od premnogu grcki provokacii ne znaes sto pravis...:tapp:

Grkomance malo

psss a okolu temata, normalno deka ke se proemni knigite, sve sto e anti tursko ke se promeni, a i ne samo vo Kosovo.. Vo Hrvatska i Makedonija veke se promeni nekoi raboti, makar sto potrebno e uste nekolku termini da se promeni,ama ajde nema veze..
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Nemase potreba da se otvori vakva tema, ahh more Realen od premnogu grcki provokacii ne znaes sto pravis...:tapp:
Grkomance malo
Зашто бе?Што лошо има да се продискутира един ваков потек на политика на Турциja? Интересно е дека това не е само во Косово, а и во други држави се наблудува со различни методи.
След като Турциja се определува како наследник на Отоманската империja,мора со се убаво, да приеме и негативното на тази држава. Това j е во наследство.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.133
Поени од реакции
18.131
Ме потсеќат ситуацијава на менувањето на топонимите и преселбите на населението во Егејска Македонија со немакедонско население.Мене ми е баш таа работа типичен пример за менување на историја, а не ова со книга.Како шо рече колегата погоре историјата ја менуваш на книга ,а во луѓето е запамтена!
Реален можда би знаел нешто за тие работи?
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
не верувам дека знае, грчките гејчиња не учат на школо такви работи, учат само како да ја фалсификуваат историјата, ништо повеќе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom