Тачи слави, Европа го обвини за трговија со органи

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Уапсен, па ослободен главниот хирург од аферата „Медикус“


Турската полиција го привела Јусуф Сонмез, кој е осомничен дека учествувал во десетици нелегални операции за вадење човечки органи, кои биле извршувани во приштинската клиника „Медикус“


Сонмез при апсењето во Истанбул
Турската полиција го уапсила докторот Јусуф Сонмез, кој е осомничен дека е главниот хирург во нелегалните операции за вадење човечки органи на Косово, каде што се претпоставува дека учествувал во десетици такви потфати.

Неколку часа по апсењето Сонмез бил привремено пуштен на слобода до евентуалното судење. Турција инаку не ги испорачува своите државјани на други земји, но дозволува тие да учествуваат во сослушување доколку има потреба за тоа. Во случај да биде осуден, Сонмез ќе ја издржува казната во Турција.

Турските медиуми пренесуваат дека Сонмез, кој оперирал во приштинската клиника „Медикус“, бил уапсен во Истанбул, но не се соопштуваат повеќе детали за неговото апсење. Портпаролката на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ, изјавила дека апсењето било извршено врз основа на потерницата што била издадена од приштинскиот суд поради неговата вмешаност со аферата „Медикус“.

Гудељевиќ одбила да одговори дали турскиот хирург може да се доведе во врска и со извештајот на специјалниот известувач на Советот на Европа, Дик Марти, за нелегалната трговија со органи, кои биле вадени од српски заробеници за време на војната во Косово.

Во извештајот, Марти посочи дека сите афери со кражбата на органи ги организирале истите луѓе, а судијата на ЕУЛЕКС, Џонатан Рател, неодамна изјави дека на сиромашни луѓе, кои биле пренесувани на Косово, им биле давани лажни ветувања дека ќе добијат пари за своите органи, кои потоа биле продавани на црниот пазар. За време на сослушувањето на седум лица обвинети дека припаѓаат на меѓународната мрежа за трговија со човечки органи, Рател го посочил Сонмез, кој е познат и по прекарот Доктор Вампир, како главен хирург во операциите во приватната клиника „Медикус“.

Извештајот на Марти привлече големо внимание, бидејќи во него беше наведено дека припадници на т.н. дреничка група на Ослободителната војска на Косово (ОВК), со која раководел косовскиот премиер Хашим Тачи, ги убивала заробениците, претежно косовски Срби, од кои потоа биле вадени органите

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1131192962&id=11&prilog=0&setIzdanie=22180
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.279
Поени од реакции
84.395
Тајната полиција има документи за киднапираните Македонци

Има еден момент што ја поврзува Македонија со илегалната трговија со човечки органи. Тоа е дел од 12-те киднапирани Македонци за време на војната во 2001 година. Затоа македонската делегација треба да го поддржи ивештајот на Дик Марти за илегалната трговија со органи, побара Народното движење на Македонија.
“Во македонската тајна полиција уште од 2002 година постојат два оперативни документи со конкретни сознанија за 12-те киднапирани Македонци. Овие сознанија се добиени по две основи, од лице кое соработувало со ДБК и од примена на мерката расчистување со лице што било во командниот кадар на тогашната ОНА. Интересно е тоа што тие две изјави се совпаѓаат и според нив шестмина од киднапираните се убиени, а шестмина се префрлени на Косово“, изјави на денешниот прес Јанко Бачев, претседател на партијата.
Лидерот на НДМ рече дека владите во изминатите 10 години одбрале да ја кријат вистината за киднапираните Македонци, за да не се нарушат коалициските односи, во услови кога злосторниците се поранешни команданти на терористичката ОНА, сега македонски политичари и функционери.
“Затоа, надлежните органи во изминатите десет години само ја замајуваат јавноста и ги лажат роднините на киднапираните, иако за 24 часа може да се расчисти овој случај, само ако сакаат, со оглед на квалитетните сознанија што ги поседува македонската тајна полиција.“, вели Бачев.
Неговата партија побара македонското правосудство да ги разгледа сознанијата што ги поседува македонската тајна полиција за шестте киднапирани македонци кои своевремено се однесени на Косово, и како надлежно да го истражува овој случај во контекст на извештајот на Дик Марти за илегалната трговија со човечки органи.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.279
Поени од реакции
84.395
Барајбар: Има доволно докази за жолтата куќа

Хозе Пабло Барајбар поранешен форензичар на Унмик изјавил дека во извештајот на Дик Марти имало доволно факти за покренување истрага. Додал дека некои од податоците на Марти се поклопувале со неговите, до кои дошол додека бил на Косово и Метохија.
Барајбар е човекот што на светот му ја откри “жолтата куќа“.
“Посебно ми е мило заради една работа која постојано ја повторував, но, никој не слушаше, дека во Кукс, Албанија постои логор. За тоа јавно говорев додека бев на Косово. Тоа е вистина која никој не ја прифати. Го видов логорот, но, луѓето во Косово тоа го одрекуваа. Следната работа се гробовите во кои се закопани неидентификувани лица, кои ги наведе Дик Марти. Ние ги најдовме во местото Бицај во околината на Кукс. Тоа е исто така занимливо“
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Како светските “ЕЛИТНИ ПО ПРАВОТО НА ЧОВЕКОТ“ организации, воени и цивилни, со сите расположливи средства за истрага и за мониторинг им промакна оваква работа ?
Односно, знаеле а не реагирале ?
Зошто ?

НАТО и ЕУ ?
А ?

Затоа што им прди кога православен словен.

А ваму бе проценти ми бројат, во администрација, те јазик, те знаме, те илирида, те рамковен.

Ние како народ ако на време не ги спознаеме работите онакви какви што се а не онакви какви што ни ги прикажуваат не чека жолта фабрика со ленти кои 24 часа ќе работат во 3 смени.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.279
Поени од реакции
84.395
Ние како народ ако на време не ги спознаеме работите онакви какви што се а не онакви какви што ни ги прикажуваат не чека жолта фабрика со ленти кои 24 часа ќе работат во 3 смени.
Џабе. Немаат гајле, све дур не биде секој од нив/нас дојден на ред на самата лента. Тогаш ќе биде касно.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.398
Поени од реакции
8.521
Усвоен извештајот на Дик Марти за трговијата со човечки органи -започнува истрага!
Истрага за жолтата куќа и за трговија со човечки органи за што се посочени и лидерите на Косово, поранешни водачи на ОВК- одлучи Парламентарното Собрание на Советот на Европа попладнево. Го усвоија извештајот на Дик Марти и побараа расветлување на сериозните обвинувања за злосторства со воени и цивилни заробеници за време и по косовската војна.

-Нема разлика меѓу српските и албанските мајки кои ме среќаваа во Приштина и ме молеа, ме проколнуваа да им помогнам за да дознаат нешто за нивните изгубени деца. Поради тие мајки, мора да направиме нешто, рече известувачот Дик Марти на крајот на расправата за неговиот извештај, за што диби аплаузи од пратениците во Стразбур.

Уште утринската расправа навести дека извештајот на Дик Марти ќе биде усвоен, претставници на сите пратенички групи- конзервативците, социјалистите, либералите се сложија дека треба да има независна и непристрасна меѓународна истрага за наводите во извештајот, но и потенцираа дека целиот случај не треба да се злоупотреби против независноста на Косово.
Дик Марти ги убедуваше сите дека не станува збор за политички извештај дека ниту е против Косово ниту за Србија.

Пратениците од Албанија и од Турција поднесоа 19 амандмани за да се ублажи и избалансира извештајот со исфрлање на зборовите како „доказ“ или „тврдење“ кои често се употребени во извештајот. Еден од амандманите го подржа и македонската пратеничка Ермира Мехмети, сметаше дека во насловот на Резолуцијата треба да стои „истрага за наводните злосторства“ за да се избегне прејудицирање на вина.

-Некои изјави во извештајот се контрадикторни, некои пристрасни. Дали целта на известувачот е да ја достигне правдата или има некои други политички цели. За целта на Косово знаеме која е- да се приближи на стандардите на Советот на Европа, -изјави Ермира Мехмети, пратеник од ДУИ во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Најголем дел од амандманите беа одбиени. Иако резолуцијата е изгласана, останува проблемот како да се заштитат сигурните сведоци кои ги спомна Дик Марти и кои според него може да помогнат во истрагата. Советот на Европа треба да ги разгледа и подржи мерките за заштита на сведоците и соработниците на правдата на Косово, не само за случајот „жолта куќа“ туку и за други истраги поврзани со организиран криминал и корупција

извор
Се се враќа се се плаќа
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.279
Поени од реакции
84.395
НАТО отворил истрага на Косово за Тачи и Халили

Портпаролот на КФОР капетан Ханс Витер изјави дека НАТО започнал внатрешна истрага за потеклото на документот во кој премиерот на Косово Хашим Тачи и други високо позиционирани косовски претставници се претставени како шефови на мафијата во земјата.
Западните медиуми претходно објавија доверливи воени документи на Алијансата во кои Тачи се смета за една од „најголемите риби“ на организираниот криминал во Косово и дека неговиот близок сојузник Џавит Халити ги обезбедувал врските со албанската мафија.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Како светските “ЕЛИТНИ ПО ПРАВОТО НА ЧОВЕКОТ“ организации, воени и цивилни, со сите расположливи средства за истрага и за мониторинг им промакна оваква работа ?
Односно, знаеле а не реагирале ?
Зошто ?


НАТО и ЕУ ?
А ?

Затоа што им прди кога православен словен.

А ваму бе проценти ми бројат, во администрација, те јазик, те знаме, те илирида, те рамковен.

Ние како народ ако на време не ги спознаеме работите онакви какви што се а не онакви какви што ни ги прикажуваат не чека жолта фабрика со ленти кои 24 часа ќе работат во 3 смени.

Затоа што не им идеше у прилог во момент кога се вршеше глобално перење мозок за ликот и делото на Слободан Милошевиќ и Србија како злочинци и непочитувачи на човековите права.

Колку што те пратам и ти си еден од испраните, така да не поставувај прашање за кое ти си одговорот.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Парламентарното собрание на ОБСЕ усвои резолуција и со тоа даде зелено светло да почне истрагата за трговијата со човечки органи.

Проблемот е што резолуцијата не е покрената на Советот за безбедност на ОН, туку потпаѓа под јурисдикцијата на ЕУЛЕКС И УНМИК.

ОБСЕ ја поддржува истрагата за трговија со човечки органи на Косово

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/07/26/feature-04

.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom