L
Liberation
Гостин
Советот на Европа му ја загорчи изборната победа на Хашим Тачи. Се уште несоземен од славјето пред два дена, косовскиот Премиер е ставен пред веројатно најтешкиот тест во политичката кариера. Известувачот на Советот на Европа, Дик Марти, по две годишна истрага го осомничи Тачи дека предводел синџир за шверц на човечки органи кон крајот на 90-тите.
Според него, тогашната ОВК, предводена од сегашниот премиер, киднапирала Срби и Албанци, пред да ги убие, им ги вадела здравите органи и ги продавала во странство.
Најголем дел од операциите се одвивале во соседна Апбанија, во близина на аеродромот во Тирана, од каде органите биле експресно пренесувани, најчесто во Русија, Албанија и Турција.
Замижувал ли западот пред криминалните активности на Тачи, кого самиот го промовираше од бунтовник во политички лидер, забележуваат денеска речиси сите западни медиуми, не колебајќи се во убедувањето дека извештајот сериозно ќе го поткопа легитимететот и ќе стави точка на романтичното раѓање на новата нација.
Белград во тврдењата на Марти прогласи голема победа за вистината. Приштина препознава смислен обид да се дискредитира независно Косово.
Најголем дел од аналитиачрите порачуваат – вистинскиот тест за легитимноста на Косово ќе зависи од подготвеноста на новата држава да го повика својот премиер и другите истакнати политичари на одговорност.
Истрагата на Советот на Европа формално беше отворена по објавената книга на Карла дел Понте во кои таа ја отвори аферата со шверцот на човечки органи. Минатиот месец седумина беа обвинети во случајот со клиниката Медикус, осомничена дека регрутирала странски донатори. За симболичен надомест им ги вадела органи и за вртоглави суми ги продавала во странство.
Извор