Не сум користел и нема да коментирам или критикувам нешто со кое немам искуство. Ама имам искуство со трговија со телефони и можам да ти гарантирам дека шансите ти се многу мали да го продадеш после. Колку и да мислиш дека е добар еден ден ќе сакаш да го смениш и најтрагично е тоа што сите знаат дека вреди ама ете не е бренд како самсунг или епл.. Тоа е првата причина. Втора причина е затоа што најчесто овие кинески брендови користат софтвери креирани од "хакери" (програмери кои што добро си ја вршат работата), и тие софтвери се со доста грешки и слично. Значи овие телефони користат андроид од cyanogenmod тип и сл. Верувај дека колку и да се добри перформансите, ако телефонот нема добар софтвер, џабе ти е. Затоа епл се толку добри, ајфон 5с со 1гб е доста побрз од галакси с5 (во пракса, доколку гледате тестови колку е брз процесорот, секогаш 8 јадрениот процесор ќе биде побрз од 2 јадрениот на ајфонот).