Табу теми

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Ајде малку општо да поразговараме за сите табу теми кои постојат, а постојат многу барем во нашиве простори.

Значи, кои се најчестите табу теми со кои вие се среќавате?
Од што зависи дали и колку ги има?
Дали се отсекогаш исти или постојано се надоврзуваат една со друга и се се` повеќе со секој нов ден? Или можеби се се` помалку?
Дали денешните табу теми се исти со тие кои некогаш постоеле?
Колку се тие добри или лоши за едно општество или за секој човек како единка?
А за вас лично што е табу тема? За што ви е непријатно да разговарате?

И за крај, како и со што против нив, доколку мислите дека не треба да ги има?:pipi:
 
Од тоа што јас приметувам денес низ скопските улици... постои голема етничка табу тема. Се кажува тивко името албанци, уште потивко Албанци. Ако веќе момче имаш храброст и доблест да кажеш Албанци кажи го тоа гласно. Нејсе, тоа е една од моменталните табу теми во градот, спомнување на националноста на албанците.

Мини табу тема е политичката ориентација, особено ако е таа сина. Што е добро, но да се направи голема табу тема и помаранџестите да бидат на исто ниво како другите. Па да нема веќе муабет за политика.
 
Табу теми колки сакаш,посебно овде кај нас...па дури и глупиве водителки премногу го употребуваат овој збор
...порано било табу да се зборува за танги,пирсови,тетоважи...сега е табу тема за слободата во сексот,сексуалната ориентација и слични работи кои малку по на запад веќе се прележни тие болести,значи секое време со свои табу теми...дали да ги има? Па би требало нели ако за се се збори ќе стане монотоно,досадно...:toe:
 
Ајде малку општо да поразговараме за сите табу теми кои постојат, а постојат многу барем во нашиве простори.

Значи, кои се најчестите табу теми со кои вие се среќавате?
Од што зависи дали и колку ги има?
Дали се отсекогаш исти или постојано се надоврзуваат една со друга и се се` повеќе со секој нов ден? Или можеби се се` помалку?
Дали денешните табу теми се исти со тие кои некогаш постоеле?
Колку се тие добри или лоши за едно општество или за секој човек како единка?
А за вас лично што е табу тема? За што ви е непријатно да разговарате?

И за крај, како и со што против нив, доколку мислите дека не треба да ги има?:pipi:

Лично за мене нема моментално некоја табу тема.Разговарам за се и сешто со секого.Не ми текнува за што би ми било непријатно да зборувам.Од она што го гледам околу мене има табу теми од секаков вид.За некој е табу тема хомосексуалност/бисексуалност,за некој редовен сексуален живот и партнери,за некој националност и разлики,ебење на прва вечер,трговија со луѓе,семејно насилство,свинг,секс играчки и продавници,мастурбација,садо-мазо...
Според мене,постоењето на табу теми зависи од општеството во кое живееме,осудите,предрасудите и стереотиповите кој постојат,шофинистичко-феминистички стојалишта,поставеноста на семејството и поблиското окружување.Зависи и од нас самите,колку ние дозволуваме нешто да остане табу.
Иста е од секогаш основата.Сексот бил и денес е,хомосексуалноста била и денес е,злоупотребата и насилството биле и денес се.Разликата од некогаш и денес е само во формата.Порано ако спиеш со некој пред брак си пачрва,денес ако спиеш во брак со друг си пачрва.Хомосексуалноста како сексуална ориентација постоела од секогаш,порано ако се дознаело дека спиеш со некој од ист пол те палеле на клада,денес во некои земји се држат за рака по улица и се венчаваат во црква пред целата светска јавност.Кај нас за жал уште тепаат со палки,ние тешко се менуваме,но сепак има некоја слобода и сменети размислувања што ме радува.Некој ден палките сами во гз ќе си ги начукаат,ќе дојде и тој ден.
Мислам дека денес има помалку,за разлика од пред десетина година.Тогаш семејно насилство не се ни пријавуваше,жените ќутеа тепани по дома како магарици,плачеа и кукаа кај комшивките.Денес бројот на пријавени случаи е голем и мажи пријавуваат семејно насилство.Се зборува отворено за причините,одлучно се оди на развод.
Против отров на табу темите е отворен разговор,било каде и било со кого.Подигнување на јавната свест за било која тема,разговарање,дебатирање.Еве како пример форумов.Успеваме да ги срушиме табуата,успеваме од сите аспекти да го разгледаме проблемот.Можеби некој е негативен,а некој позитивен,сепак се разговара околу нештото.
 
Хомосексуалноста и бисексуалноста се сеуште табу теми.Ретко кој се осудува јавно да говори за тоа или да се изјасни како хомосексуалец.Се согласувам со Леандра и семејното насилство уште табу тема.Можеби денес повеќе од порано се говори за тоа,но има уште еден куп жени на кои им ем страв да проговорат за тоа,да побараат помош.
До негде и одењето во секси шоп е табу,а и секси шоповите можи да се види дека се сместени на „тајни„ места, во подвожњнак,чикмаци и сл,за разлика од други земји кај што се на сред трговски центар.
 
Јас ќе влезам малце подлабоко, во највгнездените, табу теми кај секоја средина. На прво место, ИСКРЕНОСТА. Нели сфаќаме дека вистината ја претворивме во табу тема, денес веќе никој не е искрен, а што е уште полошо, и не се обидуваме да проговориме за тоа прашање. Зошто? Од последиците ли се плашиме? Животецов ни е мала слатка лага изговорена на вистински начин, а професијата лицемер стана неограничена од никакви заклучни факти, ИСКРЕНОСТА, вечно прикривање и страв од последиците.
 
За мене табу теми се сите оние кои ми одземаат од позитивната енергија, ме вложуваат , истоштуваат кога ќе завршат..
Ако имам вишок енергија дискутирам за се и сешто, па и за нив....
Прерасуди немам, па немам ни табу теми:)
 
Јас ќе влезам малце подлабоко, во највгнездените, табу теми кај секоја средина. На прво место, ИСКРЕНОСТА. Нели сфаќаме дека вистината ја претворивме во табу тема, денес веќе никој не е искрен...
Ептен коментар на место. Се наоѓаме во општествен вакуум каде немаме време, сила и желба д абидеме искрени со пријателите, а во исто време немаме пари да бидеме американци и да ја понудиме искреноста на професионалци. Ќе се распаднеме како малолетници по родителски развод...
 
Таква ни е реалноста, убаво кажа ВикторГГ, кога човек живее во сиромашна држава, се нема пари, народот е во трка само за материјален прогрес, нема време за искреност, дружељубивост. Излезете низ град и погледнете ги луѓето сите негде трчаат, брзаат.
Тоа ти е не сме ние Американци како што рече.
 
Ептен коментар на место. Се наоѓаме во општествен вакуум каде немаме време, сила и желба д абидеме искрени со пријателите, а во исто време немаме пари да бидеме американци и да ја понудиме искреноста на професионалци. Ќе се распаднеме како малолетници по родителски развод...

А мислите дека не е до нас тоа што не сме повеќе искрени со пријателите? Мислите дека доколку искрено сакаме, нешто може да не спречи во тоа?
Или нека не е само искреноста, општо нека е за сите табу теми. Мислите дека секој посебно си ги развива и негува или на некој начин се наметнати?
Ако го мислите второто, зошто повторно дозволуваме да ни биде наметнато нешто со што ние не се сложуваме?

Со оглед на тоа колку одговори има тука, треба ли да заклучиме дека има премногу, па дури и самото пишување за нив е табу тема?
 
Најчесто луѓето се плашат за својата репутација, живееме во таква средина кај што на луѓето им е битно што ќе кажат другите, верувам дека сите кога разговарат со најблиски пријатели и нема баш табу теми. Ако еден човек е слободен да разговара на некои теми му се додаваат разноразни епитети и најчесто тоа е пречката. Мада и јас не разговарам со сите за свашта. Може да се каже дека сега се помалку одколку порано, порано сексот бил табу тема сега веќе не го сметам за таква тема можда и годините го носат своето.
 
Мислите дека секој посебно си ги развива и негува или на некој начин се наметнати?
Ако го мислите второто, зошто повторно дозволуваме да ни биде наметнато нешто со што ние не се сложуваме?

Со оглед на тоа колку одговори има тука, треба ли да заклучиме дека има премногу, па дури и самото пишување за нив е табу тема?

Па се` на светот е наметнато. Оние полиебрално настроени како и оние со побунтовен дух ќе сакаат да искочат од тој шаблон пробувајќи да докажат дека сами размислуваат, и повторно ќе влетаат во оној круг на “алтернативци“ каде исто така има закони и правила на однесување.

Нашите размислувања, најмалку во нашата мила и никогаш не прежалена Македонија, најчесто ќе останат само наши... бидејќи не сме Холандија, па идејата за смалување на границата за секс и педофилија ќе биде осудена како прилично луда.

Ете, тоа е табу тема... настран секс е табу тема (ако обичниот веќе ја тргна таа етикета) но во Холандија е нешто нормално, бидејќи нивното општество е само по себе малку настрано за нас а и за голем дел од светот. А што остана за муслиманскиот свет и табуата кои тие ги имаат во однос на немуслимансиот свет.

А на темата не пишуваат веројатно бидејќи ниеднаш не е спомнат зборот “курва“ во и без наводници што е предуслов за успешна тема :pos:
 
Не постојат табу теми,постојат луѓе кои сеуште ги негуваат ваквите теми .За свое лично задоволство или заради својот лажен морал.
Не потребата за разговори од секаков вид и секаква област не лежи само во општеството,лежи во својата искреност и својата игра во театарот наречен живот.

Доколку само разговараат за тоа колку јак мотор купил дечко и или како ја плеснал во кабриолетот ,како нејзините шминки ги има само каталог во Милано или нејзината гардероба е купена во Грција мислат дека ете впечатокот е вивнат до плафон.Напоредно за ваквите девојки табу тема би претставувала и доколку удварачот нејзин и каже дека нема пари за вечера туку само за сладолед.
Доколку разговараме со одреден круг на луѓе дека сме пацифисти и како се ни е избалансирано затоа што не праиме муабет за војни и насилства и се убаци пријател на маса како збори за терористите низ светот,еве ти веќе табу тема.
Седиме на маса и разговараме како имам разведена сестра,како комшиката ми е хомосексуалка,како колегата ми е градска курва...еве плус табу теми.Примери во недоглед.

Но јас пак ќе кажам сите тие табу теми остануваат како такви зошто одредени кругови во кои ќе се најдете во моментот не ја прифаќаат темата како поволна во тој муабет,не се дискутира зошто некој индирекно е посочен ,а не е искрен.

Табу теми постоеле и ќе постојат се додека постои глума во драмата и се додека постојат превези од лажни морали.
 
Но јас пак ќе кажам сите тие табу теми остануваат како такви зошто одредени кругови во кои ќе се најдете во моментот не ја прифаќаат темата како поволна во тој муабет,не се дискутира зошто некој индирекно е посочен ,а не е искрен.
Ептен интересно, мене ме убеди.

Наш гласен пример за масовна табу тема. Национална поделба и проблем за говорење на религиска основа во јавност. Мнооогу луѓе пазат на кеј да не кажат “албанец“ или “Ова, ова оџиве преку кур од нив... “

Но ако се најдеш во затворена просторија и со малку алкохол, без проблем искача се`... :nenene:
 
Наш гласен пример за масовна табу тема. Национална поделба и проблем за говорење на религиска основа во јавност. Мнооогу луѓе пазат на кеј да не кажат “албанец“ или “Ова, ова оџиве преку кур од нив... “

Но ако се најдеш во затворена просторија и со малку алкохол, без проблем искача се`... :nenene:


Знаеш Виктор,мене не ми е проблем само затворената просторија,мене ми е проблем баш кој има внатре.Зошто јас можам и на сред плоштад да се изурлам како сестра ми е разведена ако сум сигурна дека сите ќе продолжат да го живеат мигот од кај застанале.
Можам да бидам искрена и немам табу теми доколу ми дозволи кругот на луѓе,доколку не зависи колку сум расположена за дебатирање ,за да ја развлечам темата како ништо веќе не е табу.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom