А парите?Го шрочитав целиот досегашен разговор и јасно ми е дека веќе случајот е решен.
Само сакам да разјаснам некои работи од правен аспект:
И да е по вина на поштата (украдена или загубена пратка) не можеш да ја тужиш поштата ТИ. Испраќачот, односно продавачот е сопственик на пратката (пакетот) до оној момент додека курирската служба (поштата) не ти ја предаде тебе (на купувачот). Од тие причини ти немаш никаков однос со поштата, нити пак е твоја работа да го бркаш курирот, тоа е законска обврска на продавачот и тој е правно легитимиран да поднесе тужба против поштата (тој е активно легитимирана странка, независно што поштарината ти е тебе наплатена).
Доколку, хипотетички, не ја добиеше пратката ти имаш однос со продавачот, а не со курирската служба, па дури и да имаш валиден тракинг број тебе во суд тоа ништо не ти значи. И да поднесеш ти тужба, истата ќе ти биде отфрлена и судот нема да решава по неа бидејќи не си активно легитимиран за поднесување на таква тужба.
Ако не ми е доставена пратката, продавачот не сака да ми ги врати, а јас не можам да тужам никој, значи купувачот го јаде стапот?