Ајде малку општо да поразговараме за сите табу теми кои постојат, а постојат многу барем во нашиве простори.
Значи, кои се најчестите табу теми со кои вие се среќавате?
Од што зависи дали и колку ги има?
Дали се отсекогаш исти или постојано се надоврзуваат една со друга и се се` повеќе со секој нов ден? Или можеби се се` помалку?
Дали денешните табу теми се исти со тие кои некогаш постоеле?
Колку се тие добри или лоши за едно општество или за секој човек како единка?
А за вас лично што е табу тема? За што ви е непријатно да разговарате?
И за крај, како и со што против нив, доколку мислите дека не треба да ги има?
Лично за мене нема моментално некоја табу тема.Разговарам за се и сешто со секого.Не ми текнува за што би ми било непријатно да зборувам.Од она што го гледам околу мене има табу теми од секаков вид.За некој е табу тема хомосексуалност/бисексуалност,за некој редовен сексуален живот и партнери,за некој националност и разлики,ебење на прва вечер,трговија со луѓе,семејно насилство,свинг,секс играчки и продавници,мастурбација,садо-мазо...
Според мене,постоењето на табу теми зависи од општеството во кое живееме,осудите,предрасудите и стереотиповите кој постојат,шофинистичко-феминистички стојалишта,поставеноста на семејството и поблиското окружување.Зависи и од нас самите,колку ние дозволуваме нешто да остане табу.
Иста е од секогаш основата.Сексот бил и денес е,хомосексуалноста била и денес е,злоупотребата и насилството биле и денес се.Разликата од некогаш и денес е само во формата.Порано ако спиеш со некој пред брак си пачрва,денес ако спиеш во брак со друг си пачрва.Хомосексуалноста како сексуална ориентација постоела од секогаш,порано ако се дознаело дека спиеш со некој од ист пол те палеле на клада,денес во некои земји се држат за рака по улица и се венчаваат во црква пред целата светска јавност.Кај нас за жал уште тепаат со палки,ние тешко се менуваме,но сепак има некоја слобода и сменети размислувања што ме радува.Некој ден палките сами во гз ќе си ги начукаат,ќе дојде и тој ден.
Мислам дека денес има помалку,за разлика од пред десетина година.Тогаш семејно насилство не се ни пријавуваше,жените ќутеа тепани по дома како магарици,плачеа и кукаа кај комшивките.Денес бројот на пријавени случаи е голем и мажи пријавуваат семејно насилство.Се зборува отворено за причините,одлучно се оди на развод.
Против отров на табу темите е отворен разговор,било каде и било со кого.Подигнување на јавната свест за било која тема,разговарање,дебатирање.Еве како пример форумов.Успеваме да ги срушиме табуата,успеваме од сите аспекти да го разгледаме проблемот.Можеби некој е негативен,а некој позитивен,сепак се разговара околу нештото.