HEATHY
BARCA!
- Член од
- 21 јуни 2009
- Мислења
- 1.231
- Поени од реакции
- 154
Тиквешкиот гроздобер претставува еден вид продолжение на една долга и богата традиција, која на овие простори се одржувала во времето на античка Македонија, кога во чест на богот на грозјето и на виното Дионис, биле одржувани т.н. "Дионисови денови". На овие свечености на кои присуствувало целото население (и слободните граѓани и робовите), се јадело, се пиело и се веселело неколку дена.
Старите Римјани во чест на богот Бахус, двапати во годината ги одржувале т.н. "Баханалии", денови на грозјето и на виното, на кои се славел богот Бахус. Бидејќи овие пијанки преминувале во општи тепачки, тривијалности и вулгарности, истите биле забранети во 186 година.
Лозарството и производството на грозје на овие простори има длабоки корени и богата традиција. Античките Македонци и старите Римјани со голема љубов и умешност ја развиле и ја одгледувале оваа култура во овие краишта, за што сведочат многубројните надгробни стели, камена пластика и мозаици на бројните археолошки локалитети.
Лозарството продолжило да се развива и во средниот век, а главни негови центри биле црковните и манастирските имоти, каде што се приготвувало и најубавото вино.
Со доаѓењето на Турците и нивните освојувања на овој дел од Македонија во извесна мерка стагнира лозарството, бидејќи со Коранот била забранета употребата на алкохолни пијалоци.
Денес Кавадарци може да се пофали со констатацијата дека е најголем производител на грозје и на вино во Р. Македонија, и еден од поголемите производители на Балканскиот Полуостров. Токму тоа и беше основниот предизвик на општинското раководство на Кавадарци во 1964 год. да го организира првиот Тиквешки гроздобер, манифестација која имаше културен, туристички и стопански карактер.
Оваа година од 04.09.2009 до 07.09.2009 ќе се одржи традиционалниот гроздобер/карневал. За разлика од минатите години оваа година карневалот ќе биде во 19 часот навечер. Се очекува да биде спектакуларно со многу огномент, како и со настап на многу познати македонски естрадни уметници. Се најавуваат многу гости од странство. Секоја година Кавадарци има многу туристи од секој дел од Македонија како и од странство, очекуваме и оваа година да биде така
РЕКЛАМА ЗА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР 2009
Програмата ќе се одвива во следните денови со следните содржини:
ЧEТВРТОК-30.09.2009
21.00 часот Најава на Тиквешки гроздобер со театарска претстава "ЦСИ ПД" (Комедија)-Локација Дом на Култура Иван Мазов Климе
ПЕТОК-04.09.2009
12:00 часот Свечено отварање на Тиквешки Гроздобер (локација Музеј Галерија Кавадарци-"Постојана Етнолошка поставка" ) а вооедно отворање на новите простории на Музеј Галеријата
19:00 часот Отварање на Вински Боемски фестивал (локација Мало Паркче)
Обраќање на Градоначалникот Г-дин Александар Панов до присутните гости и претставниците на винариите од Тиквешкиот регион
Настап на Марјан Коцев
Фолклорно друштво Кавадарци
Настап на Катерина Танева и група Нели ти Реков
21:00 часот Изложба на друштвото на ликовни уметници од Кавадарци со настап на
10:00 часот Турнир стрелаштво со учество на гости од Бугарија и Србија
12:00 часот STREETBALL (локација градски плоштад)
17:00 часот Детска карневалска програма
19:00 часот Вински боемски фестивал
22:00 часот Концерт на групата МИЗАР (локација градски плоштад)
00:00 часот Традиционална Тиквешка серенада со Тиквечки чалгии (ТРИО-Гранде)
НЕДЕЛА-06.09.2009
10:00 часот Таблијада натпревар во играње на табла (локација Градски плоштад )
12:00 до 18:00 часот ангазирани жонглери кои ќе ја забавуваат публиката на плоштадот и ќе земат учество во карневалското дефиле
17:00 часот Фолклорна вецер настап на фолклорните друштва од Кавадарци и гостите од Србија и Бугарија
20:30 часот Завршна сцена и Огномет
21:00 часот концерт(локација Градски плоштад)
20:00 часот Свечена седница
Во името на цело Кавадарци ве канам на ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР. Повелете :smir:

- Музичка подлога на ученици на О.М.Б.У "Лазо Мицев-Рале"
- Гости професионален DJ и настап на KONGA
10:00 часот Турнир стрелаштво со учество на гости од Бугарија и Србија
12:00 часот STREETBALL (локација градски плоштад)
17:00 часот Детска карневалска програма
- Фестивал на детски песни Гроздоберче
- Балетска група Венус
19:00 часот Вински боемски фестивал
- Настап на Јаков Дренковски
- Фолклорно друштво Горни Милановац
- ТРИО "Гранде"
22:00 часот Концерт на групата МИЗАР (локација градски плоштад)
00:00 часот Традиционална Тиквешка серенада со Тиквечки чалгии (ТРИО-Гранде)
НЕДЕЛА-06.09.2009
10:00 часот Таблијада натпревар во играње на табла (локација Градски плоштад )
12:00 до 18:00 часот ангазирани жонглери кои ќе ја забавуваат публиката на плоштадот и ќе земат учество во карневалското дефиле
17:00 часот Фолклорна вецер настап на фолклорните друштва од Кавадарци и гостите од Србија и Бугарија
- Етно концерт
20:30 часот Завршна сцена и Огномет
21:00 часот концерт(локација Градски плоштад)
- Настап на групата Журнал
- Настап на групата Паркети