Трпе и Трпана

  • Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.554
Поени од реакции
22.315
Учителката по математика го прашува малиот Трпе.
- Колку се 4+4?
- 5 учителке!
- 4+4 , Трпе?
- 5 учителке!!!!
- Трпе ај размисли 4+4 колку се?
- 5 да ти eбам глувата!
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Учителката го прашува Tрпе:
- Трпе, научи да броиш?
- Да учителке, татко ми ме научи.
- Е, ај да видиме колку те научил. После три што оди?
- Четири.
- После шест?
- Седум.
- Браво, добро те научил татко ти. А после десет?
- Џандар, учителке.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.554
Поени од реакции
22.315
Трпе и Блажо со парите од грозјето заминале да ги посетат знаменитостите на градот Рим.
Кога влегле во Колосеумот, Трпе на Блажо му рекол:
Лелеее Блажо, колку е убаво!!!

Блажо: Вака изгледа фантастично, а замисли кога ќе го доизградат како ќе изгледа!
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Мајката го прашува Трпе:
- Зошто денес се врати подоцна од училиште?
- По последниот час сите си отишле, а мене никој не ме разбудил!
 

брицо

liverpool
Член од
22 мај 2009
Мислења
567
Поени од реакции
2
отишол трпе да лови риби и фатил златна риба
рибата:ако ме пуштиш ќе ти исполнам една желба
трпе: добро ќе те пуштам ама да мочам само виски да направиш
си оди трпе дома и и вика на жена му
трпе: жено дај две чаши
трпана: ама зошто ти се чаши кога нема ништо за пиење
трпе: мори дај ваму чаши и ќе видиш (и ги полни со виски)
утредента кога стануваат трпе и вика на трепанa
трпе: жено дај една чаша
трпана: а за мене виски
трпе: ти ќе пиеш од шишето
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.554
Поени од реакции
22.315
Ја оставил Трпе жената во Струга и отишол на печалба во Минхен. За брзо време направил многу пари,па ја викнал жена си да дојде кај него во Германија. Доаѓа Трпана и шетаат тие заедно низ Минхен, кога на Трпе некоја женска му се фрла во раце и почнува да го бацува. Си оди женската и Трпана прашува:

-Која е оваа бе?

-Швалерка. Сите што се дојдени на печалба овде,имаат пари и возат Мерцедес мора да имаат швалерка. Таков е обичајот.

Влегуваат тие во ресторан,седнуваат и гледа Трпана нивни пријател, Гоце од Струга, со женска на соседната маса.

-Која му е онаа на Гоце?

-Швалерка.

Ја одмерува Трпана швалерката на Гоце и коментира:

-Ха, нашата е поубава.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Трпе оди во банка и вели:
- Дајте ми пиво.
Госпоѓицата што седи на шалтер збунето:
- Господине, ова е банка.
- Знам де затоа идам, во продавница е две банки
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Учителката им задала задача на учениците да напишат како го поминале летниот распуст и една случка од истиот. Следниот ден го станала малиот Трпе да ја прочита домашната.
- Летниот распуст го поминав на село кај баба ми и дедо ми. Еден ден сечејќи дрва едно дрво скокна и силно ме удри по јајца порадишто солзи ми потекоа од очи.
Учителката го прекинала и му ракла да ја преработи домашната а случката да ја напише некако одоколу. Трпе така постапил и следниот ден пак ја чита домашната.
- Еден ден сечејќи дрва едно дрво скокна, врте околу куќа, околу плевна и толку силно ме удри по јајца поради што солзи ми потекоа од очите.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Му доаѓа инспекција на Трпе во дуќан. Влегува инспекторот во подрум и гледа котел за правење ракија.
- Ааа, Трпе, за ова мораш да платиш казна!
- Ама овој котел е уште од дедо ми и не го употребувам.
- Важно дека ја имаш справата, а дали ја употребуваш, твој проблем!
- Е, па зошто тогаш не добивам детски додаток?
- Затоа што немаш деца, Трпе.
- Да, ама ја имам справата.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.554
Поени од реакции
22.315
Трпе новинарот на улица прави анкета за сексуалниот живот на пензионерите и прашува еден дедо каков е неговиот сексуален живот, а тој одговара:
- Епа јас кога ќе станам од сабајле одам по леб и млеко, па го носам внучето во градинкка, па одам на пазар, па потоа го земам внучето од градинка, па одам да докупам уште нешто, па....
Новинарот го прекинува:
- Ама извинете јас ве прашав за сексуалниот живот, а не за...
- Е синко, денеска мене така ме ебаваат...
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Трпе и Трпана го гледале па телевизија изборот за Мис и Трпе рекол:
"Гледај, Трпано, оваа е како Мерцедес, а ти си како комбајн!"
Кога си легнале вечерта, Трпе ја прашал Трпана:
"Ќе сe погалиме ли малку?"
"Зар за една сламка да го палам комбајнот?"- одговорила Трпана.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.554
Поени од реакции
22.315
Трпе оди кај својот пријател доктор.
- Докторе, абе жената многу си ја сакам, ама некако не можам со неа да имам орелен секс, што да правам, што не е во ред со мене?
- Се е во ред со тебе Трпе, туку земи ти шеќер во прав, посопи ја, и ќе видиш колку ќе ти биде убаво, слаткоини, прсти ќе излижеш.
После некој ден ете го Трпе пак кај докторот, целиот потечен во очите.
- Што ти е бре црни Трпе?
- А бе се беше како кажа, слаткоини, ама кога ќе прднеше, тоа прав шеќерот се во очи ми одеше.
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
Трпе и Трпана се возеле во Титаник и капетанот рекол дека бродот ќе удри во Санта Мраз и дека ќе потони. Трпе почнал да плаче и Трпана го прашал зошто плачеш кога ние ќе се спасиме. Трпе и рекол:
- Абе види колку железо ќе пропадне.


:pos2::pos2::pos2:
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Трпе се вози во воз. Наспроти него седи постар човек. Одеднаш, крај левото уво на Трпе долетува плунка. Трпе се чуди и го гледа постариов човек како собира плунка и повторно плука, но сега крај неговото десно уво.
- Простете. - Се извинува постариов човек. - Но јас сум светски првак во прецизно плукање...
Трпе не вели ништо, само собира плувачка, плука и право на овој в лице.
-Ох, извинете. - Вели Трпе. - Јас сум само аматер...
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
- Види, Трпе, колку мојот син личи на мене!
- Нема врска, битно е да е здрав!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom