Темелко повторно прв човек на Пустец

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.478
Поени од реакции
5.932
Кандидатот на Македонска алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко, на локалните избори во Албанија освои втор мандат за градоначалник на Општина Пустец. Првиот мандат го доби на локалните избори во 2007 година.
- Сегашната победа е уште поубедлива, што потврдува дека Македонците се се посвесни и поубедени дека со избор на кандидат од нивната партија за прв човек на општина добиваат многу повеќе, отколку својот глас да го дадат за кандидати од друга партија, изјави Темелко по изборот.

Тој вети продолжување на активностите за остварување на правата на Македонците во Албанија. Темелко потврди дека во неколку општини се освоени повеќе советнички места, а потенцираше дека е убеден во победата на Едмонд Османи за градоначалник на Требиште, каде што денес ќе се пребројуваат гласовите./вечер
 
Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Браво за Албанија, честитки за Темелко.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.478
Поени од реакции
5.932
Со оваа паѓаат во вода шпекулациите дали во Албанија има 300.000 македонци или 4200. Во Албанија можеш да бидеш тоа што си , нема никаква присилба , можеш да се кандидираш, ако имаш подршка можеш да станеш и пратеник.

Темелко доби 1908 гласа, тој не настапуваше посебно , туку во коалиција со Бериша, што значи не се овие чисто македонски гласови туку и албански.

Во советот на општината партијата на Темелко (македонска алианса за европска интеграција) нема да го има мнозинството затоа што има само 754 гласа од вкупно 2600.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053

Албанија според официјални статистики има 20% православно население и околу 15 % католичко население.Македонците се трети по бројност во Албанија.Од тие 20% православни 10% отпаѓаат на Грци,Македонци,Власи.Кај се потоа Македонците муслиманиДругар ми има девојка Шиптарка од Албанија којашто студира тука во Скопје(католикиња).Самата кажува дека Грци,Македонци,Власи има колку сакаш и дека во нејзин клас учеле 3 етнички Македонци во Скадар.Во Албанија сите православни христијани ги нарекуваат Грци.До пред некој период во Албанија беше забрането изјаснување на национална и верска припадност,а 50 години беше дозволено само албанска националност,друго не.И друго интересно е што таму Албанци христијани и Албанци муслимани воошто не се сакаат .Кога била малечка нејзините браќа и другари нонстоп кршеле прозори на муслимански куќи/
 
Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Со оваа паѓаат во вода шпекулациите дали во Албанија има 300.000 македонци или 4200. Во Албанија можеш да бидеш тоа што си , нема никаква присилба , можеш да се кандидираш, ако имаш подршка можеш да станеш и пратеник.
Колкав е бројот на Македонците во Албанија ќе знаеме кога ќе видиме официјален документ по регуларно спроведен попис!
За мене воопшто не е важно дали се 300.000 или 3.000 , важно ми е да можат да се самоидентификуваат како такви .

Да биде иронијата поголема (барем според информациите кои доаѓаат тука до нас) во Албанија имаат поголеми шанси за тоа за разлика од некои други држави членки на ЕУ.И тоа во факинг 21 век.

Темелко доби 1908 гласа, тој не настапуваше посебно , туку во коалиција со Бериша, што значи не се овие чисто македонски гласови туку и албански.

Во советот на општината партијата на Темелко (македонска алианса за европска интеграција) нема да го има мнозинството затоа што има само 754 гласа од вкупно 2600.
Можно е.
Но помалиот број на гласовите за советници може да се објасни и со незадоволство спрема предложен/и кандидат/и.
И јас на последните избори гласав за Претседател , градоначалник на Скопје и за советнички листи а за градоначалник на Кисела Вода пуштив неважечко ливче ,иако станува збор за кандидати од иста партија.
 
V

viktora

Гостин
Со оваа паѓаат во вода шпекулациите дали во Албанија има 300.000 македонци или 4200. Во Албанија можеш да бидеш тоа што си , нема никаква присилба , можеш да се кандидираш, ако имаш подршка можеш да станеш и пратеник.

Темелко доби 1908 гласа, тој не настапуваше посебно , туку во коалиција со Бериша, што значи не се овие чисто македонски гласови туку и албански.

Во советот на општината партијата на Темелко (македонска алианса за европска интеграција) нема да го има мнозинството затоа што има само 754 гласа од вкупно 2600.
I vie vo Makedonija tvrdite deka ste nad 25% a realno ste pod 20%.
I zasto vo popisot nema grafa za Makedonci nego za drugi?
Pa neli vo Albanija mozes da bides toa sto sakas,no ocigledno toa ne vazi i za Makedoncite.
 
Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Додека во Тирана продолжува одисејата за избор на градоначалник, по речиси два месеца од денот на изборите, во другите општини и официјално на функциите дојдоа новоизбраните. Конститутивна седница вчера попладне одржа советот на општина Пустец, на која е верифициран и мандатот на Едмонд Темелко за прв човек на Пустец.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
....убаво за Темелко....само да не се навикне на местото....па од Пустец да направи свој посед....како чичко Ѕинго од Кратово
 
Kajgana Shop

На врв Bottom