Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.327
Поени од реакции
6.193
Олку не бевте запалени ко изгореа луѓе за 2-ри мај во Одеса. Кога се работи за мешање религии, цареви сте.

Нападнати луѓето на весникот кој направи карикатура на Мухамед. Зошто ли мешаме религии?
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
30.155
Поени од реакции
40.829
Ги жалите французиве? Мислам дека поголем непријател ни се дури и од грција, од војната 2001 па до уривањето на авионот на борис и влезот во европска унија / нато и се што не серат за нас како да сме поредок на Садам Хусеин не претставуваат секаде ... лицемерие дволичност и што се не. Секој ден на нив ова да им се случува око нема да ми трепне, а тоа што си посадија тоа нека си го жнејат.
Ова им е уште еден џокер за игрите кои ги играат, којзнае што стои позади овој напад ... некоја трета игра.
Да, ова све е точно. Ни ја никад не сум ги сакал тие дигнати створења, ама нивниот непријател во случајов, на таквите како тебе и мене, знаеш ли што им прави, во Сирија и Ирак?
 

Беркут

независен експерт
Член од
12 април 2010
Мислења
9.643
Поени од реакции
14.221
Не дигресирај и одговори на прашањето. Нападнати се луѓе кои го сатиризирале Мухамед. Како да не мешаме религии?
А снимателот не доби куршум? И за 9/11 знаеме колку беа виновни авганистанците. Знаеме кој исценира напади. од каде да знаеме дека Франција не исценира нешто такво за да лови нефранцузи?
Колатерална штета е само народот кој не го боли половиот орган. Имаш примери за невини жртви од дроновите на САД.
Епа да го знаеше ќе знаеше дека Исламот дозволува опресија врз жените, неверниците, децата. Хрстијанството колку што знам не постулира дека жената има помала вредност од мажот.
Не постулира? Брату, кај живејш? Има помала. Читај што и рекол Господ на Ева пред да ги протера од рајот.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.678
Поени од реакции
11.327
Требда да си запознаен пред да правиш споредби. Јас сум против сите религии, ама исламот е посебен извор на зло.
Сигурен/на си дека исламот како религија е извор на злото, а не луѓето кои го користат исламот како средство за зло ?
Зошто ?

Како шо знам во Куранот пишува „борба против сите што немаат книга“. Секогаш ова се користи за да се покаже дека демек исламот повикува на војна против христијаните, ама ја не би го толкувал така. Борба не значи и војна. Се е до толкувањето и интерпретацијата. Тоа е проблемот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
4.543
Поени од реакции
5.912
Да речеш дека христијанството е подобро од муслиманството, дека христијанството не учи на заедништво, мир, љубов, а дека муслиманството на спротивното, да речеш дека христијаните се подобри од муслиманите и во која било смисла да ги фаворизираш едните пред другите Е НАЈГОЛЕМАТА ГЛУПОСТ !

Се сеќава некој на крстоносните војни, спалување на слободоумни луѓе, на луѓе кои верувале во наука ?!
И христијанството и муслиманството во суштина промовираат исти вредности.
Не е проблем религијата како религија, проблем се луѓето кои ја користат религијата за разни глупи цели. Ете пример ја искористија религијата за да исперат мозок дека муслиманите по дифолт се лоши.

И кај нас видете што се случува. Глупиот народ го зема здраво за готово тоа дека муслиманите се зло и еве си го земаме како победа пример тоа дека во Аеродром нема да се гради џамија, дека во Аеродром пример има цркви на секој чекор, дека се изгради крст од 22 метра. Исто и обратно, муслиманите си го сметаат за победа тоа што не го дозволија градењето на музејот на Кале, што во селана имаат по 10 џамии, чисто од инат...
Нашиот поглавар и имамот уште па и ги подгреваат тензиите. Ете тие се проблемот, а не религијата како појава.

Ја реков дека сум како и сите глупи луѓе кои следат политичари, ама овие што веруваат во вакви игри со религијава и дозволуваат да им бидат исперени мозоците се посебна врста на морони, во која фала богу не спаѓам.
Може 1000 полоши работи да кажам за нашиве попови што се возат во мерцедеси и бемвиња, што мрсат на строги пости, што имаат и од пиле млеко дома, ама на секој верски празник ги глеаш на вести со „давајте на сиромашните“. Вози се на магаре, коњу еден, а парите за џипот дај ги на сиромашните !

Проблемот со ИСИС и Ал Каеда не е религијата, проблемот е што тие се свесно создадени за овој момаков у Вашингтон да може да го победи другиов во Москва, ко Ред Алерт да играат...
Собираат морони од посебната врста, им даваат тон пари, им даваат оружје, им викаат убивајте. Овие растат и излегуваат од контрола, а ние после се чудиме „еј, абе од кај излегоа сеа овие ? “.
Кој да се сеќава пред 1000 години било...Збориме за 21 век,за луѓе кој не се родени и израснати во пустини,кој имаат подобри услови од нас и пак се племе скапано.Немој некој овие да фатил да ги оправдува,не е оваа рандом Ирачанче што му ја убиле фамилијата со дронови,ова е рандом стока израсната во Франција и фрустрацијата си ја лечи преку формирање племенски заедници.

Не биле сите исти,жими кур.Или се племе или се либерални оправдувачи на племето,иста цел различен начин на дејствување а вие останете си наивни.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Од видеото, терористов што го егзекутира цајканот

Терорист: Проба да не убиеш?

Полицаец: Не шефе се е ок

Егзекуција

Терорист: Во ред е, не беше Алжирец


Je vais le tuer!

Nan c'est bon chef!

C'était pas un algérien. C'est bon.

.
 

The Magus

אהיהוה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.202
Поени од реакции
10.110
Требда да си запознаен пред да правиш споредби. Јас сум против сите религии, ама исламот е посебен извор на зло.
Различна приказна привлекува различни профили на карактер, или во друштво кога ќе речат с`ким си такав си тоа значи дека сите што се околу алфата се слични њему или тројанци за да му го разнишаат тронот ама претежно се слични :icon_lol:
Тоа што се спремни да гинат поради верата освен од финансиски причини (треба да се ранат деца, фамилија) стимулирано е и од 72 девичански еротски ноќи :D
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.327
Поени од реакции
6.193
А снимателот не доби куршум? И за 9/11 знаеме колку беа виновни авганистанците. Знаеме кој исценира напади. од каде да знаеме дека Франција не исценира нешто такво за да лови нефранцузи?
Колатерална штета е само народот кој не го боли половиот орган. Имаш примери за невини жртви од дроновите на САД.

Не постулира? Брату, кај живејш? Има помала. Читај што и рекол Господ на Ева пред да ги протера од рајот.
Снимано е со зум, дотолку е очигледно. Така снимателот не е во непосредна близина, плус додади на тоа дека не им е во видиково поле на напаѓачите.
Небитно е што пишува во некоја книга со приказни за мали деца. Од аспект на човекови права, исламот е О-пре-си-вен.
Можеш до утре и назад да си ја лупаш главата за 9/11, евиденцијата покажа дека нападот не бил сцениран и секој кој мисли дека бил не прочитал ништо за
настанот освен сајтон на зоте за вонземјаните.
 
T

templar55

Гостин
Јас само направив паралелна слика помеѓу тоа што е денес и тоа што било ,само за да му докажам дека не треба да се меша религија во вакви теми .А ти ако си админ (или друг ) нека додели слободно казнени па и бан (ако некој заслужил (во тоа спаѓам и ја ) слободно ).
Не знам дали си глуп или се правиш глуп. Значи убиствата денеска не беа поради облачното време во Франција или поради нерасчистени мафијашки сметки. Убиствата се со верски мотив и треба да си прилично ретардиран да мислиш дека немаат таков мотив.
Денеска се убиени луѓе затоа што не се муслимани а постот во кој ти си напишал: " е што има везе што не убиваат, и ние ги убивавме пред 10 века" е тоа те прави ист олош како нив.
 

Беркут

независен експерт
Член од
12 април 2010
Мислења
9.643
Поени од реакции
14.221
Небитно е што пишува во некоја глупа книга со приказни за мали деца. Од аспект на човекови права, исламот е О-пре-си-вен.
Можеш до утре и назад да си ја лупаш главата за 9/11, евиденцијата покажа дека нападот не бил сцениран и секој кој мисли дека бил не прочитал ништо за
настанот освен сајтон на зоте за вонземјаните.
Човекови права? Да набројувам примери каде што егзекуторите и жртвите се од иста религија?
Американците колку пати по грешка убиваат муслимани?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.678
Поени од реакции
11.327
Кој да се сеќава пред 1000 години било...Збориме за 21 век,за луѓе кој не се родени и израснати во пустини,кој имаат подобри услови од нас и пак се племе скапано.Немој некој овие да фатил да ги оправдува,не е оваа рандом Ирачанче што му ја убиле фамилијата со дронови,ова е рандом стока израсната во Франција и фрустрацијата си ја лечи преку формирање племенски заедници.

Не биле сите исти,жими кур.Или се племе или се либерални оправдувачи на племето,иста цел различен начин на дејствување а вие останете си наивни.
И само зошто крстоносните војни биле пред 1000 години не треба да се осврнуваме на тоа и треба да веруваме во празните приказни дека исламот е најголемото зло ?!
Со сила ли се праиш глуп ?

Сите знаеме за тоа дека се раѓаме табулараза. Значи ја ако сум станал вакво ладнокрвно кретенче што оди и убива луѓе, не сум станал таков зошто сум го прочитал Куранот, туку зошто некој го искористил Куранот за да ми всади некоја идеја дека сите што не се муслимани треба да се убијат. Религијата мене не ме направила ни добар ни лош, луѓето кои ја користат религијата ме направиле таков !
 
D

Daedalus

Гостин
Да речеш дека христијанството е подобро од муслиманството, дека христијанството не учи на заедништво, мир, љубов, а дека муслиманството на спротивното, да речеш дека христијаните се подобри од муслиманите и во која било смисла да ги фаворизираш едните пред другите Е НАЈГОЛЕМАТА ГЛУПОСТ !
Попо, ти експерт си за религии. Флагрантна глупост е да ги ставиш христијанството и муслиманството у исти кош само затоа што одредена самонаречена група на луѓе „христијани“ правеле нечовечни злосторства и друга самонаречена група на „муслимани“ прават злосторства денес.
Ќе го изоставиме фактот дека збориме за 12 век и тогашното образование и политичка состојба во Европа конкретно и 21 век и сегашното образование и можност за едукација и ќе идеме конкретно на аргументот кој го изнесуваш.

Имаш група на самонаречени христијани у 12 век. Тоа што би требало да ги прави христијани е Новиот Завет специфично. Но, тие не ги почитуваат каноните на Новиот Завет за да имаат моќ и превласт и ја злоупотребуваат својата позиција. Де факто, не се они христијани.

Имаш група на муслимани денес, во 21 век. Тоа што би требало да ги прави муслимани е Куранот и некои од официјално потврдените Хадити. Они ГО ПОЧИТУВААТ Куранот и повеќето се повикуваат на специфични стихови од истиот притоа правејќи исто така крвави злосторства ко горенаведените.

Ја приметуваш разликата?
Прво времињата се различни. Денес, муслиманите се тие имбецили, ме заболе уво што правеле „христијаните“ кој не ни биле христијани пред 10000000 години. Збориме за денес. Ние денес се соочуваме со проблемот и бараме ефективни решенија за денешните муслимани, а не за повеќето од денешите христијани.

Второ, книгите и каноните по кои идат се скрос различни.
Христијанството проповеда вртење на друг образ, Куранот проповеда заб за заб.
Пошто еве ја ги иам прочитано и Библијата и Куранот, ја ТИ ТВРДАМ без да навлагам у детали дека, тие (христијанството и муслиманството) се заликуваат, со различна премиса почнуваат и многу ми е смешно кога некој што ама баш врска нема што е што, ама да се пофали, да каже нешто.

„Абе глупости, све тоа христијани, муслимани, будисти, хиндуисти и други религии се срање“. Ајдее... Тоа Стар, Нов Завет, статистички примероци за религиозни злосторства од страна на муслимани кон други муслимани/христијани/итн... од религиозни пориви, јебеш тоа. Битно пред 8 века тогашните „христијани“ биле инквизитори. Уште посмешни ми се оние другите... „И муслимани и христијани, сите веруваат во истиот Бог, сите религии проповедаат љубов, сите ние сме чеда не универзалната свест...“

Кога анализираш такви скрос различни религии, првенствено мора да си запознаен со „светите книги“, со тоа што претставуваат религиите и во што се слични/различни.
Не може да се дрзнуваш да кажуваш вакви небулози, а да не знаеш за што зборуваш.

И само зошто крстоносните војни биле пред 1000 години не треба да се осврнуваме на тоа и треба да веруваме во празните приказни дека исламот е најголемото зло ?!
Со сила ли се праиш глуп ?

Сите знаеме за тоа дека се раѓаме табулараза. Значи ја ако сум станал вакво ладнокрвно кретенче што оди и убива луѓе, не сум станал таков зошто сум го прочитал Куранот, туку зошто некој го искористил Куранот за да ми всади некоја идеја дека сите што не се муслимани треба да се убијат. Религијата мене не ме направила ни добар ни лош, луѓето кои ја користат религијата ме направиле таков !
И што? Има причини позади акцијата на секој. Ја ако го анализирам до атом Хитлер, можам да ти наведам зошто он убивал, зошто Стојна ја закопала свекрва и' у нива.
Знаеш што? Дали ќе бидеш ти со испран мозок или ладнокрвен социопат е нерелевантно кога правиш убиство и кога твоите акции доведуваат до одредена штета.

Како ќе дефинираш кога на некој му е „всадена“ идејата и колку некој има слободна волја да ја прифати истата или не? Самиот КУРАН, бара од муслиманите да го прават тоа што го прават, а не САМО луѓе кои ја злоупотребуваат религијата како во претходно наведениот пример со христијаните и инквизицијата.
Тебе религијата те направила лош пошто РЕЛИГИЈАТА БАРА ОД ТЕБЕ ДА УБИВАШ.
Конташ?
Резонирањево ти е еквивалент пер на аутистично прваче.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
815
Сигурен/на си дека исламот како религија е извор на злото, а не луѓето кои го користат исламот како средство за зло ?
Зошто ?

Како шо знам во Куранот пишува „борба против сите што немаат книга“. Секогаш ова се користи за да се покаже дека демек исламот повикува на војна против христијаните, ама ја не би го толкувал така. Борба не значи и војна. Се е до толкувањето и интерпретацијата. Тоа е проблемот.
Куранот, хадисите и се пропратно сами по себе си се доволно опасни. Пропагираат репресија, силување, педофилија и сл.
Е, сега, ако го имаш Куранот и ти седи непрочитан на маса, не е опасен, тоа е вистина. Ама ако си кревка душичка во потрага во твоето спасение и го прочиташ, тогаш штетата ќе биде многу голема.
 
На врв Bottom