Трансакрипција на кирилицата

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Но дали треба руски, бугарски, српски имиња да се пренесат со оригиналните букви или не и зошто?
Не. Зашто да се пренесат? Тоа би било проширување на азбуката. Доволно е додадено во азбуката во 1945.
Но таков случај немаме, темата е транскрипција кирилица / кирилица. Обете се исто писмо во две варијанти. Или можеби не?
Имаш десетина верзии на кирилици.
На пример ако е КраЉево ние да не го преведуваме Кралево.
Немам забележано таков пример за Краљево. Можеби некој мк експерт пробал така да го среди. :) Можеби во руско пишување на името на градот, зашто 'е' во руската азбука е је. Тоа си го знаеш :)
Па не ли се задржува? Нема ваљда Ријека во Хрватска, да ја пишуваат Река (иако ова го прават во Словенија :facepalm:).
Затоа што Словенците Ријека ја сметаат за своја. (Види Zemljovid Slovenske dežele in pokrajin).
Исто како ние што го викаме Солун, а не Тесалоники.
Како ке биде по точно: Скопjе-Скопие-Skopye, Skopie и т.н.
Македонскиот јазик нема официјална латинична верзија. Т.е. Нема официјална транслитерација на МК јазик на латинично писмо.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Блу имаме латинична верзија на мк кирилицата. официјална.
колку што се сеќавам тоа се учи во 2 одд
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Блу имаме латинична верзија на мк кирилицата. официјална.
колку што се сеќавам тоа се учи во 2 одд
Точно, но сепак кириличното писмо е официјално, а латиничното (она кое го посочуваш) може да се користи само за транскрипција.
 
???? не си ми јасен, ...... ај да се разјасниме, дали исто збориме или сме на различни фрекфенции.
јас викам дека имаме официјална ВЕРЗИЈА на кирилицата во латиница. и како таква ја користиме.
или ти мислиш на тоа дека во лична карта тоа Ќ е кј? тоа е нешто што ме извади од такт кога видов на документи.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Блу имаме латинична верзија на мк кирилицата. официјална.
колку што се сеќавам тоа се учи во 2 одд
Цк. Македонскиот јазик нема латинична верзија. Тоа е наследство од СФРЈ. Како би можел човек од Хрватска да се снајди во Македонија?
По историја се учеше на времето дека сме Словени од зад Карпатите.
Да се самоцитирам од друга тема.
Македонска латиница не постои. Тоа е модел наследен од СФРЈ, кирилично и латинично писмо на српско-хрватскиот.
Во СФРЈ најголем број Македонци ги транслитерираа македонските кирилични букви со српско-хрватската латиница, и на тој начин ефикасно ги заобиколуваа сите меѓународни правила за транслитерација. На најголемиот број граѓани (интелектуалци, државни органи, фирми) им беше смешано тоа. Дури и на старите пасоши имаше користење на српско-хрватска латиница.
Денес на новите лични карти се користи овој систем:

Латиницата не е дел од македонскиот јазик зашто никогаш не била користена на оваа територија.

Сообраќајниов знак е доказ дека сеуште се користи таа форма.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.105
Поени од реакции
5.824
Транскрипцијата на Ќ во KJ e нешто најглупо на свет. Кога ќе отидам у странство нема да можат да ми го прочитаат презимето, ебате беља... :tapp: Добро што ставија опција на кој јазик сакаш од малцинствата да ти ги пишува името и презимето во пасош, па си одбрав да ми го пишува и на српска латиница.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
???? не си ми јасен, ...... ај да се разјасниме, дали исто збориме или сме на различни фрекфенции.
јас викам дека имаме официјална ВЕРЗИЈА на кирилицата во латиница. и како таква ја користиме.
или ти мислиш на тоа дека во лична карта тоа Ќ е кј? тоа е нешто што ме извади од такт кога видов на документи.
Не треба да те вади од такт. За она што ти го викаш се согласуваме, македонската латиница која се учи по училишта но која екстремно ретко се користи. Онаа латиница која се користи во документи не е македонската туку ги содржи само основните латинични знакови со цел интернационалните документи да се секаде читливи. Истата латиница (за документи нели) ја имаш и на кредитни картички нели?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Не треба да те вади од такт. За она што ти го викаш се согласуваме, македонската латиница која се учи по училишта но која екстремно ретко се користи. Онаа латиница која се користи во документи не е македонската туку ги содржи само основните латинични знакови со цел интернационалните документи да се секаде читливи. Истата латиница (за документи нели) ја имаш и на кредитни картички нели?
направена е калакурница со ова латиничните букви. само како пример, хрватите ги имаат Ш, Ж и ги користат во латинична форма. исто станува и за српското Ќ(ме мрзи да го барам оргиналното). ако се земе како основа тоа, тогаш многу лесно може да се направи и латиничната верзија на мкд кирилицата. разликата е во 2 или 3 букви (мкд Ќ, Ѕ, Џ) но и тие во основно школо имаат своја верзија.
така да на мислење сум дека некои неписмени се дрзнале да измислуваат нови правила. и тоа без некоја посебна цел, него .... онака им текнало. и сега оди снајди се.:confused:
Ќ=кј, Ѕ=дз(што е и ОК), али за Џ=дзх:confused:(пола азбука), или пак англиската варијанта за Ч и Ш.
комбинација од сваштарија.
не се сите азбуки(латиница) исти. германците имаат нешто што норвежаните немаат, или италијаните, но се научуваат тие букви. така и нашата не би била нешто посебно ако се практикува таа од школо.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
...хрватите ги имаат Ш, Ж и ги користат во латинична форма.
Хрватскиот јазик нема кирилица. Хрватскиот јазик ја користи латиницата. Знаеш дека имаше немири во Вуковар заради кирилицата. Хрватите ја мразат кирилицата. "Vukovar nikada neće biti вуковар".
разликата е во 2 или 3 букви (мкд Ќ, Ѕ, Џ) но и тие во основно школо имаат своја верзија.
Заборави ја латиницата од книжулето во второ одделение во 90тите. Таа латиница е сосема погрешна. Копија на латиничната верзија на српско-хрватскиот јазик.
Ќ=кј, Ѕ=дз(што е и ОК), али за Џ=дзх:confused:(пола азбука), или пак англиската варијанта за Ч и Ш.
комбинација од сваштарија.
Може да се користи и DJ за Џ, затоа што во бугарскиот јазик на пример Ж одговара J на латиница.
***
Проблемот е што нема официјална романизација на Македонскиот јазик, МВР користи една, образованието друга, народот си тера српска
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
64
Поени од реакции
48
Кирилицата не е создадена 1945, туку во 10тиот век, и тоа е оригиналната. Создадена е специфично за верно пресликување на гласовите на старословенскиот јазик, тогаш горе-доле единствен но веќе со дијлекти распортанет по огромна територија.

Денеска навистина има десетина верзии како што некој кажа, но дали нашата рецензија од 1945 ефективно го понштува претходниот стандард од кирилицата, односно забранува нивно користење за верен препис на туѓи словенски имиња?

Латиницата има 1000 верзии ако кирлицата има 10 да ги кажеме рецензии, но не верувам дека никоја од не ја поништува оргиналната латинска верзија (англиската - W), односно да забранува да се користат некои од оригиналните букви кои ги нема во таа рецензија. Работата е сосема аналогна и со нашата крилица.

Се извинувам, но македонците биле (искрено малубројно) писмени и пред 1945 година. Како се пишувани делата на Пулевски, Чуповски, Мисирков, Цепенков, Миладинови и безброј други интелектуалци ?
Кирилицата е наша историја, завештание од нашите предци, од светите словенски просветители и безбројните нивни следбеници. Таа врска со нашите корени.

Мислам дека ставот на ексклузија на старите вон модерно-стандардни букви само придонесува за своевидно оскатување на нашата кирилицата од нејзината оригинална моќ (да ги верно пренесе звуците на 50 тина гласа на старослвенскиот јазик) која го издржала тестот на времето 9века, придонесува за нејзината сегашна импотенција да ги пренесе оригиналната звучност на странските именки, во контекст на темата, именките од словенските јазици.

Конечно, правописот на македоннскиот јазик уште од првите резенции дава напаствија за транскрипција (или транслитерација ако сакате) од руски, и српски на пример, но никаде него забранува оригиналниот препис.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Транскрипцијата на Ќ во KJ e нешто најглупо на свет. Кога ќе отидам у странство нема да можат да ми го прочитаат презимето, ебате беља... :tapp: Добро што ставија опција на кој јазик сакаш од малцинствата да ти ги пишува името и презимето во пасош, па си одбрав да ми го пишува и на српска латиница.
Демек српската латиница знаат да ја читаат нели? Не треси глупости молим те. Цел српско хрватски систем кој се употребувал за наша транскрипција е затворен и непознат за американците и англичаните. Нема совршен систем но нај блиску до таквиот ќе биде некој што е составен од латинични букви кои ги има само во англискиот јазик а не тие буквите со квачила врз нив.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 09:25 ---
Проблемот е што нема официјална романизација на Македонскиот јазик, МВР користи една, образованието друга, народот си тера српска
Официјална е за жал таа во правописот што е напраена на база на српско хрватската но МВР од практични причини ја користи дијаграфската. (пасошките системи не прифаќаат букви што ги нема во англискиот јазик)
Како и да е се спрема нов правопис и тој ќе биде готов накај 2015, во него е 100% сигурно дека ќе биде сменет латиничниот систем за транскрипција на МК кирилица. Можеби ќе биде истиот од МВР можеби некој сосема втор или трет
 
Kajgana Shop

На врв Bottom