Моето неекспертско мислење (од 2017та ми е хоби и читам репорти, ама имам вложено помалку од тебе):
Браво за трудот и посветеноста во прочитаните книги. Со твоето портфолио ќе се гордее чичко Бафет и други фундаментални инвеститори, каде што целта е помал ризик и профитабилни компании.
Книгите шо ги прочита незнам колку се апликативни во последните 2-3 години (читај: не се). Оти се пишувани по логика во која маркетот е реален и цените кореспондират со фундаменталната вредност на фирмата. Тоа е последица кога само паметните и големи фондови тргуват со 90% од пазарот и се е математички пресметано.
Денеска е друго време. Секој втор има по 2 акции од тесла. „Ретаил“ типови како нас шо инвестират од дома не знаат да читат 10K и 10Q репорти. Битно е да се коцкаш и ретко кој знае со што се бави фирмата во која е акционер ниту го интересират квартални резултати. Во такво време паѓа во вода секоја логика ако мнозинството е такво. Ти имаш 1еур провизија на трансакција, некогаш не било така. Последица на тоа се Гејмстоп и Тесла. Тука секако има придонес и секој стимулус насекаде по светот заради короната, по логиката на
модерната монетарна теорија. Кварталните репорти јас ги разбирам како еден домаќински буџет, каде се објаснува моменталниот биланс. Има многу фактори и метрики шо варират и се различно важни во зависност од индустријата.
www.finviz.com е еден бесплатен сајт каде можеш да сретниш голем дел од нив. За први основи, Investopedia има добро дефинирани поими.
За сликовито објаснување во микроекономија го препорачувам
The Plain Bagel (Youtube), исто и
Economics Explained. Општо за макроекономија и инвестирање е многу познат
Бен Феликс.
Овој пост е насочен кон почетници, што ти веројатно не си. Кога веќе спомна за дивидендите, не знам како е во Германија, ама во мојата држава морам да ги пријавам веднаш во рок од една недела од исплата, за разлика од капитален профит што се пријавува еднаш годишно. Најбитен совет за сите е тоа: пријави и плати данок, да не си направиш уште поголем проблем. Прво прочитај како се даночат вакви добивки, после купувај.