Стефус-Рефус
Jesus Loves Macedonia
- Член од
- 30 август 2009
- Мислења
- 3.452
- Поени од реакции
- 1.210
Дејан Азески
З
а повеќе од 50% е паднат прометот на автоплацевите во земјава во однос на 2010 година. Трговците со половни автомобили велат дека денес секоја втора кола е со налепница „Се продава“, а само на Интернет со месеци безуспешно се продаваат повеќе од 200.000 автомобили.Законот нема да се менува
Од Министерството за економија велат дека засега нема промени на постоечката регулатива. Законот за увоз на возила стари до 16 години и со Еуро 2 еколошки стандарди беше донесен во март 2010 година и беше најавен како голем проект, кој потоа иницираше увоз на повеќе од 100.000 стари автомобили.
„Станува збор за владина мерка која треба да важи заклучно со 2015 година и засега нема ниту најави, ниту официјално барање до нас за предвремена промена на овој Закон“, велат од Министерството за економија.
Повеќе од пет години пратеничката Лилјана Поповска бара закон за воведување Еуро 4 еколошки стандарди за моторни возила. Овие стандарди се применети во земјите од Западна Европа, а генерално, ги исполнуваат возила произведени по 2005 година.
„Работата со донесувањето закон за Еуро 4 стандард едноставно е до никаде. Секоја влада се плаши од социјалниот момент дека оваа мерка ќе остави илјадници граѓани без превоз, но никој не ги гледа еколошката и економската страна на коцката - дека вака покрај тоа што ја унуштуваме околината, имаме и замрен пазар, како што се жалат трговците“, смета Поповска.
Според сопствениците на автоплацеви, создаден е маѓепсан круг, од кој без интервенција од државата не можат да излезат ниту тие, ниту импортерите на нови возила. Бизнисот на импортерите на нови возила од 2008 година е паднат за повеќе од 60%, а 2011 година беше најлоша за нив. Спасот го гледаат во воведување на нови повисоки еколошки стандарди за увоз на возила, односно измени на законот од март 2010 година, кој дозволува увоз на постари автомобили.Од Министерството за економија велат дека засега нема промени на постоечката регулатива. Законот за увоз на возила стари до 16 години и со Еуро 2 еколошки стандарди беше донесен во март 2010 година и беше најавен како голем проект, кој потоа иницираше увоз на повеќе од 100.000 стари автомобили.
„Станува збор за владина мерка која треба да важи заклучно со 2015 година и засега нема ниту најави, ниту официјално барање до нас за предвремена промена на овој Закон“, велат од Министерството за економија.
Повеќе од пет години пратеничката Лилјана Поповска бара закон за воведување Еуро 4 еколошки стандарди за моторни возила. Овие стандарди се применети во земјите од Западна Европа, а генерално, ги исполнуваат возила произведени по 2005 година.
„Работата со донесувањето закон за Еуро 4 стандард едноставно е до никаде. Секоја влада се плаши од социјалниот момент дека оваа мерка ќе остави илјадници граѓани без превоз, но никој не ги гледа еколошката и економската страна на коцката - дека вака покрај тоа што ја унуштуваме околината, имаме и замрен пазар, како што се жалат трговците“, смета Поповска.
Џемо Мемедовски, сопственик на автоплац во центарот на Скопје, признава дека по само година и половина се соочуваат со голема криза.
„Нè снаоѓа истата судбина со импортерите на нови возила. Презаситеноста на пазарот едноставно ја задуши трговијата. Веќе никој наголемо не внесува возила во државава, а видливо е дека секоја втора кола на тротоар, на улица, во гаража се продава. Веќе и нам ни е јасно е дека Владата мора конечно да ја спроведе долго најавуваната мерка за ограничување на увозот на возила само на Еуро 4 стандарди, иако сме свесни дека со тоа ќе настрадаат некои трговци кои не успеале да ги продадат залихите. Но, ако продолжиме вака, старите возила во земјава, особено со најавените дополнителни поскапувања на бензинот, ќе почнат да се користат како старо железо“, вели Мемедовски.
И останатите трговци потврдуваат дека имаат пад на продажбата од 50% во однос на 2010 година, кога беше најголемата експанзија, и дека се движат кон состојба на целосно замирање на трговијата со возила.
Васко Василевски, сопственик на автоплацот Ентериер во Струмица, вели дека тоа што било пред година ипол веќе го нема.
„Имаме пад од 50% на продажбата во однос на март и на април 2010 година. Покрај тоа што пазарот е презаситен, едноставно нè убива тоа што секој за себе е трговец. Едноставно, секој и во секој момент ја продава сопствената кола и тоа не само што ги снижува цените, туку создава состојба која го замира пазарот. Мора да се интервенира од државата“, вели Василевски.