Таен проект на власта за обработка на новинари

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.585
Таен проект на власта за обработка на новинари

Десетина новинари, вработени во новински куќи, без знаење на нивните редакции, тајно работат за Владата и ги подготвуваат говорите на премиерот Владо Бучковски, прес-конференциите на неколку министри, како и нивните изјави и брифинзи со новинарите, дознава „Време”.

Сите тие работат за агенцијата за односи со јавност „Фабрика”, чиј управител и основач е Петар Арсовски, директор на агенцијата „Имиџ ПР”.

Групата, за која знаат само најтесен круг луѓе од власта, ја предводи Зоран Јачев, претседател на невладината организација „Транспарентност Македонија”. Јачев во изјава за „Време” тоа категорично го негира, иако нашите извори го потврдуваат спротивното.

Новинарите, заедно со Јачев, во „Фабрика” работат под строга тајност откако ќе заврши нивното работно време во редакциите, од 18 часот натаму. Нив ги плаќа Владата, која пред неколку месеци склучила договор со „Фабрика”. Како што дознаваме, почетната месечна плата за вработените во „Фабрика” е од 300 до 400 евра, кои се издвојуваат од буџетот на сметката на агенцијата. Новинарите, како и другите вработени, добиваат бонуси доколку успешно ја завршат работата. Тие прават анализи за премиерот и за неколку министерства.

Основна цел на агенцијата е да ги креира имиџот и рејтингот на премиерот Бучковски и на министрите непосредно пред изборите, а истовремено е начин да се има увид во работата на новинските куќи, во нивната агенда и планови за работа.

Освен Јачев, за владината агенција работат и новинарите Ристе Недановски и Виолета Цветановска од весникот „Вечер”, Горан Теменугов од Македонското радио, Борјан Јовановски како надворешен соработник, неколку новинари од неделникот „Форум”, надворешни соработници се и Сабина Факиќ и Герман Филков, поранешни новинари од А1-телевизија. Како што дознаваме, имињата на сите ангажирани новинари се држат во најстрога тајност и не стојат во ниту еден документ што се доставува до Владата. За тоа каде и што работат не смее да знае никој од другите колеги во медиумот, ниту пак нивните блиски, за што тие потпишуваат посебни договори. Нашите извори велат дека како надворешни соработници се ангажирани уште голем број други активни новинари, кои парите ги добиваат на рака.

Задачата на новинарите е да ги следат дневниот печат и вестите на телевизиите. Потоа, тие препорачуваат што треба премиерот и министрите да сторат утредента: дали да одржат прес-конференција, како да настапат, кои ќе бидат можните замки од новинарите, како да одговорат на новинарските прашања. Тие ги подготвуваат прес-конференциите и изјавите што треба да ги дадат премиерот и министрите пред новинарите.

За секоја афера што ќе ја обелоденат медиумите, хонорарците во „Фабрика” во текот на вечерта смислуваат начин како Владата да ја оправда и советуваат како да се настапи пред јавноста. Материјалот го испраќаат директно до министерствата или до премиерот. За тоа дали постои конфликт на интереси во функцијата на Јачев ја консултиравме и невладината „Транспаренси интернешнл”. Кетрин Вулард, програмски координатор за Европа и за Централна Азија од „Транспаренси интернешнл”, вели дека тие веднаш ќе испитаат дали Зоран Јачев навистина работи за Владата и дали тука постои конфликт на интереси.

- „Транспарентност” има многу строга политика во врска со конфликтот на интереси. Овој случај ќе биде на прво место на нашата следна седница. Детално ќе испитаме за што станува збор и дали постои конфликт на интереси - ни изјави Вулард. И покрај тоа што голем број луѓе во новинарските кругови знаат дека Зоран Јачев работат за „Фабрика”, а воедно и за Владата, тој вчера ги демантира информациите.

- Никогаш не сум бил ангажиран во „Фабрика”. Што ќе прават новинарите во нивното приватно време е нивна работа и тие можат да го користат како што сакаат. Меѓутоа, доколку тоа што го работат влијае врз нивната работа како објективни новинари, тогаш има етички проблем - вели Јачев.

И Петар Арсовски, основачот на „Фабрика”, демантира дека агенцијата е негова, и покрај тоа што во судскиот регистар тој е заведен како нејзин основач и управител, заедно со Александар Поповски.

- „Фабрика” не е моја. Јас сум во „Имиџ ПР”, а единствената соработка со таа фирма е што еднаш ни порачаа клипинг-материјал - вели Арсовски.

Сашо Чолаковски, портпарол на Владата, и Борис Кондарко, портпарол на СДСМ, вчера рекоа дека првпат слушаат за „Фабрика”. Портпаролот на СДСМ вели дека неговата партија не склучила и нема намера да склучува договор со ниту една агенција за односи со јавноста се до почетокот на предизборната кампања. Од материјалите до кои дојде „Време” се гледа дека тие се испраќаат и до СДСМ, со назнака за Борис Кондарко.

„Фабрика” се наоѓа во куќа во близината на Владата, но никаде нема натпис ниту лого на фирмата.


Екипа на „Време”

ЗНМ: Неетички!

Првпат слушам за вакво нешто, но ако навистина новинарите работат за Владата, тоа е чист конфликт на интереси, вели Иван Андреевски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

Тој вели дека новинарите навистина имаат ниски плати, но не смеат да си дозволат да работат за владини агенции, бидејќи тоа е спротивно на новинарската етика.

- Редакциите мора да поведат сметка за тоа каде им работат новинарите. Навистина ми е непријатно што го чув тоа - вели Андреевски.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=657&ArticleID=41195
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
ова е повеќе од јасно. Ова постоеше и од порано. Мислам се приметуваше како некои одредени медиуми или поточно одредени новинари се обидуваат да го свртата вниманието на јавноста или пак да ги искривуваат фактите. Но добро ете што некој дошол и до писмени потврди за овие нечесни работи. Сеа пред избори ќе се обидуваат да го ублажат поразот, ама не чини со секакви средства тоа да го прават, но што друго можеме да очекуваме од СДС за нив зборот ЧЕСНОСТ го нема во речникот. Најдобра логистика им се новинарите од утрински на нив не мора да им праат тајни проекти тие се со нив 100%, Вечер може да послужи, Вест малце потешко, Време ич(освен можеби неделното време со таканаречениот новинар Георски), Дневник...и се е можно! Значи како и да е со новинарите и нивните вести строго внимателно и после три пати мерење да пресечете хехе.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Е до таму е стасана новинарската фела во државата ни.Каде е бе објективното новинарство?јавно мислење креирано од власта.И сакате да читаме весници.Да бев член на Guns`n`Roses власта ке си купував весници и ке читав,а вака нема зошто да се трујам со писанија на квазипартиски војничиња.Објективно новинарство е мисловна именка.Јавно мислење не постои.Бетер од тоталитаризам сме .Уште да почне јавно да се цензурира и да се регулира тоа со закон,и у секој весник да има рубрика:Апотеоза на власта.
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Ova ne e zabraneto so zakon....Se e legalno....Taka rabotaat i vo Zapadnite demokratski zemji....
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Ako ne e zabraneto so zakon zosto takov zakon nema ili e napraven previd u zakonot, treba da se zabrani hitno zasto pretstavuva konflikt na interes! Nekoj novinar na Zapad da raboti za vlasta, a da gi stavi intersite na novinskata organizacija u vtor plan ke go papaat za dorucek.
 
Член од
6 август 2005
Мислења
103
Поени од реакции
2
Ova e politichka fotka na Vreme i ne zasluzhuva da se diskutira...kako ne najdoa nekoj i kaj niv.Tuku ajde da ja vidime sodrzhinata...nekoe tretoklasno piunche novinarche ke mu pishuva na Buchko-profesor i toa dobro potkovan po RIMSKO PRAVO govori?
Pa Buchko nema rezultati,a za govori polna mu e ustata i glavata.
Ova za zabraneto~dozvoleno...ne e uredeno,i ovie od Transparentnost se vidoa kolku se efikasni.Pa vladata se iznafali kolku bila transparentna,a ovie od Transparentnost duri i tribina za podrshka organiziraa(poltroni...nato support)na koja onaka bez perde iskazhaa vlastodrshcite deka ne ke se objavuval dogovorot za ESM.Ili so drugi zborovi ..koj ve shisha narode,a posebno vie lepeshkari transparentni.
Kaj nas ne treba novinar da bide platen za da naviva za vlada,tie i taka i vaka toa go pravat dobrovolno.
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Како може да е нормално новинар претходно да добива информации кои прашања да ги поставува и да знае кои ќе бидат одговорите. Како може тие исти новинари да зборуваат за НЕЗАВИСНОСТ на новинарството или да им делат совети на граѓаните? А Итар Пејо тоа што викаш не е точно за Време. Време е солиден весник и релативно нов па можеби и затоа не нашле некој од кај нив. Иако Бранко Героски од неделно Време ми е сомнителен хехе. А тој Зоран Јачев од Транспарентност е бивш вработен во МВР и работи за СДС нормално демек под превезот на НЕвладина организација рарешува некои мистерии околу владините решенија а всушност ги оправдува. Глупости. Затоа пазете што читате и што гледате и примајте ги информациите од повеќе места !
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
dungeon master напиша:
Pazete sto pisuvate za vlasta, da ne vi bide posle nekoj drug kriv :)
А што ти како џандарче ќе не плашиш иди бегај хаха
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
dungeon master напиша:
Pazete sto pisuvate za vlasta, da ne vi bide posle nekoj drug kriv :)
Нам никој друг никогаш не ни ни бил виновен, од памтивек ни се виновни комуњараанава.
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Е де па ти данџн да не мислиш вечно на власт дека ќе бидете? па и да сте. и Садам Хусеин падна хехе. Еве гледам сеа тајниов проект вклучил и некои форумџии што ќе градат имиџ на владата! Во две групи ќе бидат поделени. Едните ќе викаат сите се исти и не чинат ама мора да се гласа. А другата група ќе вика од сите зла најмалото или еден е изборот - СДС. Ама не им чини тезата не се најМАЛО туку најГОЛЕМО а не е еден изборот има повеќе а меѓу нив никогаш не го гледам СДС хехе.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Како и да е, една е ВМРО НП, таа мамата ќе и ебе на сета математика и комбинаторика на следните избори.
 

dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
Ja ne sum politicki opredelen, ama pak odev da glasam, kao od graganska obvrska :lud:

Ama sega vise ne odam, pa nema nekoj na moj grb da zima plata po 1000 evra osnovica, pa i uste odozgora utre ako go sretnes na ulica ce ti kaze ,, Ti znaes li ja koj sum''. Sega dobro ne se site takvi ama gi ima poprilicno takvi. Zatoa utre barem koga ce gi vidam kako si ja zgolemuvaat platata ke znam barem deka ja ne sum im go ovozmozil toa
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Назад на темата.

Време е единствен дневен дневник кој не е сопственост на ВАЦ (Бодо Хомбах + Срѓан Ќерим), следователно има какви такви можности за некаква независност. Не мислам дека им е добар потег да потегнуваат ваква расправија. И онака е позната состојбата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom