Многу ме интересира кој побарал документи (домашната банка или Т212) и кои документи ги побарале. Јас никогаш не сум имал проблеми со повлекување средства од Т212.
Дали може некој кој има активен IBKR акаунт да ми каже на кој нивни сервис се регистриравте - на американскиот (.com), англискиот (.co.uk) или на ирскиот (.ie). Прашувам за регистрација на македонски резидент, со македонски пасош. Знам дека порано имаа точно упатство од кои земји кој сајт да се користи при регистрација, ама сега не можам да го најдам.
Здраво.Ме интересира дали некој користел Fortade Pro trader или Kapital Irs pro trader.Ми се јавија и ми кажаа дека ке ми дадат бонус од 100$ и неколку пати се јавуват па ме интересира ваше искуство.На нет најдов повеќе негативни критики
Дали може некој кој има активен IBKR акаунт да ми каже на кој нивни сервис се регистриравте - на американскиот (.com), англискиот (.co.uk) или на ирскиот (.ie). Прашувам за регистрација на македонски резидент, со македонски пасош. Знам дека порано имаа точно упатство од кои земји кој сајт да се користи при регистрација, ама сега не можам да го најдам.
Што мислите за https://seekingalpha.com/alpha-picks/subscribe?
Гледам дека се многу успешни споредено со SP500, иако работат само од 2022.
Бидејќи не сум финансиски образован, сакам некој да ми ги анализира компаниите, пред да решам да инвестирам.
Дали некој сака да споделиме претплата?
Дечки да ве прашам во врска со Trading212, кога евентуално треба да се плаќа данок, кога ќе се повлечат на македонската сметка или и да не се повлечат ќе треба сепак да се плаќа за реализираниот профит?

И за Trading212 и за која било друга платформа/брокер, треба да се плаќа данок за реализираниот профит во моментот кога ќе оствариш капитална добивка (ако не се поминати повеќе од 2 години). Кога ќе ги повлечеш парите на сметка нема никаква врска со плаќањето на данокот.
Дали може некој кој има активен IBKR акаунт да ми каже на кој нивни сервис се регистриравте - на американскиот (.com), англискиот (.co.uk) или на ирскиот (.ie). Прашувам за регистрација на македонски резидент, со македонски пасош. Знам дека порано имаа точно упатство од кои земји кој сајт да се користи при регистрација, ама сега не можам да го најдам.
Што мислите за https://seekingalpha.com/alpha-picks/subscribe?
Гледам дека се многу успешни споредено со SP500, иако работат само од 2022.
Бидејќи не сум финансиски образован, сакам некој да ми ги анализира компаниите, пред да решам да инвестирам.
Дали некој сака да споделиме претплата?
За анализи на акции имаш секаде по интернет, комбинирање на истите, и инфо кога да ги купиш/продадеш е проблемот. Е дали го нудат ова, не сум ги користел.
Под вакви сервиси јас подразбирам некој да ми праќа акции специјално за моето портфолио, дефинирам ризик, суми колку сакам да ставам секој месец, и ми праќа нотификација која акција да ја земам и во кој опсег. Или која да ја продавам.
Бидејќи основната анализа не е тешка, дури и самиот ибкр дава предвидување, тешко е следење на информациите и промените во тие фирми, одлуката кога да продаваш, и кои акции да ги задржиш за тој период.
Баш ме интересира мислење од некој што ги користи, дали само прават анализи на сите акции и бираат пикови на месечно ниво, или и добиваш акции специјално за твоето портфолио, т.е ти го менаџираат истото.
Еве ти пример од ибкр внатре, ова е за irobot (irbt):
И за Trading212 и за која било друга платформа/брокер, треба да се плаќа данок за реализираниот профит во моментот кога ќе оствариш капитална добивка (ако не се поминати повеќе од 2 години). Кога ќе ги повлечеш парите на сметка нема никаква врска со плаќањето на данокот.
PayPal (PYPL) моментално се тргува околу 59 долари.
Palo Alto Networks (PANW) моментално се тргува околу 280.
Salesforce (CRM) моментално околу 305
Мислам дека ако каматите почнат да одат надоле (по медиуми се очекува мај) овие имаат добра основа, интересни продукти и ме би се изненадил да отидат нагоре за 30-50% (рок 2-3 год).
elf Beauty Inc (ELF) моментално околу 200, овие ги купив на 190, ама се мислам да си докупам уште, за овој пазар нема рецесија
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.