По извонредниот 3 Мax, доаѓа интернет со брзина на светлината!
17.11.2009
Поврзувањето со оптички кабел ќе значи зголемена информираност, како и побрз и посигурен начин на комуникација за македонските граѓани
Само една година по воведувањето на МaxTV на македонскиот пазар и 3 Max пакетите, со постигната бројка над 12 000 активни корисници на дигиталната телевизија, Македонски Телеком денеска објави збогатување на продуктното портфолио за различни типови на кориснички потреби.
По одличниот прием на 3 Max пакетите, но со цел да одговори на барањата на сите корисници, компанијата денеска го промовира новиот пакет 2 Маx, со цел да го направи MaxTV достапен до што е можно повеќе граѓани . Пакетот вклучува само телевизија и фиксна линија, и е идеален за оние корисници кои немаат потреба од интернет. А, со намера да се поддржи зголемувањето на интернет пенетрацијата во Македонија, Македонски Телеком објави три месеци гратис на Call & Surf пакетите, интернет со големи брзини и бесплатни телефонски разговори со над 120 000 членови на големото 3 Маx и Call & Surf семејство.
Една година откако се ребрендираше, компанијата воведе различни новитети на македонскиот пазар, инвестираше во надградба на мрежата, го збогати продуктното портфолио, и постојано работи на подобрување на квалитетот и додавање на дополнителни вредности за своите корисници.
Во таа насока, само една година од воведувањето на 3 Мax пакетите, Телеком започна со поврзување на македонските домови преку оптички кабел. “Од први декември 2009 година, комплетното продуктно портфолио на MaxADSL, Call&Surf и 3Max ќе функционира преку оптички кабел под името Max Optic, во областите поврзани со оптика. Нашата цел е да им го обезбедиме на што е можно повеќе граѓани ова ново искуство и да уживаат во светските телекомуникациски иновации. Ние на нашите корисници им го носиме интернетот со брзина на светлината”, изјави на денешната прес-конференција Главниот директор за Маркетинг, Матијас Ханел.
Оптика до домот (FTTH) е најнапредната технологија во светот за широкопојасен интернет пристап и за телекомуникациски услуги воопшто. Тоа е технологија на иднината која овозможува пренос на повеќе податоци, преку поголеми растојанија на посигурен начин. Со Оптика до домот корисниците ќе имаат можност да добијат огромни и симетрични интернет брзини и до 50 Mbps, гледање на повеќе ТВ програми со висока резолуција во исто време, истовремено сурфање на интернет и разговарање на повеќе телефонски линии. Оваа технологија моментално ја користат над 20 милиони претплатници низ светот.
Истовремено, денес Македонски Телеком го најави почетокот на наградната игра, со главна добивка Audi А4 како подарок за Божиќните и Новогодишните празници.