Тенисот во Македонија. Игра ли некој тенис?

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.881
Аку е некој за сингл тенис нека пише, аку е сончево времево би играле позади City Mall на кеј или кај основното училиште, играв неколку пати и одлично е доколку не послужи времето. :)
Ептен е ладно за на отворено бре...здравје на пролет може да се организираме да направиме некое турнирче и конечно да го испескам @Red John и да не ме замара повеќе во живото. :ROFLMAO::smirce:
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.881
Не сум ја сретнал темава до сега,играм и јас ,за @Red John сум Новак Надал ,за @ManUtdChampions Роџер Раонич,може да се договориме да играме. :kezec::jeeee:
П.С
Нема каде да играме сега бе,на снег? :(
На пролет на пролет, ептен ладно е сега. :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.490
Поени од реакции
114.492
Кога ќе играат Австралија Опен во јули може да правиме муабет. :P

И вечна дилема ми е дали си кошаркар по тие сликите од фб? xD
Повремен репрезентативец во шах. :D
Бев кошаркар, сеа сум тренер. :)
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
265
Поени од реакции
124
Ко што тргнала "зимава" можда и ќе може да се игра. 13-14 степени се сосем доволни. Ако не, од март таму негде не бегаат терените :)
 
Член од
20 ноември 2014
Мислења
4
Поени од реакции
2
Во Кисела Вода во салата излезе дека е солидно за играње, иако си има недостатоци теренот, за рекреативно и за спарингување во зима сосема е добар. Сега има балон и на терените на Александар Палас, два терени се покриени. Цените беа од 600 до 800 (+/- 50, заборавив точно), во зависност од кој дел во денот човек сака да игра. Само не знам колку ќе бидат затоплени, се надевам дека ќе биде игриво.

Секогаш интересни зезалици излегуваат од играње дублови, со тоа што скоро и да нема трчање како во синглови. Барем оние пати кога имам играно дублови, обично се сведувало на другарско `рчкање преку мрежа и стоење саат-два на терен :)

Како и да е, кој е за синглови и/или дублови, можеме да договориме нешто, иако не сум нешто претерано многу спремен. Според американскиот NTRP систем, би се сврстил во некое од најниските нивоа.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Кој е желен за игра може и на ладни услови да игра, океј, не баш да е претерано ладно, но сум играл тенис и во јануари. Од 8 степени на горе може да се помине според мене, а аку сакате да одиме 4 така дубл колку да одржиме форма :P, кажете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom