Колку ми е убаво.
Вчера, прекрасен беше. Ладно, ледено, мразулци висеа по ивиците на куќите, а јас и ти прегрнати и луди, мрзневме надвор. Очите ти светеа, не го одлепуваше погледот од мене, ме стискаше се посилно... Веќе беше доцна. Убаво ме изгњави, изгрицка и изгушка и ме остави дома. Заспав за миг.
Утро е, ладно, мрачно. Се тегнев во креветот, сама и со маки се обидував да ги одлепам клепките. Уште нерасонета, а веќе се осеќав лошо. Цело утро ги слушав по дома, место да зборат, тие комуницираат со дерење, наместо да ме остават да спијам, тие упорно сакаа да ме разбудат. Кој ли им е проблемот?
Не ме оставаат на мира. Синоќа толку се чувствува среќно, вљубено, исполнето. А, денес?
Се беше намуртено, времето, јас, сите. Облаците како прљави вреќи виснале, сонцето го немаше, а солзи имав по целото лице. Се осеќав страшно немоќно, бедно, потаната во море од бол, несреќа. Ме обземаа неубави мисли, срцето ќе ми експолодираше. Се обидував да си скријам солзите од мајка ми, да не ја види нелагодноста која ја чувствував, да не го пренесам моето нерасположение на неа. Толку правеше за сите, а толку малку добиваше. Колку ли само и е на неа тешко. Каква жена е тоа...
Неможам повеќе. Немам сили, немам мотив . Батериите ми беа наполно празни, немав желба да го разубавам денот, да излезам од дома, да те видам, да се смирам малку. Впрочем, не си ти должен да ме трпиш кога сум ваква, нели?
Помина речиси денов, а јас, не успеав да направам барем нешто за себе, нешто убаво, нешто корисно. Се што остана од овој ден е само овој безвреден текст и куп гнасни и мрачни мисли.
Отидов по полначот...