Десетте најскапи женски чевли во 2005
Женските чевли никогаш не биле предмет на интересирање на поетите, но љубовта на Пепелашка дошла преку изгубениот чевел кој не го сменил обликот ни по полноќ. Чевлите на жената претставуваат радост за нејзините нозе и се предмет на фасцинација и митска моќ. Американските жени во периодот октомври 2004 - октомври 2005 година потрошиле речиси 17 милијарди долари за чевли, се наведува во податоците на НПД Груп, која се занимава со класификација на информации за потрошувачка.
1. -
Manolo Blahnik - $14.000 - Тоа се чизми од алигаторска кожа. Исклучителни за жени со долги нозе. Можете да ги најдете во бутикот на Маноло во Њујорк: West 54th Street, New York. За повеќе информации на телефон: (212) 582-3007.
2. -
Louis Vuitton - $4.500 - Луис првпат отворил работилница во Париз во 1854 година. Високи чизми со висока потпетица. Најново од колекцијата Есен/Зима 2005. Ако решите да им верувате на домашните продавници каде има женски чизми за 2.500 денари тогаш можете да купите 92 пара чизми во Скопје отколку овие. Ако не, тогаш:
www.louisvuitton.com.
3. -
Chanel - $ 2.875 - Безвремени чевли. Елегантни до “Титов Врв”. За секоја пригода - од обичен ручек до свадби и погреби. Непристојно да се споредуваат со било што така убави чевли.
www.chanel.com.
4. -
Ferragamo - $2.390 - Италијанскиот дизајнер Салваторе Ферагамо нуди малку поевтина варијанта за елегантни чевли за сезоната Пролет/Лето 2006. Внимавајте на бојата на лакот за нокти. Исто така од алигаторска кожа. Може и нарачки за поевтина цена ама од кожа од ној за само $865.
www.ferragamo.com.
5. -
Roger Vivier - $2.195 - Можеби најелегантните чевли на оваа топ-листа. Црна боја како ноќ во Африка. И црна ружа од сатен на нив. Ќе ви недостига само насмевка на лицето за целосно уживање од воодушевувањето на партнерот.
www.rogervivier.com.
6. -
Jimmy Choo - $1.750 - Филозофијата на креаторот е дека вистинските чевли и чанта значат повеќе отколку облеката и накитот. Модерно црвени од алигаторска кожа. За тие пари во Скопје ќе можете да одите на вечера четири лица 7,5 пати месечно во следните 12 месеци. Во Дојран и Богданци- двојно повеќе.
www.jimmychoo.com.
7. -
Louis Vuitton - $1.380 - Овој креатор уште еднаш на оваа топ-листа. Очигледно знае што прави. Овојпат високи чизми со долг патент од страна. Не се за шетање со куче помало од саксија за темјанушки.
8. -
Gucci - $1.250 - Еден од најпосакуваните италијански брендови. Длабока чизма ама не е за шетање на снег во Маврово оти има висока потпетица. Бојата е темно-виолетова. Цената е колку 638 ДВД филмови од пазарче во Македонија.
www.gucci.com.
9. -
Bottega Veneta - $1.140 - Единствени чевли во оваа класификација направени од змиска кожа. Грациозни и вредни за парите само ако се откажете од 'храна и превоз' во следните 20 месеци.
www.bottegaveneta.com.
10. -
Escada - $995 - Лесни, светло розови сандали и што е најважно - под илјада долари. Интересен дизајн за сезоната Пролет/Лето 2006 година. Вредни за матурски поклон.
www.escada.com.