Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Многу пати го имам слушнато ова,а и неколку пати прочитано и низ форумов.
Значи дали е така? Дали работите кои не ги знаеме, кои ги крие партнерот од нас (без разлика дали е неверство, некоја крупна лага и слично) не не повредуваат? Дали е подобро некои работи партнерот да ги чува за себе (како на пример - некоја девојка/дечко му се припуштавал, флертувала со него) или сепак треба се да биде споделено меѓу партнерите?
Дали вие криете работи, т.е дали се водите според оваа реченица и дали ви се има случено да преќутите некоја ваква поголема и покрупна работа?
Дали преферирате партнерот да не ви кажува се? Дали пре би избрале да ве излажат и да ве преќутат отколку да дознаете што е навистина?
И на крај дали преферирате да имате навидум, надворешно совршена врска, со тоа што партнерот ќе крие работи од вас и ќе ви преќутува за неговите/нејзините излети или попрво би се одлучиле за сурова искреност која би значела тешка криза или евентуално крај на врската?
Значи во овој случај не станува збор вие да насетувате нешто па да се правите слепи,туку кога ве лажат,а вие не знаете за тоа.
Навистина,дали тоа што не го знаеме,нема да не боли и повреди?