Теми за размислување... [Што е форумот денес?]

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Што да кажам...
Квалитетот во дискусиите и темите можеби не е на ниво како порано но нема друг форум (македонски) кој може да се рамни по квалитет и квантитет со кајгана, така да уживајте и пливајте.

Се во свое време.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Една реченица, ако содржи во себе јаснотија, не е троловска, не е секој долг пост умен и паметен.


Please use line breaks :smir:

За двајцата: Секако и тоа ми беше дел од поентата.


Него..вака-така со темава си добивме квалитетна дискусија. Бујрум и толку од мене. :)
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.350
Поени од реакции
2.244
Па во Фан Клубовите на секој клуб има секогаш дискусија, нормално владеат провокациите и љубоморите од други тимови, пцуење и слично, па затоа постои Модератор, сепак ова е спорт и не се сите исти.

Точно дека модерното време го прави Фејсбук, па и тука се однесуваат/однесуваме како во поново време, зимаме примери не дека некој не го практикува ова али ајде, кој на денешно време немал фејсбук, сигурно би направил дали си игрици или за шмекерство тоа не е важно, ИМА ФЕЈСБУК.

Има теми кои постојат, но таму има и членови кои постојат и кои знаат да направат дискусија.

Премногу се отвори дискусија сега за Фејсбук, место да забраниме тука да се напише името на Фејсбук ние и теми отвараме за него за да видиме дали се однесуваме тама или Кајгана и слично станувало како него.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.030
Поени од реакции
74.438
Никогаш не сум се експонирал по некои теми (што заради тоа што и не сум имал што паметно да кажам, што заради тоа што не сум имал правилни зборови да го искажам моето мислење...), освен во фудбалските сепак морам да признаам дека форумов стана нешто сосема поинакво од самата цел поради која е направен. Не дека ми пречи што се случија промени на форумов пред неколку години, но откако беа направени профили на форумџиите КАЈГАНА стана нешто повеќе од форум :tv:
Друго е нивото на дискусија кога знаеш дека сите се прилично анонимни, и можеш да си искажеш што сакаш, а вака веќе не е исто...
Мое мислење, можеби грешам:)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Е коа ќе видам некоја ваква тема ми се стужува, особено кога ќе отидам кај авторот и ќе видам какви теми отворил.
Ако веќе толку си желен за квалитет-почни да го создаваш, а не да кенкаш дека го нема.
Друго, не знам зашо ти беше наведена темата „Шуга„ во целата приказна.
Форумов ако не си приметил служи и за информирање и за помагање/советување/споделување искуства итн.
И што има лошо во тоа?!
И друго, секој има различен стил на пишување на форумов, оди во Драга кајгана и читај ги Винди или Медеа и осуди се да им парираш на постовите. Или читај го Шмекерот и не се смеј на хуморот.
И ко за крај на моето излагање-старите членови пораснаа и форумов им е досаден, сега ќе има членови кои ќе му се радуваат на форумов па ќе пораснат со него и на крај ќе кенкат дека форумов не е тоа шо беше на времето.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
форумот дефинитивно не е тоа што беше, воопшто нема квалитетна дискусија, еве конкретно во областите кои мене ме интересираат
-се што спаѓа под информатичка технологија
-автомобилизам
во првите порано имаше квалитетни теми сега повеќето се за бесплатни смс, фотошоп темата ја направија тема за одстранување на позадини на слики а порано имаше добри туторијали, оперативни системи и програми исто така е лом, во хардвер се мери на кој му е поголем и кој има појак компјутер.
во автомобилизам има банални теми како најубав автомобил што го видов денес, максимална брзина со моторно возило(фејсбук теми а.к.а играчница теми се овие) а во темите како олдтајмери, направи сам и слично воопшто нема дисусија а исто како и во хардвер има кабадаи кои си ги мерат на кој му е поголем.

форумот дефинитивно не е тоа што беше и од ден на ден станува се поголемо срање(без навреди) но администраторите треба да преземат мерки бидејки едноставно на некои членови(немам конкретен пример) не му е место на форумот.

едит: повеќе читајте помалку пишувајте и извинете за евентуални печатни грешки не ми се гледа добро темно е
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Мене не ми е јасно како некои членови шо се регистрирани од 2009 па наваму кажуваат каков бил форумот. Јас сум зачленет 2008 година крајот, па не викам вака треба да биде. Рака на срце некои постари членови не го кажуваат тоа не па ние гуштерчиња шо сме уште.
Плус ова е форум треба да се менува е сега дали се менува во позитивна или во негативна смисла тоа е веќе друга приказна:toe:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.405
Поени од реакции
5.964
Го делам мислењето со Фантом до некаде...

Но, прочитајте ги своите мислења пред 3-4 години, половина од вас би одговориле дека се смеат на свои постови пред година дена, а да не зборувам за мислења пред овој прилично долг период постоење на кајгана. Растеме со форумот и нормално е дека новите членови нѝ изгледаат смешни, веќе ја имаме стекнато интернет културата и јасно нѝ е на кој принцип се дискутира овде. Додека деца што имаат 14-15 години, дежурни во чек дис аут и играчница нормално дека нема да ја имаат форумџиската култура, но треба баш ние старите членови да не им се потсмеваме туку да ги научиме како правилно да ги искажуваат своите ставови за да се развие некаква дискусија.

Постоеше период кога форумот стана место каде што секој имаше можност да го качи егото затоа што му дале зеленко, исто како што сега секој има можност да биде среќен дека е популарен затоа што има 23742364343 лајкови на слика што ја ставил на фејсбук. Убаво кажа еден член што веќе одамна не е активен „градам репутација на кајгана место во реален живот“, за жал овој феномен е многу присутен.

Сега замревме, а и нормално е. Се сеќавам на темата „Дали форумот има рок на траење“, поентата беше дека по одреден период сите теми стануваат веќе видено или неинтересна работа за дискутирање, но не е до темите до нас е, до членовите.

Од една страна дечиња на кои сè им е интересно, од друга паметњаковичи што обожаваат да солат памет и тоа е тоа што придонесува да нема квалитетна дискусија. Додека го почитуваме мислењето на соговорникот макар било и спротивно секогаш ќе се одржи некое ниво.

А на членовите што и покрај сè не престануваат да „тролуваат“ бргу им здосадува и си заминуваат. И онака сè е минливо.
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
Воведот е инспириран и креиран од постар, по активен и по продуктивен член. Ја само ја отварам темата, бидејќи тој неможе. Не кенкајте многу кој коа се регистрирал.
 
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32


немам коментар
Тоа е таа бандата, шо напаѓа со црвенки и си даваат зеленки меѓу себе. Интересно им е!
Али незнаат дека има опција за исклучување на репутацијата, а со тоа пропаѓа нивниот труд.
 
M

marsovka

Гостин
За двајцата: Секако и тоа ми беше дел од поентата.


Него..вака-така со темава си добивме квалитетна дискусија. Бујрум и толку од мене. :)
Без навреда ама постот тие малограѓански Ок?!
Види ме мрзи да цртам на блокче но дај да не се правиме наудрени и двајцата сме овде скоро година и више. Да не се лажеме на форумов ретко има пристојно мислење а камоли квалитетно треба да џбарам ни тони и тони конверзации за да најдам нешто смешно, трагично, патетично, било што освен безлично нешто што ќе има печат и е автентично. И квалитетот паѓа ли паѓа...

Сеа да ви го нацртам проблемот децо што е?
- Проблемот се состои и влече корени од македонскиот менталитет на егоистрипаност каде има вечна потреба да е докажува колкав му е било каде и било кога, без оглед на цената која ќе плати. Океј до некоја мера е у реду и како мотивациона сила но овде ги надминува сите граници , ти ќе почнеш да дискутираш за нешто и автоматски ќе се јави некој интелектуалец каде ќе ти исќења дека ти си таков ( демек ти го кажав) што ти се одмилува да пишуваш воопшто. Проблемот овде е во етикетирањето и сеир пукање на секоја тема а бе нема тема каде директно или индиректно се имплицира дека ти си таков, ваков онаков. Ми се смучи да читам како сум требала да се обесам, психоанализи од типот исфрустрирана сум, неебана и не знам ми ти што, држење лекции за морал и не знам што ти не. Да не кажувам дека ако здобиеш репутација на респектиран/читан член се јавуваат 15 души кои сакаат да докажат дека вредат преку тоа што ќе ти го спуштат wow!
Овде дискусиите не се водат за да се дискутира туку за да се еготрипа во стилот као види ми го колкав ми е . Океј добро голем ти е и сеа?!

Проблемот е во немањето култура на дебата и ако не сте забележале проблемот не е само на кајгана туку и по телевизивииве има ретко дебатни емисии уствари само една на А2 толку... -.-
патем направи споредба со овој форум и нашиов да видиш што значи дебата квалитет. ( да го разгледаш убаво синко ок!)
авторот е бесен у пм бесен...
 
M

marsovka

Гостин
Воведот е инспириран и креиран од постар, по активен и по продуктивен член. Ја само ја отварам темата, бидејќи тој неможе. Не кенкајте многу кој коа се регистрирал.
год хејт ова?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom