Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Член од
22 декември 2011
Мислења
353
Поени од реакции
210
Религијата и националноста не го уништија човештвото туку самите луѓе. Сколоноста на луѓето да уништуваат се пред себе не потекнува ниту од религија ниту од националност туку од самиот човек и она што го има во себе а тоа е човечкото. Војни имало уште пред да има религии за банални работи за превласт за да покажат на кој му бил поголем но тоа нема да ти го објаснувам зашто тоа се учи на училиште. Најголемото зло на оваа планета се луѓето општо земено, можеби не сите така размислуваат но сепак најубаво за планетава додека ја има е да не снема сите. Самиот факт дека за 50 години се истребени 1000 животински видови кажува кој е човекот. За 50 години во иднина на планетава нема да има никој друг освен луѓе зашто е модерно да се носи чанта од нечие крзно, и редно е таквите глупи мислења како твоето да ги докрајчи еден астероид. Фала што ме вмеша во муабетот за сребреница исто како да си ми плукнал во лице, но сепак ти е оправдано потшо си природно талентиран очигледно.
Апсолутно се согласувам со сето ова. Освен што луѓето ја измислиле религијата, и луѓе убиваат во име на алах. Само кажи ми, би се радувал или оправдувал тогаш убиство на 10 Македонци, согласно кажаното досега, ова, претходно и за насилната демократија, и за Франција што не ја поддржувала Македонија? со оглед на тоа што претходната поента ти беше дека така им треба.

Ни сам не знаеш кај тераш веќе.

btw во европа живеат милиони муслимани и мал процент ги поддржува ИСИС а уште помал оди во нивните редови да убива. Напуштање на мултикултурализмот како политика, затварање на границите, чистење/бркање на имигрантите, чисти нации е најлошиот можен чекор во моментов. Само повеќе спиралата на насилство ќе се продолжи. Европа мора да ги издржи овие времиња, затоа што за разлика од тоа што некој веќе го кажа овде fight fire with fire никогаш не функционира.
 
Последно уредено:
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
Затоа што според мене тоа е збир на бирократи од различни земји кои ги боли уво за вакви работи. На бирократот од брисел му е гајле како живеат луѓето во помалите места во Франција да речеме. Нив целта им е една - да се зголемува профитот, притоа не им е гајле за традиции, историја, етнички конфликти, миграција и тн.
А кaкoв систем зa интегрaцијa нa тaкви мaли местa и држaви ти предлaгaш? Или зa тебе е пoдoбрa тoтaлнa децентрaлизaцијa? Леснo е дa се изнaплукaш нa нештo штo не ти се дoпaѓa и зa секoј криминaл дa имaш дежурен винoвник a дa си без идејa штo би прoменил,
 
D

Daedalus

Гостин
Многу лоша ти е споредбата. Бројките на кои пишуваме се арапски, сапунот го измислиле муслиманите. Сигурно на нет да потражам ќе најдам уште нешто во медицината итн. Затоа се нервирам кога одредена група од било која нација, вера или раса се оцрнува.
Да, само што причината поради која ги смислиле сите тие работи не е поврзана со исламот како таков, барем не директно. Тоа што си читал, алхемија, медицина, филозофија и други кул ствари дојдени од тој период кога Абасидите освојувале, имале достап до библиотеките на Александрија и компилирале, а потоа и креирале нови работи земени од Грците, Евреите, Индијците, Египќаните и други култури кои оставиле свој печат долго пред Мухамед, тоа е све пред исламот да го земе својот замав и да го донесе новото темно доба.

И рачунај дека наводно стиховите од Куранот (мастилото на научникот е посвето од крвта на маченикот) кои наводно биле повод за цела оваа златна доба, чисто сумњам дека се јединиот мотиватор за тој напредок.
Откако почнале да го земаат ЦЕЛ КУРАН во предвид, отиде јабана цел тој прогрес.
Денешните ИСИЛ не сакаат филозофија, спиритуализам и наука. НЕ.
Заборави ги тие суфистички идеали кои умираат заедно со обезглавените суфи.
Така да немој на Алаху Акбр да ги препишуваш сите тие прекрасни пронајдоци и ствари кои доаѓаат од нив тогаш.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
А кaкoв систем зa интегрaцијa нa тaкви мaли местa и држaви ти предлaгaш? Или зa тебе е пoдoбрa тoтaлнa децентрaлизaцијa? Леснo е дa се изнaплукaш нa нештo штo не ти се дoпaѓa и зa секoј криминaл дa имaш дежурен винoвник a дa си без идејa штo би прoменил,
Нормално децентрализација. Зошто е потребна супер-држава?
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Многу лоша ти е споредбата. Бројките на кои пишуваме се арапски, сапунот го измислиле муслиманите. Сигурно на нет да потражам ќе најдам уште нешто во медицината итн.
Ti zemi privin informiraj vo koj period e seto toa otkrieno...Hint Dark age...Crkva...!

Vreme e veke da se stavi kraj na parazitive! Ter napadi se veke kako dobar den ....kako vremenska prognoza! Duri imame i clenovi na forumov so isprani mozoci koi opravduvaat ovie raboti. Sramota 21 vek mesto na mars da se selime nie se ubivame da si dokazime koe imaginrano drugarce e pogolemo.Svetov otide u Ku***c.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Супер, сега уште да почнат да го користат.
Ок, мислиете како сакате но јас сепка мислам дека целиот свет е измешан со добри луѓе и лоши луѓе. Како што не учи Господ Исус Христос има жито и кукуљ.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Што не е точно на сликата? Знаеш дека твоите браќа уште живеат у глинени куќи, практикуваат инцест on a daily basis и размислуваат како да колат. Ако мислиш дека е пропаганда сликата, комотно фати авион (у еден правец по можност) и посети ги Афганистан, делови од Сирија и Ирак.
Што е на сликата? Ај да ти објаснам за што станува збор .(пред се сум православен и не ми се браќа само реално ќе ти објаснам за што станува збор ) .Кога грците тепаа и бркаа све од егејска македонија што беше тоа ? Насилство ? Убијци ? Тоа болеше , и ден денес боли што некој македонец од егејска македонија или друг дел до грција бил протеран ,тепан , силуван итн .Истото го направи НАТО и САД кога ги нападнаа нив муслиманите затоа што на нивната територија немаше никаков напредок ни економски ни никаков .Сега Сад е држава со подобра економија и постабилна затоа што стана воена профитерска држава .На почетокот отвараа фирми за оружје и муниција но не војуваа со никого .И логично е дека немаа ништо ,па и сам можеш да видиш на некои western филмови во што живееле ,а сега лас вегас е имеприја .Земаа нафта ,злато и се што најдоа од кај нив ,а при тоа пратија животни да се иживуваат со нивното население (невино население кое македонците биле во иста ситуација кога грците почнале да спроведуваат геноцид во егејска македонија ) .Ако јас на улица те сретнам и те нападнам ќе се браниш ли ти ? Или ќе ме оставиш да те докрајчам .Тогашните македонци и денешните муслимани не се разликуваат многу ,затоа ти сега имаш омраза кон грците , и муслиманите имаат омраза кон западњаците кои од обични селани направија империја .Иста е стратегијата само ,нови се целите и државите ете ти една пореална паралела ,целта беше да се створи омраза помеѓу 2 страни (да настане поделба ) за друг некој да профитира .
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Ок, мислиете како сакате но јас сепка мислам дека целиот свет е измешан со добри луѓе и лоши луѓе. Како што не учи Господ Исус Христос има жито и кукуљ.
Не е работата за лоши и добри луѓе, туку на тие луѓе не им се дава шанса да одберат да бидат добри или лоши, кога од мали им ги полнат главите дека треба да мразат се што е неверник.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
Ова како новогодишен подарок ќе и дојде на Ле Пен. Баш би сакал да видам како ќе треба французите да ја голтнат оваа кнедла сега.

Се зајакнуваат протестите во Германија, во Шведска видовме неколку џамии запалени и десничарска радикализација на шведскиот народ.

Прашање на време беше само кога европа ќе биде принудена насилно да одговори на лудилото наречено ислам.
 
Член од
7 ноември 2014
Мислења
444
Поени од реакции
1.007
Повеќето од реакциите за овој немил настан сепак се свртени кон слободата на говорот.

Јас се чувствувам навреден од овој цртеж.Белата боја ја симболизира вековната опресија која ја спровеле злобните белци врз обоениот свет.А црната боја(која е најмалце присутна во овој примитивен цртеж) е затворена линија,која симболизира дека поголемиот дел од црницте во САД се во затвор.Те молам нареден пат да внимаваш пред да објавиш вакво нешто,бидејќи на некој од нас ова ни враќа болни спомени од патријархланoто угнетување.Фала мољим ^^
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Да речеш дека христијанството е подобро од муслиманството, дека христијанството не учи на заедништво, мир, љубов, а дека муслиманството на спротивното, да речеш дека христијаните се подобри од муслиманите и во која било смисла да ги фаворизираш едните пред другите Е НАЈГОЛЕМАТА ГЛУПОСТ !

Се сеќава некој на крстоносните војни, спалување на слободоумни луѓе, на луѓе кои верувале во наука ?!
И христијанството и муслиманството во суштина промовираат исти вредности.
Не е проблем религијата како религија, проблем се луѓето кои ја користат религијата за разни глупи цели. Ете пример ја искористија религијата за да исперат мозок дека муслиманите по дифолт се лоши.

И кај нас видете што се случува. Глупиот народ го зема здраво за готово тоа дека муслиманите се зло и еве си го земаме како победа пример тоа дека во Аеродром нема да се гради џамија, дека во Аеродром пример има цркви на секој чекор, дека се изгради крст од 22 метра. Исто и обратно, муслиманите си го сметаат за победа тоа што не го дозволија градењето на музејот на Кале, што во селана имаат по 10 џамии, чисто од инат...
Нашиот поглавар и имамот уште па и ги подгреваат тензиите. Ете тие се проблемот, а не религијата како појава.

Ја реков дека сум како и сите глупи луѓе кои следат политичари, ама овие што веруваат во вакви игри со религијава и дозволуваат да им бидат исперени мозоците се посебна врста на морони, во која фала богу не спаѓам.
Може 1000 полоши работи да кажам за нашиве попови што се возат во мерцедеси и бемвиња, што мрсат на строги пости, што имаат и од пиле млеко дома, ама на секој верски празник ги глеаш на вести со „давајте на сиромашните“. Вози се на магаре, коњу еден, а парите за џипот дај ги на сиромашните !

Проблемот со ИСИС и Ал Каеда не е религијата, проблемот е што тие се свесно создадени за овој момаков у Вашингтон да може да го победи другиов во Москва, ко Ред Алерт да играат...
Собираат морони од посебната врста, им даваат тон пари, им даваат оружје, им викаат убивајте. Овие растат и излегуваат од контрола, а ние после се чудиме „еј, абе од кај излегоа сеа овие ? “.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Oва на Франција а богами и на другите западни сили ќе им се удри од глава.Долго време веруваа или се преправаа дека веруваат во некаков шлајм наречен мултикултуризам.Мислеа дека лесно ќе ги изманипулираат неписмените колонијалци од Северна Африка и блискиот исток пшто со децении ги пуштаа како евтина работна сила на своја територија.Ваљда не се толку испиени во умот да дозволат една таква држава што ја има дадено сржта на европската и светска култура и цивилизација да се претвори во муслиманско гето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom