Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Turkey’s minimum wage will be 8,500 Turkish lira in 2023 or $455 a month, Recep Tayyip Erdoğan said in televised remarks on Thursday. That is double the rate it was at the start of the year and 55 per cent higher than it has been since July.

Turkey’s central bank governor has said the minimum wage hike will not significantly impact inflation.

Ко би реко чуда да се десе!!!
 
Член од
22 август 2013
Мислења
19
Поени од реакции
18
Има некој од овде инсветирано во некој REIT (Амерички или Европски)?
 
Член од
24 декември 2020
Мислења
26
Поени од реакции
32
Има некој линк да сподели за повеќе инфо околу даночењето на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност што ќе почне сега од 1 јануари? (најмногу ме интересираат детали околу постапката на пријавување)

Исто така, во врска со продажбите кои ги правевме досега. Знам дека се ослободени од даночење, но сепак дали имаме обврска да ги пријавиме во ујп за евиденција, или ослободени се и од пријавување?
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
,,The Stock market shоuld NOT bottom until $AAPL is 60$ or less''

Еден ден ќе бидеме благодарни за тешкава кубура и ресетов шо ни се случува моментално. Ваква консталација на фактори и лајф тајм зделки се случуваат 2-3 пати во цел животен век.
 
Последно уредено:
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Има некој од овде инсветирано во некој REIT (Амерички или Европски)?
Што те интересира поконкретно?

Има некој линк да сподели за повеќе инфо околу даночењето на капиталните добивки од продажба на хартии од вредност што ќе почне сега од 1 јануари? (најмногу ме интересираат детали околу постапката на пријавување)

Исто така, во врска со продажбите кои ги правевме досега. Знам дека се ослободени од даночење, но сепак дали имаме обврска да ги пријавиме во ујп за евиденција, или ослободени се и од пријавување?
Ослободени се и од пријавување.
Како ќе биде после 1ви јануари 2023 не знам. Добивката секако мора да се пријавува, а загубата предпоставувам само ако сакаш да искористиш за пребивање на капитална добивка и мислам дека може да се пренесува со молба со таксена марка до 3 години, па може да правиш tax harvesting. Ако немаш ни добивка, ни загуба не знам дали воопшто треба да се пријавува.
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
Не знам дали има на форумов уште некој кој краткорочно трејда на странски берзи?

Јас трејдам и тоа посебно опции, ама согласно новата одредба од Законот за данок на личен доход која не дозволува пребивање на капиталните загуби со добивки веројатно од Нова година ќе биде неисплатливо.
Согласно оваа одредба ако на пример купам 2 опции, од кои на едната сум плус 1.100 Е, а на другата сум во загуба од 1.000 Е, на крај на годината на добивката од 1.100 Евра ќе треба да платам данок од 110 Евра.
Ако ми се ова 2 единствени трејда таа година, тогаш ќе имам вкупна капитална добивка пред оданочување од 100Е, а ќе платам данок од 110Е и по плаќањето на данокот ќе сум во загуба.

Веројатно одредбата е ставена со цел да се дестимулира инвестирањето во странство.

(1) Капитална загуба остварена од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во тековната година се пребива со капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во истата година.
 
dwa

Член од
19 февруари 2006
Мислења
2.233
Поени од реакции
349

Под пребивање јас мислам математиката треба да биде:

Добивка - загуба = профит/загуба
Или во твојов случај 1100-1000 = 100 профит
Плаќаш данок само на 100еу, барем јас вака го разбирам пребивањето.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Така функционира пребивањето, но во новиот член 62 од законот е потенцирано дека пребивање може да се прави само на загуби со добивки ВО ЗЕМЈАТА. Што значи дека за странски пазари НЕ се врши пребивање.

Види го членот од законот - наведено е дека
(1) Капитална загуба остварена од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во тековната година се пребива со капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во истата година.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Така функционира пребивањето, но во новиот член 62 од законот е потенцирано дека пребивање може да се прави само на загуби со добивки ВО ЗЕМЈАТА. Што значи дека за странски пазари НЕ се врши пребивање.

Види го членот од законот - наведено е дека
(1) Капитална загуба остварена од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во тековната година се пребива со капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во истата година.
Одредбата пак која се однесува на оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година, а кои ќе се оттуѓат во рок од две години од стекнувањето, останува и предвидено е годишно пресметување и плаќање на данокот, врз основа на решение од УЈП изготвено врз основа на извештај од Централниот депозитар за хартии од вредност, односно од Друштвата за управување со инвестициски фондови.

Недоречено е. Сигурно ќе допрецизираат со иста одредба и за тргување во странство. Пресметката ќе се докажува еднаш годишно а основа за пресметување на данокот е разликата помеѓу добивките и загубите - трошоци за трансакции.
 
Последно уредено:
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
Член 62
(1) Капитална загуба остварена со продажба на хартии од вредност се пребива со капиталните
добивки остварени со продажба на хартии од вредност.
(2) Ако и по извршеното пребивање, според став (1) на овој член, се појави капитална загуба,
вишокот се пренесува на идните капитални добивки во наредните три години

Одредбата пак која се однесува на оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд стекнати од 1 јануари 2023 година, а кои ќе се оттуѓат во рок од две години од стекнувањето, останува и предвидено е годишно пресметување и плаќање на данокот, врз основа на решение од УЈП изготвено врз основа на извештај од Централниот депозитар за хартии од вредност, односно од Друштвата за управување со инвестициски фондови.

Недоречено е. Сигурно ќе допрецизираат со иста одредба и за тргување во странство. Пресметката ќе се докажува еднаш годишно а основа за пресметување на данокот е разликата помеѓу добивките и загубите - трошоци за трансакции.
Citiras star clen 62, soglasno stariot prebivanjeto na zagubite so dobivkite se vrsese za site kapitalni dobivki/zagubi, a soglasno stav 2 mozese da se prenesuvaat zagubite vo slednite 3 godini.
Po noviot, se prebivaat samo zagubite/dobivkite od zemjata, ne se prenesuvaat zagubite za slednite 3 godini tuku se prebivaat samo na godisno nivo.

Еве ги еден до друг стариот и новиот член 62, се гледа дека намерно во став 1 е додаден делот “на берзата во земјата во тековната година“, а ставот 2 за пренесување на загубите во наредните три години е избришан.

Член 62 (во примена од 1.1.2023)​
(1) Капитална загуба остварена од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во тековната година се пребива со капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност на берзата во земјата во истата година.
(2) Капитална загуба остварена од продажба на удели во инвестициските фондови во земјата во тековната година се пребива со капиталните добивки остварени од продажба на уделите во инвестициските фондови во земјата во истата година.

Член 62 (во примена до 31.12.2022)
(1) Капитална загуба остварена со продажба на хартии од вредност се пребива со капиталните добивки остварени со продажба на хартии од вредност.
(2) Ако и по извршеното пребивање, според став (1) на овој член, се појави капитална загуба, вишокот се пренесува на идните капитални добивки во наредните три години.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
,,The Stock market shоuld NOT bottom until $AAPL is 60$ or less''

Еден ден ќе бидеме благодарни за тешкава кубура и ресетов шо ни се случува моментално. Ваква консталација на фактори и лајф тајм зделки се случуваат 2-3 пати во цел животен век.
1672074389739.png
 
CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Прашање/замолница за оние поискусните.

Што се однесува до "работа" со stocks на странски берзи, што би препорачале, дали да се иде:
  1. Преку "наши во Македонија" банки ?
  2. Преку препорачани/"проверни" трејдинг платформи?
    • Добро би дошла препорака за платформа од искуство итн...
Однапред благодарам
 
Почетнички, подобро е преку домашен брокер.
Pros: Посигурно делува
Cons: Ограничен си во спроведување на налози поради различноста во временските зони. Ограничен си со трејдинг на деривати.
Од странски брокери имашSaxo Bank,XTB и Interactive Brokers. Последниот е најкористен.

p.s слабо читаш
 
Најпрво ептен ти благодарам за одговорот.
Инаку за читање не дека не читам ама понекогаш премногу информации ми се по-проблематични, неможам да се снајдам што е добро а што лошо. :unsure:
Искрено, бидејќи сеуште сум rookie чувствувам дека ми недостасува самодоверба па насоки / совети како твојот ми се ептен добредојдени.

Благодарам уште еднаш
позз
 
Kajgana Shop

На врв Bottom