Масовна гробница откриена во реонот на ирачкиот град Синџар
29.11.2015 | 10:01
Свет
Прочитано: 326
Властите во ирачкиот град Синџар соопштија дека во неговата околина е откриена масовна гробница со 113 тела, за кои се претпоставува дека се на припадници на јазидското малцинство.
Според истите извори, масакрот на јазидите го извршиле припадници на џихадистичката група Исламска дражава (ИД), кои го освоија Синџар во август минатата година и го држеа под своја контрола до почетокот на месецов, кога беа потиснати од градот од силите на ирачките Курди.
Масовната гробница била откриена во селото Кана, на 12 километри јужно од Синџар.
Според претставник на локалните власти, сите тела во масовната гробница имале прострелни рани.
Синџар се наоѓа на главниот патен правец што го поврзува главното упориште на ИД во Ирак, градот Мосул, со деловите на Сирија што се под контрола на џихадистите.
Јазидите се верско малцинство во Ирак, чија религија се базира на Зороастризмот