Тема за коментари за ФИЛМСКИОТ КАТАЛОГ ЗА СОВРЕМЕНИ ТАПЧОВЦИ 2.0

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Како што реков тука: https://forum.kajgana.com/threads/ВОДИЧ-НИЗ-ГАЛАКСИЈАТА-ФИЛМСКИ-КАТАЛОГ-ЗА-СОВРЕМЕНИ-ТАПЧОВЦИ-2-0.115359/
сите коментари за новиот каталог на филмови, креиран од 16 филмски ентузијасти и еден професионалец :love: , можете слободно да ги пишувате тука.

Нормално, форумските правила мора да се почитуваат, а коментарите мора да бидат за каталогот и изборот на филмовите во каталогот. Можете да давате ваше мислење, ваши предлози, филмови кои вие би ги ставиле и зошто би ги ставиле, да не критикувате за изборот, па и да прогнозирате што би имало во некоја од следните категории. Се останато ќе се смета за офтопик.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.342
Поени од реакции
5.464
Одлично, нема да листам цел саат за да најдам филм што ќе го гледам. Само не знам зошто немаат сите филмови краток опис.

За првата категорија би го ставил LA. Confidential, ама сигурно не сте сакале да има повторување од 2011.
Wolf of the Wall Street некако не можам да го замислам како crime

Во втората категорија само Prisoner ми е гледан, одлична шанса за мене да видам нешто старо.
Би го ставил Зодијак тука, единствен детективски филм што направил да размислувам од после кој е убиецот и да истражувам повеќе.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Само не знам зошто немаат сите филмови краток опис.
Ќе имаат. Нашите 16 членови на Академијата штрајкуваат оти работеле за без пари. :D
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.543
Поени од реакции
87.701
1) Ме мрзи да го разгледувам првиот каталог сега, ама мислам дека The Untouchables и Shutter Island ги имаше на таа листа.

2) Линковите што ги ставате од филмовите се од Летербокс, а не ИМДБ (n):ban::bance:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
1) Ме мрзи да го разгледувам првиот каталог сега, ама мислам дека The Untouchables и Shutter Island ги имаше на таа листа.
Ги нема. Проверуваме тоа по 100 пати. Иако, не дека не може да ни се провлече некој, само до сега и таквите ги откривме на крај.

2) Линковите што ги ставате од филмовите се од Летербокс, а не ИМДБ (n):ban::bance:
Па повеќе сме Letterboxd community, тука. :P Ама ништо не е загубено: на првата страна од LB профилот на филмот има линк до неговата IMDB страница, па така наместо со еден клик, со два ќе стигнеш до посакуваната дестинација. Да беше обратно, тие што се LB фанови ќе мораа да пребаруваат сами, зашто на IMDB нема LB копче. :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom