i vo sto e problemot zasto od telekom ne go saniraat problemot?
Кој проблем - рестартирањето на линијата еднаш на секои 12 часа ?
Доколку си поврзан на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тоа не е проблем, туку техничко правило - наводно за заштита од напади и вируси, во пракса тоа го прават за да можат редовно да ги избројат потрошените гигабајти секој ден.
Единствено што можеш да направиш е да одлучиш кога ќе се рестартира оптичката телекомуникациска линија, на пример да речеме, ако не си дома во 7:00 часот наутро и во 19:00 часот навечер, тогаш исклучи го рутерот од струја во 7:00 часот наутро или во 19:00 часот навечер и веднаш потоа повторно вклучи го во струја, и воопшто нема ни да забележиш дека линијата паѓа бидејќи нема да бидеш дома во тој временски период.
А доколку си поврзан на бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш биди среќен доколку само еднаш во денот паѓа линијата, бидејќи сигналот на бакарната телекомуникациска мрежа варира од повеќе фактори, почнувајќи од оддалеченоста од локалната телекомуникациска централа и точките на спојување, а потоа и од други фактори, како на пример дали рутерот кој ти го дале на користење е исправен, дали адаптерот за рутерот е со соодветна моќност и ампеража, дали параметрите на бакарната телекомуникациска линија се соодветно подесени во локалната телекомуникациска централа - доколку користиш MaxTV можно е рисиверите непотребно да влечат од Интернет брзината повеќе отколку што им треба, поради што ќе треба од централата на Македонски Телеком да им ја ограничат Интернет брзината на рисиверите за да не трошат повеќе отколку што навистина им е потребно, како и бројни други фактори.