concrete
alte Esel
- Член од
- 22 март 2005
- Мислења
- 12.248
- Поени од реакции
- 1.703
Едрилиците се занимливи летала: прават вистински пилоти.
Всушност тој што не научил да лета на едрилица и не е пилот. Евентуално дактилограф , како од стикерот за на инструмент табла кој еднаш го видов у пилот-шопот на аеродромот во Аугзбург: куцам 300 знака во минута , а незнам да летам!!..
Пред дваесетите години на минатиот век едрилиците биле трапави полици кои можеле евентуално да прават куси скокови од сртот на некои ридчиња и многу извесно... да го повредат амбициозниот летач.
Додека со Версајскиот договор на победените германци не им било забрането да прават сиц...моторни авиони. А тие тогаш им се завртеле на безмоторните. Всушност на скоро сите нивни технички факултети се појавуваат кружоци на конструктори познати како акафлигер групи илити.. Akademische Fliegergruppe. Ако еве и сега се прогугла ќе се види дека и ден денешен постојат, што може лесно да ни појасни зошто ние сме нација на ноеви , а тие не....
Но не ми беше сеа тоа цел да распредам. Тие бргу , какви ги дал господ германците сватиле дека ова чудо , освен што евтино може да произведе иљадници пилоти..може да носи и товар. И почнале да градат и такви едрилици. Другите кога виделе што прават тие , почнале да ги копираат.., што довело до тоа да се конструирани и произведени огромен број од такви направи пред, за време и после втората светска војна. Додека всушност хеликоптерите не стапнаа на сцена со целата бука и шамата која ја прават, едрилиците беа главните шерпаси за товар итн. од врата до врата...
Има многу операции и други воени авантури каде главна или барем значајна улога имале ваквите леташки, на памет ми паѓаат....:
-освојување на мажино линијата
-Крит
-Нормандија
-снабдувањето на Белоруските и Украинските партизани во Русија
-Дрвар
-Бурма
-извлекувањето на Мусолини...итн.итн.
Скоро сите позначајни држави не останале кусо во желбата да имаат своја транспортан, борбена или слично наречена едрилица.
Дури и во Југославија по проект на познатиот конструктор на едрилици Шоштариќ се направија еден-два прототипа на Икарус 920 ( Икарус од Земун , уште постои и после толку време пак прави авионче , кое ќе морам да одам да го видам), но времето веќе им беше минато. Барем за тогаш, бидејќи од скоро пак почна да се шушка за таквата можност сега повеќе како беспилотно средство за дотур на товар на места и во случаи кога се друго е голем ризик...
Сега само ќе набројам некои најмасовно произведените, па после бомо видели...:
DFS 230
ВАКО ЦГ
Хорса
Русиве дефинитивно не се усликуеле баш многу..., а и многу малку едрилици , неколку стотини , дал и толку имаат направено во споредба со десетици иљади кај германците, англичаните и американците...
Грабовски Г 11