На буквата на буквата А
абдал - будала, глупак
абер - глас
аван - тава
авлија - домашен двор ограден со ѕид
ада - речен или езерски остров
азно - богатство
ајван - животно, добиче
ајвар - (тур hayvar) 1. осолена икра, 2. салата од печени мелени пиперки и црни патлиџани
ајгар - 1. млад нескопен коњ, пастув, 2. похотлив човек
акмак - глупак, будала
ал - отвореноцрвен, румен
алал - благослов, среќа
алат - прибор, се што е потребно за работа, особено за рачна работа, орудие
алва - вид ориентално благо од мед, шеќер, скробно брашно, масло и др
амајлија - предмет што суеверните луѓе го носат постојано со себе за да ги штити од зло, амулет, талисман
амал - носач
амам - турска бања со парење
аман - 1. милост, прошка, проштавање, 2. помош, сигурност
аманет - 1. препорака, закрила, безбедност, 2. доверба, чување, завет, светиња, 3. предмет што се дава на чување
амбар - зграда за сместување на жито
ан - гостилница комбинирана со ноќевалиште
арам - 1. грев, проклетство, 2. забрането, неповредливо во верски поглед
аргат - 1. наемен работник, 2. тој што работи тешка работа, кулучар
аргатлак - 1. наемна физичка работа, 2. фиг тешка работа воопшто
аскер - 1. војска, 2. војник
ат - коњ, обично пастув од благородна раса
атер - обѕир, љубов, наклоност, милост, ќеф