Господе, дај ми трпение... АМА ПОБРЗО!
Обично сум многу смирена личност, кога постои хармонија и кога ми се наредени работите под конец- како што јас сакам и кога нема нешто што ме мачи или што треба да го завршам ( не можам да седам мирна ако имам некоја недовршена работа, ако сум во исчекување на нешто итн. ), ама не дај боже некој нешто да пробува да смени. Одма реагирам, само интензитетот на викањето и мојата реакција зависи од големината на тоа што сакал да ја направи.
На пример, прв пат бев на лизгалиште завчера и еден морон ми го пресече патот и за малце ќе паднев и одма почнав да му викам ко кокошка некоја , ама кога ќе ми се спојат жичките... тоа е.
Секако, некогаш ако е ептен нешто ситно- се контролирам и го “прескокнувам“, ама мразам кога некој ми гази по нервите и во поголемиот број случаи веднаш кажувам за да можам мирно да спијам.