Тато и мама православни, јас атеист

Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
ЛП бој, нема сите да се венчаме во црква, за брак важно ти е само матично. Ако ти твоето дете го крстиш само за да може да се венча во црква, а не го воспитуваш морално како што ти налага религијата, тогаш ништо не си направил.

Тато и мама се православни христијани, до пред неколку години јас бев католик, сега сум пантеист :confused: и друид.
Набрзо ќе станеш и будист.
:cool:
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337
Моите родители се големи верници, посебно татко ми. Дома се славеа сите празници, се почитуваа сите обичаи, се фрлаа огромни суми на пари за секоја слава. Кога бев мала им се радував на празниците, ама кога дојдов до тој момент да не се пронаоѓам себеси како христијака ми беше многу мачно. Морав да седам на бадник со сите на маса и да превртувам очи, едвај да чекам да помине вечерата, барав изговори за да не одам во црква и сл.
Сега живеам сама и го немам тој проблем, ама многу ме иритира тоа што татко ми ми се јавува за секој празник за да ме праша дали славам. Кога ке му кажам дека не славам, а најчесто и немам појма дека тој ден е празник, веднаш почнува со коментари од типот "грев е така да збориш"...
Најчесто се обидувам да се извадам со работа, нешто у стил како "работам и немам време за славење празници" и одма на тоа имам коментар "на празник не се работи, не се занесувај, господ ова, господ она"
Тешко ми е да се расправам со семејството на тема религија, затоа што секогаш кога ке кажам што мислам прават некои гримаси кои ми наметнуваат грижа на совест, затоа најчесто се трудам да се воздржувам од коментари.
 
С

сашенко

Гостин
ирониа е да си атеист, а на гробот да ти стават крст, иронија е да си крстен а да си атеиста. Сакаш нејќеш си некој халфатеист. Атеистиве цел живот се караат со мајака им, мамо маа зоѓшо си ме крстила у црква. А овие шо викаат тато е атеист прашајте го ако е атеиста дали е венчан у црква и зошто дозволил детето да му е крстено. Незнаете ни вие шо сте туку ај мрџете боље тука него стратегии да ми играте. И јас минев пубертет знам како е.
[/COLOR]

Да сум крстен во црква, да ми го сечеле патлакот како муслиманите шо прават, да учествувам во некоја церемонија за принесување дарови на грчките богови и да учестувам во некои ритуали пагански мене не ме прави верник во тие работи.Можам за забава да отидам, да видам како е.Тоа што ме крстиле, ме крстиле не по моја воља.А и кога ја не верувам дека тоа нешто постои, зошто би ми сметало мене да сум крстен.Замисли да имаше некој ритуал за дедо мраз и без тој да неможеш да добиваш поклони од него :pos:, ти кога не веруваш дека постои дедо мраз, зошто би ти сметало ако како дете си го поминал тој ритуал?
 
Па има ритуал за дедо мраз. Нема да добиеш пакетче ако не си бил умен, плус и елката треба да се накити:)
 
С

Само Човек

Гостин
[/COLOR]

Замисли да имаше некој ритуал за дедо мраз и без тој да неможеш да добиваш поклони од него :pos:, ти кога не веруваш дека постои дедо мраз, зошто би ти сметало ако како дете си го поминал тој ритуал?
Постојат многу ритуали за дедо Мраз, и утре на моето дете ќе му ги правам. Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Па има ритуал за дедо мраз. Нема да добиеш пакетче ако не си бил умен, плус и елката треба да се накити:)
Дедо Мраз е Јехова за цицалчиња...Првин се почнува со полесна литература после се оди на потешка. Горење во пеколот за век и векова...на почеток само поклонче не добиваш ако си лош.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Дете џабе убедуваш некои луѓе со здрав разум.Секој си има право на свое размислување.
http://abcnews.go.com/GMA/stephen-hawking-science-makes-god-unnecessary/story?id=11571150#.T41JbKu_F2A
Hawking and other scientists have, in the past, suggested God is used merely to explain away gaps in human knowledge.
Особено овој дел.Те разбирам како размислуваш но џабе пукаш тука на форум глупости од типот вие сте глупи што не верувате,јас сум паметниот.Па дете мене ми е чиста совеста од нашиот подглавар кој вози џип и парите ги цеди од нас.Штета што го носи моето име и го мразам тоа.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Ова е исто како кај мене дома. А зошто сум Атеист денес знам ама јас бев Атеист и на 8 години кога бев шупелка.
Црквата или која било друга верска организација не ја поднесувам бегам што подалеку од неа и тоа го правев уште како мал.
Изгледа дека во претходниот живот сум бил спален на клада од Инквизицијата :D нема друго објаснување зошто не ја сакам црквата уште од мали нозе.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
иронија е да си атеист , а дома да ти ги слават сите верски празници. И кога мајка ти те вика за бадник ти демеек оти гладен сум седнувам. Ироничен живот
Дали во иднина твоите деца ќе мора по дифолт да бидат верници ако ти си верник или атеисти ако си атеист?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.635
Поени од реакции
34.031
Дали во иднина твоите деца ќе мора по дифолт да бидат верници ако ти си верник или атеисти ако си атеист?
По негова логика, иронично е и апсурдно да сме атеисти, само затоа што не крстиле.
Аналогно, за целиот живот да ни има смисла, мора да живееме како што сме жигосани. Хрсистијани, верници.
 
С

Само Човек

Гостин
Дали во иднина твоите деца ќе мора по дифолт да бидат верници ако ти си верник или атеисти ако си атеист?
чекај да свртам два круга (720) и да ми каже татко ми дека усвари сум напраил 360 степени па може ќе ти одговарам
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
По негова логика, иронично е и апсурдно да сме атеисти, само затоа што не крстиле.
Аналогно, за целиот живот да ни има смисла, мора да живееме како што сме жигосани. Хрсистијани, верници.
Jaс сум крстен Атеист :P
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
чекај да свртам два круга (720) и да ми каже татко ми дека усвари сум напраил 360 степени па може ќе ти одговарам
Уф....ме закопа у поим со иронијава сеа.... А јас мислев ќе научам нешто.:confused:
--- надополнето: 17 април 2012 во 18:35 ---
По негова логика, иронично е и апсурдно да сме атеисти, само затоа што не крстиле.
Аналогно, за целиот живот да ни има смисла, мора да живееме како што сме жигосани. Хрсистијани, верници.
Ништо.....да се договориме и сите заедно у вардар да се фрлиме. :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Па и православието не е од потанокот на светот. Претците твои биле пагани па еден ден некој од нив рекол “мамо, Тато од денес ќе бидам христијанин“ (сигурно и тогаш се дискутирало за тоа како нешто чудно и несекојдневно) Религијата е променлива категорија, нови вери настануваат старите исчезнуваат така да нема потреба да се секира многу чоек за тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom