Тиквешки Гроздобер

Статус
Затворена за нови мислења.

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Тиквешкиот гроздобер претставува еден вид продолжение на една долга и богата традиција, која на овие простори се одржувала во времето на античка Македонија, кога во чест на богот на грозјето и на виното Дионис, биле одржувани т.н. "Дионисови денови". На овие свечености на кои присуствувало целото население (и слободните граѓани и робовите), се јадело, се пиело и се веселело неколку дена.
Старите Римјани во чест на богот Бахус, двапати во годината ги одржувале т.н. "Баханалии", денови на грозјето и на виното, на кои се славел богот Бахус. Бидејќи овие пијанки преминувале во општи тепачки, тривијалности и вулгарности, истите биле забранети во 186 година.
Лозарството и производството на грозје на овие простори има длабоки корени и богата традиција. Античките Македонци и старите Римјани со голема љубов и умешност ја развиле и ја одгледувале оваа култура во овие краишта, за што сведочат многубројните надгробни стели, камена пластика и мозаици на бројните археолошки локалитети.
Лозарството продолжило да се развива и во средниот век, а главни негови центри биле црковните и манастирските имоти, каде што се приготвувало и најубавото вино.
Со доаѓењето на Турците и нивните освојувања на овој дел од Македонија во извесна мерка стагнира лозарството, бидејќи со Коранот била забранета употребата на алкохолни пијалоци.
Денес Кавадарци може да се пофали со констатацијата дека е најголем производител на грозје и на вино во Р. Македонија, и еден од поголемите производители на Балканскиот Полуостров. Токму тоа и беше основниот предизвик на општинското раководство на Кавадарци во 1964 год. да го организира првиот Тиквешки гроздобер, манифестација која имаше културен, туристички и стопански карактер.




Оваа година од 04.09.2009 до 07.09.2009 ќе се одржи традиционалниот гроздобер/карневал. За разлика од минатите години оваа година карневалот ќе биде во 19 часот навечер. Се очекува да биде спектакуларно со многу огномент, како и со настап на многу познати македонски естрадни уметници. Се најавуваат многу гости од странство. Секоја година Кавадарци има многу туристи од секој дел од Македонија како и од странство, очекуваме и оваа година да биде така

РЕКЛАМА ЗА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР 2009

Програмата ќе се одвива во следните денови со следните содржини:
ЧEТВРТОК-30.09.2009
21.00 часот Најава на Тиквешки гроздобер со театарска претстава "ЦСИ ПД" (Комедија)-Локација Дом на Култура Иван Мазов Климе
ПЕТОК-04.09.2009
12:00 часот Свечено отварање на Тиквешки Гроздобер (локација Музеј Галерија Кавадарци-"Постојана Етнолошка поставка" ) а вооедно отворање на новите простории на Музеј Галеријата
19:00 часот Отварање на Вински Боемски фестивал (локација Мало Паркче)
Обраќање на Градоначалникот Г-дин Александар Панов до присутните гости и претставниците на винариите од Тиквешкиот регион
Настап на Марјан Коцев
Фолклорно друштво Кавадарци
Настап на Катерина Танева и група Нели ти Реков
21:00 часот Изложба на друштвото на ликовни уметници од Кавадарци со настап на

  • Музичка подлога на ученици на О.М.Б.У "Лазо Мицев-Рале"
23:00 часот Избор на Крал и Кралица за винскиот карневал (локлација дискотека К7 градски базен)

  • Гости професионален DJ и настап на KONGA
САБОТА-05.09.2009
10:00 часот Турнир стрелаштво со учество на гости од Бугарија и Србија
12:00 часот STREETBALL (локација градски плоштад)
17:00 часот Детска карневалска програма

  • Фестивал на детски песни Гроздоберче
  • Балетска група Венус
18:00 часот Дефиле на детски гроздоберски карневал
19:00 часот Вински боемски фестивал

  • Настап на Јаков Дренковски
  • Фолклорно друштво Горни Милановац
  • ТРИО "Гранде"
20:30 часот Отварање на изложба (локација Музеј Галерија)
22:00 часот Концерт на групата МИЗАР (локација градски плоштад)
00:00 часот Традиционална Тиквешка серенада со Тиквечки чалгии (ТРИО-Гранде)
НЕДЕЛА-06.09.2009
10:00 часот Таблијада натпревар во играње на табла (локација Градски плоштад )
12:00 до 18:00 часот ангазирани жонглери кои ќе ја забавуваат публиката на плоштадот и ќе земат учество во карневалското дефиле
17:00 часот Фолклорна вецер настап на фолклорните друштва од Кавадарци и гостите од Србија и Бугарија

  • Етно концерт
19:00 часот Вински Карневал тргнување од гранична полиција (Едвард Кардељ) пристигнување Градски плоштад
20:30 часот Завршна сцена и Огномет
21:00 часот концерт(локација Градски плоштад)

  • Настап на групата Журнал
  • Настап на групата Паркети
ПОНЕДЕЛНИК- 07.09.2009
20:00 часот Свечена седница

Во името на цело Кавадарци ве канам на ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР. Повелете :smir:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Da ne ti e greska informacijata za datumot? Od 4ti do 7mi septemnvri mislam deka ce bide grozdoberot
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Океј де нема веза, секоја година е различно, ама мислам дека оваа година ќе биди овој датум, за да го спојат со државниот празник :smir:

И да точно е, од 4 до 7 ќе биде
 

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
за сите намерници натаму ))) мој предлог..добра риба тиволи...добра забава со музика рома..добар сладолед -палма, скара на кило многу вкусна- дироко..место за спас од горештина-бриони
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
ajde ajde narode
trebe da bide eden od najinteresnite i najbogatite ovoj grozdober
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Почнаа да спремат полека полека глеам местат за тоа винскиот град или како че го викат ваа година интересно че бие посебно на малото паркче вино скара музика милини седни си и уживај мераци:salut: 3 дена ќе си тераме и ќе глеаме да си поминиме ногу убаво каа и секоа година па кој сака нека дојде да виде да се увере иначе така фамозната изрека како реклама на Гроздоберот од стално била 'Кој нема да дое запцуена е' па мислите му а ви натаки :tv:
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Море некаа таа, врчак и днк тиа викенд ќе биле на базентот, се на се ќе има јака журка :drk:
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
епа да идеме на помош(за пиење мислам):pos2::pos2::pos2:
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.228
Поени од реакции
6.709
Дечки ајде цел форум е поканет,кој дошол добедошол.....кај мене може едно 5 души да се сместат,па доброволци пријавујте се :pos:
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Вака по најавите изгледа супер, веќе подолго време се најавува дека ќе биде меѓу подобро организираните Гроздобери... Ќе видиме :)

Сите се добредојдени на грозје, вино и ракија во најгостопримливиот град Кавадарци.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
samo da napomenam i kaj mene moze da prespijat 5 6 dusi ama isklucivo devojcinja:pos2::pos2:
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Не е проблем бе спањето ако требе Хотел Балкан ќе го активираме пак :pos:
Него друга интересна работа е неш интересно шо че се дешава е претставата на Димето Коцев од Ваташа на 30 виа месец од 9 саатот у Киното нова претстава комедија преработена на Кавадаречки дијалект па еве кој сака нека дое да виде малце се издрапаме се помочаме од смеа иначе истата екипа че бие шо беше у ваа претходната претстава Ицето и Јулето кајшо Фоката беше у центар пажња :pos:
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Море, скопје имат ПОЗАДИ МТВ, ни имаме ПОЗАДИ БАЛКАН :pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom