Терористички Напад во Париз, најмалку 12 загинати

Член од
13 април 2013
Мислења
49
Поени од реакции
16
Па истото можам да го кажам за создавањето на паранојата и папагалското обвинување на исламот, наместо да се бараат причините во западњачките воени походи против арапскиот свет, оставајќи пустош и хаос во кој бесконтролирано и успешно ќе се гаат екстремистичките идеологии кои копнеат по одмазда.
Да не заборавиме на дволичната игра со вооружување, обучување и логистичко помагање на истите тие исламистички организации во исполнување цели на Западните интереси, под изговор за смена на режими и воведување демократија.

Кажи ми ти како може да се игнорира Шеријатот, кој е носечки столб на Саудиска Арабија и која директно ги спонзорира сите исламистички групации, притоа правејќи ја сојузник на Западот во остварување на геополитичките замисли.
Дури и Израел е сојузник со Саудиска Арабија против Палестинците, Египет и Иран која исто така има за цел елиминирање на останатите муслимански учења, со цел наметнување на своите верски правила и се разбира распространување на контролата.

Не е ништо црно бело, христијани версус муслимани. Оние се побројни масовни егзекуции на муслиманите од исто така муслимани, под етикетата на разни групации од Ал Каеди, Ал Нусри, ИСИЛ и не знам што друго веќе произлезе, ја одработува истата таа шема - ширење на контролата врз муслиманите преку верските правила.

И после се’, главните виновници нема да бидат оние кои го водат орото, туку некои локални лоботомирани егзекутори, за кои властите одамна знаеле меѓутоа “немале“ докази.

potpolno si vo pravo se soglasuvam so teb eve vo Norveska pred nekoja god bese masakar na muslimani od strana na hristijanin Anders Behring Breivik sega muslimani masakrira vo evropa i sami megu sebe vo ISIS toa islamska drzava so ni ja pikaat pod nos site televizii i ne za gabe nekoj kazal RELIGIJATA E NAJEFIKANO SREDSTVO NA MALITE BOGATI ELITI ZA MANIPULACIJA I KONTOLA NA MNOSZINSKITE PROSTI MASI T.S. NARODOT i se dobiva zaklucok deka najgolemata glupost vo svetot e religijata site stradajna na covecstvoto doaga od religijata primer krstonosnite vojni i spanskata inkvizicija ima i mn drugi ali dr pat
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.495
Поени од реакции
20.512

напротив, Брејвик не масакрираше муслимани туку христијани.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Па истото можам да го кажам за создавањето на паранојата и папагалското обвинување на исламот, наместо да се бараат причините во западњачките воени походи против арапскиот свет, оставајќи пустош и хаос во кој бесконтролирано и успешно ќе се гаат екстремистичките идеологии кои копнеат по одмазда.
Да не заборавиме на дволичната игра со вооружување, обучување и логистичко помагање на истите тие исламистички организации во исполнување цели на Западните интереси, под изговор за смена на режими и воведување демократија.

Кажи ми ти како може да се игнорира Шеријатот, кој е носечки столб на Саудиска Арабија и која директно ги спонзорира сите исламистички групации, притоа правејќи ја сојузник на Западот во остварување на геополитичките замисли.
Дури и Израел е сојузник со Саудиска Арабија против Палестинците, Египет и Иран која исто така има за цел елиминирање на останатите муслимански учења, со цел наметнување на своите верски правила и се разбира распространување на контролата.

Не е ништо црно бело, христијани версус муслимани. Оние се побројни масовни егзекуции на муслиманите од исто така муслимани, под етикетата на разни групации од Ал Каеди, Ал Нусри, ИСИЛ и не знам што друго веќе произлезе, ја одработува истата таа шема - ширење на контролата врз муслиманите преку верските правила.

И после се’, главните виновници нема да бидат оние кои го водат орото, туку некои локални лоботомирани егзекутори, за кои властите одамна знаеле меѓутоа “немале“ докази.
Ниту коментирав за Сирија, Саудиска Арабија и каков однос имаат со Америка, ниту сум бранел било која страна. Конкретниов случај е тема на дискусија, а не глобалните геополитички процеси. Јас негледам како може западот да биде виновен за ставот на муслиманите да ги сметаат ваквите идиотски акти за одбрана на чест!
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Види, твојата и мојата просечна реакција на еден ваков настан е математички пресметана и треба да го донесе резултатот на наједноставниот начин.

Јас и 2-3 истомисленици не сме доволни да ја сопреме фрустрацијата и потребата за реваншизам, кога треба да се соочуваме со вакви грозоморни убиства.
Затоа што за да го постигнеме истиот ефект би требало да го повториме шокирачкиот трагичен моментум, а за такво нешто како нормално мислечки луѓе со здрав разум, не сме спремни.

Многу потешко е да се спречи ескалирање, кога гневот од овој настан доаѓа природно и побрзо дејствува врз нашето расудување. Доволно е некој со помала контрола, да одговори на сличен начин за да се распута масовна граѓанска војна, во која нема да се бираат само екстремистите туку првиот муслиман или христијанин кој ќе го видат.
Тоа не е точно. Гневот не доаѓа од овој настан, туку ова ќе му дојде како капката што ќе ја прелие чашата.
Значи, да повториме, Америка и Израел не го направија исламот крволочна религија. Тој самиот е таков.
Америка и Израел не ги тераат муслиманите што живеат во Западна Европа да се групираат во гета, да силуваат девојки и деца, да палат, да маваат со камења по полицијата, да тепаат невини луѓе.
 
interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.432
Поени од реакции
3.690
Циониститет убија илјадници Палестинци(најмногу деца), не се крена толкава галама. За 10 французи цел свет дозна, и ќе се збори со години за некаков тероризам. Тоа е таа лицемерие на европските курви, и медиуми најмногу се разбира.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.356
Поени од реакции
4.800
Кои беа некои членови кои викаа дека дронот во Белград била провокација и оправдуваа се што се случи после. Каде е разликата меѓу вас и овие тупиве муслимани?
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
тоа би ти дошло како брачна заедница помеѓу маж и жена во која жената е тепана од страна на мажот и останува во брак само ради мир во куќа иако единствен излез е развод. најреално е да се игнорираат ваквите проблеми, не дека ќе не истребат туку како што кажа некој погоре да истраеме се додека не им се здосади.
Каков пример даде, алал вера.
Тепаната жена не треба да бара развод, треба да чека додека на мажот да му се здосади да ја тепа или додека не ја убие... заради мир во куќа и тоа пази молим те. А фактот дека тоа што он ја тепа де факто го нарушува мирот во куќа не е ни битно.

Каков пример.

Целиов пост е... немам зборови.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.495
Поени од реакции
20.512
Каков пример даде, алал вера.
Тепаната жена не треба да бара развод, треба да чека додека на мажот да му се здосади да ја тепа или додека не ја убие... заради мир во куќа и тоа пази молим те. А фактот дека тоа што он ја тепа де факто го нарушува мирот во куќа не е ни битно.

Каков пример.

Целиов пост е... немам зборови.
ваљда не свати што пишувам али ме мрзи да објаснувам :) наздравје нека ти е !!!
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
тоа би ти дошло како брачна заедница помеѓу маж и жена во која жената е тепана од страна на мажот и останува во брак само ради мир во куќа иако единствен излез е развод. најреално е да се игнорираат ваквите проблеми, не дека ќе не истребат туку како што кажа некој погоре да истраеме се додека не им се здосади.
Не да се игнорираат, туку да се дигне свеста на луѓето дека ова што им се случува е манипулација. Треба сесрдно да се промовираат оние муслимани со срцето на правото место, кои ќе го менуваат погледот врз исламот и ќе влијаат врз спречување на загадени идеологии во нивната религија.
Но, тоа е практично невозможно без подршка на системот, односно инвестирање на средства за таква кампања и истовремено ставање на крај на финансиите кои ги движат радикалните групи.
Во една сиромашна земја како Македонија до бројка од 300 нови вахабистички џамии во период од 5 години не се постигнува преку молитва и пост.

Но се’ додека веруваме дека можеме да замижуваме пред негативните тенденции, бидејќи имаме споредна корист, дали е тоа нафта во случајот на една Америка, а дали исполнување на ЕУ стандарди за членство во нашиот случај, нема што да очекуваме некаква позитивна промена.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
ваљда не свати што пишувам али ме мрзи да објаснувам :) наздравје нека ти е !!!
Сфатив, многу добро сФатив.
Ужасен ти е примерот, без разлика на тоа што си сакал да кажеш.
На здравје нека ти е и на тебе.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.181
Поени од реакции
25.833
Кои беа некои членови кои викаа дека дронот во Белград била провокација и оправдуваа се што се случи после. Каде е разликата меѓу вас и овие тупиве муслимани?
Во право си, кој им кур на новинариве да гостуваат во муслиманска држава, па над тоа и да провоцираат.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Пред се’ треба да се земе во предвид целокупната ситуација од изминатата година и како постепено се зголемуваше конфликтот во арапските земји со интервенција на Западот, свесно допринсувајќи во ескалирање на воените судири и директно учествувајќи во насилна смена на неколку режими без притоа да се осигура цивилизиран крај на судирите и излез од хаосот.
После бомбардирањето на Либија, веќе година дена и сеуште се води граѓанска војна. Во Египет неколку пати е правен наизменичен преврат. Во Сирија и понатаму се носат платеници и се поттикнува дополнително страдање. Во Ирак после успешното окупирање земјата и понатаму е во тотална класно-секташка војна од чија територија се создаде уште поголема колевка на разно разни групации со нејасни цели, настрана од оние што се застапуваат во медиумите.

Дека ништо не е случајно, особено во насочување на јавното мислење во западните земји, одамна сме дискутирале и посочувале на исценираните напади и подметнувања вина за создавање клима за посакуваното воено и политичко делување.

Тешко за верување е дека нема координираност меѓу демонстрациите во Германија и овој настан, кој секако ќе допринесе за зголемување на нетрпеливоста меѓу европските граѓани кон се’ што има исламски предзнак.
Да не заборавиме дека кон ова се придаваат и настаните од трговскиот центар во Нигерија, со тоа појавувањето на Боко Харам, колежите во Мали и бомбардирањата на Франција. Колењето по улиците на Англија, исто африканец. Веројатно сум испуштил нешто.

Може тука да се вброи и Смилковско, со неверојатната исламистичка кореографија на демонстрациите кои следуваа поттикнати во албанските кругови.

Тоа е шемата за создавање контролиран хаос, зголемување на ризикот и профитирање со политика на сеење страв.

После се случува ова што се случи во Франција, посочување на виновниците како Алжирци и нивниот радикален ислам.

Понатаму развојот на настаните не е тешко да се предвиди, а доколку луѓето како Темплар55 се малку, тогаш ќе се случи уште некој инцидент за конечно да ве убедат дека арапите/исламот/имигрантите се дефектот кој треба да се отстрани, се разбира со легална употреба на сила и нивните држави треба да се вратат во колонијалната прегратка на поранешните освојувачи.
Населувањето на мигрантите од Африка беше свесно допуштано до прекумерност и свесно гетоизирано, етикетирано и користено во политичките агенди. Зошто тоа се правело и кому овој развој на настаните највеќе му одговара пресудете самите, но дајте си малку време да се смири ситуацијата и да погледнете уште еднаш потрезвено.

Сега веќе скоро да нема враќање, се поверојатен е судирот на “христијанството“ и “муслиманството“ во кои мнозинството не е свесно за манипулацијата и пресметано ќе реагира врз основа на своите емоции и припадност.

И така Владите или оние кои се претставуваат за такви, ќе продолжат да креираат секакви инциденти, сајбер напади, бомбашки напади, сечење глави, уривање авиони, се со цел реализирање на своите “средовековни“ политики на контрола.
Не си далеку од вистината,а во едно и не сум љубител во теориите на заговор,но кога размислувам логички, сепак велам дека ништо не е случајно, инаку во врска со случајот, многу ми е сумливо да не е и ова некоја завера, немојте да заборавате дека во времето на СССР,најголема закана за Светот беше Комунизмот, нели гледавме оние америчките филмови на Холивуд каде што русите секогаш беа на негативна страна,и дека тие беа најголема закана за светот и дека беа убијци,терористи итн.. А сега е Исламот,па после 20-30 години најголема закана најверојатно ќе бидат Вонземјаните. Инаку случајно или не секогаш овие терористички напади е во полза на САД.. Како се здобија американците со нафта и со други природни богаства во Блискиот Исток ? Едноставно се знае, со терористичките напади во 2001.. Наместо штета Американците случајно или не секогаш имаат корист. Ево сега ова е уште една шанса за САД, доларот ќе се стабилизира уште повеќе, додека пак еврото ќе се треси малку. А исто така борбата против Исил ќе се заврсти со уште по голема динамика, а исто така пред светска јавност ќе се отвори по голем простор за можни идни окупации на Западот во Блискиот Исток.. И така мозоците систематски се програмирани веќе, така да НАТО нема да има никакви проблеми со доброволните војници со пари,барем ќе војуваат по свежо против радикалниот ислам, а во меѓувреме империјализмот на САД ќе се зацрсти минимум уште 100 години,а можеби и повеќе.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.495
Поени од реакции
20.512
Сфатив, многу добро сФатив.
Ужасен ти е примерот, без разлика на тоа што си сакал да кажеш.
На здравје нека ти е и на тебе.
Моментално христијаните го чекорат тој пат сакал/а или неќел/а се пропагира мултикултура и толеранција за да се има мир, но всушност една страна трпи тортура за на другата да и биде убаво. И дај не паничи за една печатна грешка.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Не да се игнорираат, туку да се дигне свеста на луѓето дека ова што им се случува е манипулација.
Ако нечија свест е на ниво доволно ниско за да биде манипулирана, како ќе бидеме сигурни дека нема да биде изманипулирана од друга страна? Аргументов ти е ист како и исламскиот морал, според кој вината за силување е во жената, бидејќи разбудила страсти кај мажот....па поради тоа жената мора да го крие своето тело, интелектуалците мора да ги кријат своите мисли, хомосексуалците својот живот! Сите се виновни, бидејќи се различни. Тоа е логиката, тоа е причината поради која се случуваат вакви нешта! Неспособноста да се прифати различноста, и секој ваков "толерантен" став оди во прилог на овие стремежи за враќање на мрачниот среден век на мрак, цензура и тоталитаризам. Бидејќи, да не се правиме наивни, исламот отворено се стреми да воведе глобален тоталитаризам и теократија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom