Трговците со возила бараат државна интервенција бидејќи немаат промет

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Дејан Азески

З
а повеќе од 50% е паднат прометот на автоплацевите во земјава во однос на 2010 година. Трговците со половни автомобили велат дека денес секоја втора кола е со налепница „Се продава“, а само на Интернет со месеци безуспешно се продаваат повеќе од 200.000 автомобили.
Законот нема да се менува

Од Министерството за економија велат дека засега нема промени на постоечката регулатива. Законот за увоз на возила стари до 16 години и со Еуро 2 еколошки стандарди беше донесен во март 2010 година и беше најавен како голем проект, кој потоа иницираше увоз на повеќе од 100.000 стари автомобили.

„Станува збор за владина мерка која треба да важи заклучно со 2015 година и засега нема ниту најави, ниту официјално барање до нас за предвремена промена на овој Закон“, велат од Министерството за економија.

Повеќе од пет години пратеничката Лилјана Поповска бара закон за воведување Еуро 4 еколошки стандарди за моторни возила. Овие стандарди се применети во земјите од Западна Европа, а генерално, ги исполнуваат возила произведени по 2005 година.

„Работата со донесувањето закон за Еуро 4 стандард едноставно е до никаде. Секоја влада се плаши од социјалниот момент дека оваа мерка ќе остави илјадници граѓани без превоз, но никој не ги гледа еколошката и економската страна на коцката - дека вака покрај тоа што ја унуштуваме околината, имаме и замрен пазар, како што се жалат трговците“, смета Поповска.
Според сопствениците на автоплацеви, создаден е маѓепсан круг, од кој без интервенција од државата не можат да излезат ниту тие, ниту импортерите на нови возила. Бизнисот на импортерите на нови возила од 2008 година е паднат за повеќе од 60%, а 2011 година беше најлоша за нив. Спасот го гледаат во воведување на нови повисоки еколошки стандарди за увоз на возила, односно измени на законот од март 2010 година, кој дозволува увоз на постари автомобили.
Џемо Мемедовски, сопственик на автоплац во центарот на Скопје, признава дека по само година и половина се соочуваат со голема криза.
„Нè снаоѓа истата судбина со импортерите на нови возила. Презаситеноста на пазарот едноставно ја задуши трговијата. Веќе никој наголемо не внесува возила во државава, а видливо е дека секоја втора кола на тротоар, на улица, во гаража се продава. Веќе и нам ни е јасно е дека Владата мора конечно да ја спроведе долго најавуваната мерка за ограничување на увозот на возила само на Еуро 4 стандарди, иако сме свесни дека со тоа ќе настрадаат некои трговци кои не успеале да ги продадат залихите. Но, ако продолжиме вака, старите возила во земјава, особено со најавените дополнителни поскапувања на бензинот, ќе почнат да се користат како старо железо“, вели Мемедовски.
И останатите трговци потврдуваат дека имаат пад на продажбата од 50% во однос на 2010 година, кога беше најголемата експанзија, и дека се движат кон состојба на целосно замирање на трговијата со возила.
Васко Василевски, сопственик на автоплацот Ентериер во Струмица, вели дека тоа што било пред година ипол веќе го нема.
„Имаме пад од 50% на продажбата во однос на март и на април 2010 година. Покрај тоа што пазарот е презаситен, едноставно нè убива тоа што секој за себе е трговец. Едноставно, секој и во секој момент ја продава сопствената кола и тоа не само што ги снижува цените, туку создава состојба која го замира пазарот. Мора да се интервенира од државата“, вели Василевски.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Линк море козо....
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Како да не, сега владава да интервенира...
Ко го пуштија законот овие трговците го поддржува и буквално секаков крш донесоја во државата. Значи самите се криви што е презаситен пазарот и никој друг. Е сега доста луѓе почнаа и сами да си носат коли по потреба ама и голем дел од населението веќе има кола, не може секој жител по 2 коли да има...

И ја сум постепено да се обнови возниот парк, да има построго критериуми ама не одма Еуро4, туку прво Еуро3, па после некој период Еуро4. Ама и тоа не го решава проблемот со презаситеноста пошто тие коли со Еуро2 веќе се во државата.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.934
Поени од реакции
8.572
И
Спасот го гледаат во воведување на нови повисоки еколошки стандарди за увоз на возила, односно измени на законот од март 2010 година, кој дозволува увоз на постари автомобили.
Џемо Мемедовски, сопственик на автоплац во центарот на Скопје, признава дека по само година и половина се соочуваат со голема криза.
И што сега? Треба јас да купувам "нова" (крш кола увезена од запад) на секоја 3 година, или пак мора за еден голф 3 повторно да плаќам 6000 евра (како што беше после пререгистрирањето на колите на бугарски таблички пред неколку години) за да може некој трговец да прави бизнис и тоа на мој грб (каде ми продава крш со враќани километри и ред други измами)?

Па кога не оди бизнисот смени го ебате!
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Ако им е, им е*ам циганите.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Презаситеноста на пазарот едноставно ја задуши трговијата.
Според ова што треба владата да направи, да ги откупи колите што сте ги увезиле. Смешки
Дај јас ќе увезам компјутери на големо ќе чекам 2 години ако не ми се продадат, државата ќе ми ги купи. Ако сите почнат така да прават каде ни е крајот. Се знае во бизнисот или ќе те биде или ќе пропадниш трето нема.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Кога БМВ 5 ке се продава по реална цена и вредност од 1500/1800 еу тогаш нека јадат трици не сега БМВ 5 купе 5000 евра па кој ги ебе нека им седат на плацевите.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Според ова што треба владата да направи, да ги откупи колите што сте ги увезиле. Смешки
Дај јас ќе увезам компјутери на големо ќе чекам 2 години ако не ми се продадат, државата ќе ми ги купи. Ако сите почнат така да прават каде ни е крајот. Се знае во бизнисот или ќе те биде или ќе пропадниш трето нема.
Тутунари, Пченкари, Лозари и Бостанџии баш тоа го сакаат ако може за нив Може и за Џемо од автопазар. :P
--- надополнето: 24 април 2012 во 16:08 ---
Кога БМВ 5 ке се продава по реална цена и вредност од 1500/1800 еу тогаш нека јадат трици не сега БМВ 5 купе 5000 евра па кој ги ебе нека им седат на плацевите.
Нема им буѓоса тутунот на прилепчани...И јас сум за тоа.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
да им се даде на трговците по 100.000 евра за почеток, да им се забрани интернет-пазарот на сите, да им се забрани на сите да си ги продаваат сопствените возила, да им се забрани на сите да си купуваат сами од германиите возила..море и субвенции за секоја продадена кола треба државата да им даде..
МОРЕ МОТИКИТЕ ВО РАЦЕ И ПО НИВИ АКО САКАТЕ ЛЕБ, кога заработувавте од подпросечно возило по 2000 евра од возило, можеби и данок плаќавте на таа заработка!??!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Во Америка ѓубрето што они го продаваат би идело за 200-500 долари.Кај нас по 3000 евра за крш ти бара чим го купиш за 1 недела ќе почне се да откажува.

Ако не им се продава сега за некоја недела пак ќе се одобри откуп на старо железо и нека идат нека продадат се таму.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Тутунари, Пченкари, Лозари и Бостанџии баш тоа го сакаат ако може за нив Може и за Џемо од автопазар. :P
--- надополнето: 24 април 2012 во 16:08 ---

Нема им буѓоса тутунот на прилепчани...И јас сум за тоа.
Козо не сери не споредувај тутунари со “ шверцери“ и прекупци, прилепчанецон тоа му единствен приход,врзан е со договори каде и на кого мора да му го продава тутунот, врзан е со квалитет,тој не може самиот или да се организираат во група па тие да произведуваат цигари и да ги извезуваат.
Додека Џемо од авто пазар,иде во Џерманија или Талија по огласи наоѓа некој опел, мерцедес,голф,за 300 / 500 /800 евра го носи овде и му лупа цена 3000 / 5000 / 10000 евра а давачките и царините кон државата треба самиот да си ги платиш,едноставно џемо сака со читање на огласи да спечали од 2500 до 8 000 евра, притоа и вика на козата ој будал неможе ти сам да си го носиш од џерманија за 1000 евра ауто ке га купуваш од мене за 5000 евро.
Епа козата ако е глупа нека купи од Џемо кола, и нека го дотира владата Џемо со по 5000 евра од возило.
Исти кур ти се и увозниците на нови возила, тие одат со заработка од 50 % епа кур мој што ке им дадам пари,боље ке возам крш од 80 / 90 година отколку на некој да му ги дадам парите а тој да си прчи кур.
И пази сега нај глупото нешто секој е продавач за самиот себе,па да го ебам да не сака да му го однесам него на авто плац и она да ми го откупи по цена него што му одговара а тој да го продава по таа него што му одговара ?
Епа нече мочи
 
Јас не гледам разлика меѓу Тутунар и Прекупец на Коли. И едни и други сакаат трудот непазарно да им се плати. И едни и други сакаат да крадат од народот. Едниот и другиот се арамии. И немој да го потценуваш Џемо се мучел швабски да збори, царина, шпедиција, возење 24 часа кола и тоа е труд исто како на нива.
Џемо бемве и Вељо Тутуно се исто срање арамии.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom