Трагедија: Почина познат македонски кошаркар на само 22 години!

Член од
11 јули 2008
Мислења
2.903
Поени од реакции
1.537
Не прашувајте од шо починал дечкото ако уопште не ве засега тоа. Не собирајте информации од форуми за да бидете најинформирани у маало и да распоприкажете насекаде. Сум бил у ситуација во која се сега неговите роднини и пријатели и во моментов највише ги болат прашања од типот „а, од шо?“ „а, како?“ и тоа особено од ликови кои немаат допирна точка со дечкото.

Сочуство до фамилијата и пријатели, нека почива во мир.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Генерација ми беше у средно, различни класови.

Почивај во мир друже.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.121
Поени од реакции
5.835
Не прашувајте од шо починал дечкото ако уопште не ве засега тоа. Не собирајте информации од форуми за да бидете најинформирани у маало и да распоприкажете насекаде. Сум бил у ситуација во која се сега неговите роднини и пријатели и во моментов највише ги болат прашања од типот „а, од шо?“ „а, како?“ и тоа особено од ликови кои немаат допирна точка со дечкото.

Сочуство до фамилијата и пријатели, нека почива во мир.
Никој не умира "туку-така" на 22 години.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.903
Поени од реакции
1.537
Никој не умира "туку-така" на 22 години.
А, кој кажа дека умира туку-така? И да има причина, и да нема тој шо треба да знае од шо е и како е ќе дознае тој шо не ќе прашува на форуми и ќе шпекулира. А, тој шо шпекулира нека се моли само да не го слушнат блиските на дечково, пошо може да попие батине.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.481
Поени од реакции
68.975
Знам дека е глупо да се прашува што е причината, но малце станува загрижувачки толку млади спортисти да ги загубат животите во последно време. Сите од ненадејна смрт (имаше и случај со 15 годишен кошаркар), воглавно на спиење...
Дали истата причина се јавува кај сите нив?
Да беше некоја друга држава, сигурно повеќе ќе истражеа новинарите.
Не заебавајте, алармантно станува како млади момчиња НЕНАДЕЈНО умираат без некои претходни проблеми...
Со оглед на тоа што повеќето се спортисти, нивно заедничко освен спортот е и одењето во теретана прептпоставувам.
Дали тренинзите поставени од тренерите предизвикуваат некои срцеви заболувања кај младите спортисти?
Во Македнија јавна тајна е дека 95% од тренерите поим немаат од поставување на тренинзи, па често прават тренинзи кои влијаат лошо врз младите спортисти. Мојот комшија како екс фудбалски тренер често знае да каже дека сегашните млади спортисти допрва ќе ги почувствуваат проблемите од тренинзите кои ги добиваат од моменталните тренери. Друга многу важна работа е што во Македонија повеќето спортисти (освен во подобрите тимови) имаат фалц лекарски прегледи и играат на свој ризик иако резултатите од лекарските прегледи не би биле позитивни за да се бават со спорт.
Зошто ја споменав теретаната?
Повеќето млади момчиња одат во теретана за да направат мускули притоа преоптеретувајќи се со неправилно вежбање, а многу често и со разни хемии само за да дојдат побрзо до целта. Да не правиме муабет дека после тоа ќе исконзумираат еден тон алкохол, а знаеме дека хемијата и алкохолот не се баш најдобра комбинација. Ова е чисто мое размислување, може врска ми нема муабетот со оглед на тоа што немам некои подлабоки познавања од медицината и спортот од аспект на тежината на тренинзите, ама многу ми се сомнителни овие зачестени случаеви.

Братучед ми беше фудбалер, но почина од леукемија на 22 години, другиот братучед тренираше рагби во Шведска и се товеше со протеини кога беше помлад, сега на 40 години има повремени многу тешки болки (нема да навлегувам што и како) како резултат на лудориите од младоста...

п.с. нека почива во мир дечково...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.335
Поени од реакции
28.192
Neka pociva vo mir... Mnogu tazno, tesko na semejstvoto...
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
^ Татко му почина коа бевме 3та година а мислам дека и мајка му починала кога бил 7мо одделение.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.990
Поени од реакции
35.870
Е не може на 22 години „онака“ да си умрел... Или имал некоја сообраќајка или некоја друга несреќа, или пак имал некоја тешка болест, но ако имал тешка болест немало он сеа да ја продолжува визата за Америка и со тоа да се замара туку ќе се борел за живот и ќе бил во болница...
Секако дека може. Што мислиш срцеви и мозочни удари само на постари се случуваат? Вчера почина 23 годишно момче на местото кај што си седеше , причина излив на мозокот. Здрав и прав.

Нека почиваат во мир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom