Трет мобилен оператор

Раскољников

Моделатор
Член од
15 март 2006
Мислења
167
Поени од реакции
1
Вчера чув на вести дека владата на МК ќе распишала конкурс за трет мобилен оператор, и дека, наводно, имало заинтересирано една компанија од МК, и, пази сеа ВОДАФОН... Дали е ова предизборен маркетиншки трик или па затоа што уште немаат добиено од дивидентата од Телеком, или пак е вистина (за што најискрено се надевам дека е), не знам, па би сакал некој ако има информации „блиски до владата“ да каже овде на форумов и (дај Боже) да не израдува...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.182
Поени од реакции
34.395
Искрено, ич не ми прави разлика дали ќе има уште еден оператор.
Што добивам со тоа? Цените сигурно нема да паднат, а за разлика од тоа сигурно ќе се намножи рекламниот простор во телевизиите и весниците со дебилски и преварантски реклами.
 

Crazy

PaRtY aNiMaL
Член од
16 февруари 2006
Мислења
684
Поени од реакции
4
Во секоја нормална држава со трет мобилен оператор би се надевале на пад на цените. Но, бидејќи и мрежата е во сопственост на Матав, треба другите да потпишуваат договор за интерконекција со нив, па они им бараат многу пари и се тоа се компензира со повисоки цени на услугите. Срање, нели?
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Баш пред два дена ја слушнав оваа информација на А1 вестите.


Мобител комуникации, македонска фирма со седиште во центарот на Скопје, сака да биде трет мобилен оператор.

Компанијата доставила барање за нотификација во Агенцијата за електронски комуникации, а следниот чекор е барање за радиофреквенции како последна алка кон стартот со работата во мобилната телефонија.
Но, од друга страна, се дознава и дека тајни преговори се водат во Владата за вклучување и на други фирми во овој вносен бизнис.
Во кабинетот на Бучковски на интензивни состаноци чести гости се домашни и странски бизнисмени кои сакаат да бидат конкуренција во мобилната телефонија.
Се споменуваат повеќе опции, но имиња не се откриваат. Најсериозната варијанта сепак е Мобител комуникации, велат нашите извори.
Според информациите на А1, зад Мобител комуникации стои моќен домашен бизнисмен кој за да го добие бизнисот со мобилната телефонија има логистика од познат светски бренд во телекомуникацискиот сектор.
Процедурата предвидува Агенцијата да распише тендер од каде ќе се бара третиот мобилен оператор.
Познавачите коментираат дека предизборието е незгоден период за власта да се впушта во потрага по нова телефонска компанија откако во својот мандат не успеа да го реализира ветувањето што го даде пред четири години.


www.a1.com.mk
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Link telekom е сигурно една од компаниите кои ќе влезат во трка за добивање на лиценца за трет мобилен оператор. Дали ќе оди под тоа име или под некое друго, воопшто не ми е познато, но познато е дека таа компанија е многу блиска до највисоките кругови на СДСМ и многу е веројатно дека таа компанија ќе биде третиот мобилен оператор во Македонија и дека има огромни апетити за добивање на ваква лиценца.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Neka se mnozat. Toa e najdobar nacin za konkurencija i za namaluvanje na cenite a zgolemuvanje na kvalitetot na uslugite.
 
B

BushMan

Гостин
Можно е да има 3 мобилен оператор, можеби ќе се намалат цените.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.680
Поени од реакции
4.803
i toa kako ke se namalat .. ja bi sakal da dojde vodafon ili orange
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Manga напиша:
i toa kako ke se namalat .. ja bi sakal da dojde vodafon ili orange
И јас би сакал тие да влезат, и би го додал one2one!
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
За Оранџ, тешко.
Барем според она што јас можам да го следам по медиумите тука. Иако можно е се, сепак не верувам дека Оранџ би се ставил у иста ситуација у каква што е баш сега. Оранџ е премногу распространет по мое мислење само во Швајцарија. Е сеа, она што би било најоптимално за Македонија е нормално оваков вид на компанија да победи на тендер, оти фирма како Оранџ не дава само телефонски услуги, туку и други бенефиции, нормално, за привлекување на муштерии, само што овие тоа го прават на малку пософистициран начин.
Е сеа, останува да се види кој ќе биде 3 оператор, ако воопшто има таков, но сепак, со овој потег, муштериите добиваат колку толку, оти у ваква конкуренција, цените мора малку да опаднат, сакале нејќеле.
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
Кој и да е само Македонци да не се, да се некои од страна одма ќе намалат цени. Македонците ќе ги остават исти
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
А зашто би се намалиле цените???
Све исто само више реклами
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
Mac)) напиша:
А зашто би се намалиле цените???
Све исто само више реклами
Економија изгледа не си учел :) Конкуренција up - Цени down
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
Не е лошо прво да им текне да доведат втор фиксен па после трет мобилен оператор.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Хехехе....сум учел јас...ам не се учи све у школо треба и малце пракса девојче...:)
Еве една лекција по економија...
ДА прерачунаме.Има два мобилни оператори кои имаат цени повисоки за (да речеме) 40 посто од тие во Енглеска и Германија.Доаѓа О2 во Македонија.И дали стварно ќе му се исплати да ги спушти цените кога нема потреба.Компанијата (О2 во случајов) ќе ги види другите цени и според нив ќе ги одреди своите (а не според тие во Германија)...значи цените ќе бидат (евентуално) за 1-2 денари поефтини од најголемиот конкурент (во случајот Мобимак)...Ако Мобимак за минута разговор наплаќаат 18,2 денари,О2 ќе наплаќаат 16,7 денари. (убава бројка...мислиш дека е 16 а уствари со ДДВ е 17 :)).Не се они будали да ги спуштат цените на ниво на Германија (8 денари) кога можат и вака...
За да привлечат нови корисници ќе имаат наградни игри,ќе даваат ефтини телефони со секој пост пејд пакет, можда ќе има бесплатни СМС месечно....Но цени рекордно паднати нема да има!!!
Нуф сед?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom