ТРАНСПОРТНИ ЕДРИЛИЦИ

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.697
Едрилиците се занимливи летала: прават вистински пилоти.
Всушност тој што не научил да лета на едрилица и не е пилот. Евентуално дактилограф , како од стикерот за на инструмент табла кој еднаш го видов у пилот-шопот на аеродромот во Аугзбург: куцам 300 знака во минута , а незнам да летам!!..
Пред дваесетите години на минатиот век едрилиците биле трапави полици кои можеле евентуално да прават куси скокови од сртот на некои ридчиња и многу извесно... да го повредат амбициозниот летач.
Додека со Версајскиот договор на победените германци не им било забрането да прават сиц...моторни авиони. А тие тогаш им се завртеле на безмоторните. Всушност на скоро сите нивни технички факултети се појавуваат кружоци на конструктори познати како акафлигер групи илити.. Akademische Fliegergruppe. Ако еве и сега се прогугла ќе се види дека и ден денешен постојат, што може лесно да ни појасни зошто ние сме нација на ноеви , а тие не.... :sneaky:
Но не ми беше сеа тоа цел да распредам. Тие бргу , какви ги дал господ германците сватиле дека ова чудо , освен што евтино може да произведе иљадници пилоти..може да носи и товар. И почнале да градат и такви едрилици. Другите кога виделе што прават тие , почнале да ги копираат.., што довело до тоа да се конструирани и произведени огромен број од такви направи пред, за време и после втората светска војна. Додека всушност хеликоптерите не стапнаа на сцена со целата бука и шамата која ја прават, едрилиците беа главните шерпаси за товар итн. од врата до врата...
Има многу операции и други воени авантури каде главна или барем значајна улога имале ваквите леташки, на памет ми паѓаат....:
-освојување на мажино линијата
-Крит
-Нормандија
-снабдувањето на Белоруските и Украинските партизани во Русија
-Дрвар
-Бурма
-извлекувањето на Мусолини...итн.итн.
Скоро сите позначајни држави не останале кусо во желбата да имаат своја транспортан, борбена или слично наречена едрилица.
Дури и во Југославија по проект на познатиот конструктор на едрилици Шоштариќ се направија еден-два прототипа на Икарус 920 ( Икарус од Земун , уште постои и после толку време пак прави авионче , кое ќе морам да одам да го видам), но времето веќе им беше минато. Барем за тогаш, бидејќи од скоро пак почна да се шушка за таквата можност сега повеќе како беспилотно средство за дотур на товар на места и во случаи кога се друго е голем ризик...

Сега само ќе набројам некои најмасовно произведените, па после бомо видели...:
DFS 230

ВАКО ЦГ

Хорса



Русиве дефинитивно не се усликуеле баш многу..., а и многу малку едрилици , неколку стотини , дал и толку имаат направено во споредба со десетици иљади кај германците, англичаните и американците...

Грабовски Г 11
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.986
Поени од реакции
15.154
чекај малку... мора нешто повеќе да напишеш
чим се разбираш во ова ЕДРИЛИЦИ.
Јас помнам некаде до крајот на 60 и почеток на 70 години, над Скопје летаа многу ЕДРИЛИЦИ. Авион ги влечеше позади и после ќе го откачеа јажето,сајлата кога ќе добие висина и ЕДРИЛИЦАТА кружеше околу или над самиот град и потоа сама се спушташе на стариот аеродром.
Објасни сега, ЕДРИЛИЦИТЕ значи немаат мотор(ли имаат).Нагоре мора да ги качи тогаш авион.Овие што летаа над Скопје беа тенки и со тенки крилја.А горе бидеиќи ништо не работеа, заначи ли тоа дека се обучувале на нив млади и нови пилоти.
Еднаш такав авион или едрилица падна во сред Вардар,па сите деца од Скопје трчаа да го видат тоа карши Опатија беше некаде.
Не ми е јасно ако немаат мотор како може да бидат товарни.како ќе се спуштат со таа тежина а да не се распарчат доле.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.229
чекај малку... мора нешто повеќе да напишеш
чим се разбираш во ова ЕДРИЛИЦИ.
Јас помнам некаде до крајот на 60 и почеток на 70 години, над Скопје летаа многу ЕДРИЛИЦИ. Авион ги влечеше позади и после ќе го откачеа јажето,сајлата кога ќе добие висина и ЕДРИЛИЦАТА кружеше околу или над самиот град и потоа сама се спушташе на стариот аеродром.
Објасни сега, ЕДРИЛИЦИТЕ значи немаат мотор(ли имаат).Нагоре мора да ги качи тогаш авион.Овие што летаа над Скопје беа тенки и со тенки крилја.А горе бидеиќи ништо не работеа, заначи ли тоа дека се обучувале на нив млади и нови пилоти.
Еднаш такав авион или едрилица падна во сред Вардар,па сите деца од Скопје трчаа да го видат тоа карши Опатија беше некаде.
Не ми е јасно ако немаат мотор како може да бидат товарни.како ќе се спуштат со таа тежина а да не се распарчат доле.
Најголем број и на авиони можат да “летаат“ и без мотори, се случува да им откаже мотор или мотори и се додека можат да ја одржуваат барем минимална стал брзина (во понирње) - ќе летаат. Имаше еден случај на патнички авион на кој му застанаа сите мотори над океанот, по една банална грешка на појдовниот аеродром наместо да му турат Галони гориво му туриле во литри (3 пати помалце) и остана без гориво на стотици километри од најблискиот аеродром, и успеа да доедри и слета на тенерифе.
Едрилиците многу често полетуваат и со влечење на земја со возило или со “тенгало“ каде се катапултираат, али то подобро ќе ти објасни конкретниот пошто е тој старомоден тип љубитељ на такви примитивни летала, јас сум појќе за величенствената и ненадминлива супертехнологија на америчките авиони, год блесед!
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.697
Едрилица е племенита леташка.
Тивка, чиста , елегантна. Еколошка до тука бидува....Пилотот мора да ги познава перфектно аеродинамиката, техниката на пилотирање , навигацијата, метеорологијата и пред се да има кондиција и талент за летање. Нормално не смее да има памет на птица... :)
За да лета , направа потешка од воздухот треба да ствара узгон. За тоа и требаат крила , со специфичен профил на пресек и влечна сила , која ја влече или бутка низ воздухот кој тогаш струи околу крилата , а бидејќи нивниот горен дел е испупчено закривен, тој мора да забрза над таа површина за да се сретне на крајот со воздухот кој тргнал под крилото, бидејќи мајката природа не трпи празнина т.е. вакум.
Забрзувајќи се динамичкиот притисок на воздухот расте , а статичкиот се намалува , значи на некој начин крилото се потсисува нагоре....тоа е силата узгонот. Леталата не лежат на воздухот , т.е. не се однесуваат како прлитка џитната над вода , како што по инерција многу народ мисли...туку ВИСАТ во воздухот. Нормално на влечната сила се спротивставува отпорот на воздухот. Затоа едрилиците пред се имаат форми со мал отпор..... тоа им е главниот штос. Друг силен отпор е индуцираниот. т.е на краевите на крилото воздухот од под крилото тежи да прескочи горе, а бидејќи леталото се движи напред тоа се манифестира со оние конуси ротори кои од крилото се развлекуваат зад него... Кај правоаголни крила со мал распон а со голема тетива , иако имаат најголем узгон тој индуциеан отпор е многу голем и резултатот, посебно кога брзината е поголема е катастрофален. Ова у школо се објаснува со циркулацијата , ама вака е поедноставно за на форум..Отпорите инаку растат со квадрат на брзината.. :)
Крило со голем распон, мала длабочина , т.е. витко крило е најпогодно за едрилица ..има најдобар однос Л/Д што се фика финеса. Прости едрилици и авиони имаат Л/Д= 10-15 т.е. од висина еден метар ќе прелетаат 10-15 во идеални услови на стандардна атмосфера...
Добрите едрилици имаат 50.
Значи од висина од 1 километар ќе прелетаат 50 км. Друга приказна е при која брзина , што директно зависи од вкупната тежина , т.е. оптоварување килограм/м2.на површините каде се ствара узгонот , илити подемна сила на македонски.. :)
Кај едрилици тоа испаѓа цца. 80-150 км/час, кај еден ербас 380 кој исто има мнооогу добра финеса тоа е преку 300 км.
Од каде е таа влечна сила кај едрилицата која за разлика од авионите нема елиса или млазен мотор??
Дел од тежината , според познатиот на оние кои не бегале од часови по математика...паралелограм на сили..., се претвара во влечна сила.
Што е отпорот поголем тогаш е аголот на планирање пострм . Штом е пострм, а за ист отпор брзината е поголема , ама и пикирањето кон земја стрмо. Аголот на најдобра финеса е оној минимален агол на понирање , кој овозможува сигурна брзина на лет...спомната погоре :)
Како се постигнува висина ??
Па за полетање може аеро запрега, влечење со витло , со возило , на падини на ридови и со катапултирање со гумено јаже, или во поново време помошен мотор со склопива елиса , а најново мал млазен мотор...
Кога си горе , бараш вертикални струења , познати како термички столбови , а се препознаваат бидејќи на врвот секогаш имаат мал облак кумулус до кумулус конгестус. Од кумулунимбуси се бега ко ѓавол од крст...Има сега и инструменти за нивно детектирање и навигациона опрема за брзо пресметување на параметрите на прелет , така да сега тоа е песма лета за разлика од некогаш. Ама затоа па то није то....
Значи кружиш во столбот кој нагоре се крева со 5 до 20 м/сек.., а ти пропаѓаш 1-1,5 м/сек. ..се во се качуваш еве 10 м/сек. за неколку минути си на 2000 метра , излегуваш од столбот , фаќаш правец накај сакаш да леташ и со брзина на најголем долет леташ натака. Во добар термички ден , можеш и 200 км. да пролеткаш во малата Македонија за саат-два ќејфои... :)
Било некад , сеа само Анчо се сеќава..Одамна во Македонија не се летаат едрилици , освен од страна на неколку преостанати дон кихоти у кондиција...неколку егземплари со малку преостанат ресурс од влагата на социјализмот... :) :)
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.911
Поени од реакции
31.229
првите зачетници на авијатиката летале со едрилици, залет од некое ридче па ја ќе откриеш шо е узгон ја ќе откриеш шо е задгробен живот ко ќе скршиш врат
Lilienthal04.jpg Lilienthal_Flug.jpg
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.986
Поени од реакции
15.154
Покрај ЕДРИЛИЦИ, секојдневно во Аеродром,летаа-паѓаа падобранци,
(за помладите тоа е кај оние турски кули па до Вардар,па до Н.Лисиче)
занчи онаму кај базентот бивш за титови офицери и нивни чеда.
или уште по ново некое си Тобако 2-3 или Бисер или Веро.
Е тука секој ден гледав како паѓаат падобраници помеѓу-позади зградите на кејот,оние три и Гранд хотелот,затоа што гледав од Еврејско маало.Тоа е онаму кај оној стар-нов театар.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.697
Кога сме кај тоа..влезот со стражарници останати кој знае од кога на Аеродромот беше некде каде е сега Попси лагери, ни десет метра накај раскрсницата кај школото. Почетокот на пистата , нормално тревната беше каде е сега автобуската станица прва после Тобако 2. Крајот каде е сега крајот на Булеварот каде петка врти под 90 степени накај последната станица Има уште таму ѕидтчиња од германските капонири, кај тие автопералните. Генерално булеварот од Три бисера до крајот лежи на пистата..
Чедо Јаниќ , историскиот директор на Музејот во Сурчин имаше некои податоци дека аеродромот како летиште првпат е спомнато од турските власти 1908 година...
Кај новите згради одма карши Базаро е бетонската структура за проверка на топовите и митролезите на авионите. На неа сека има реклама од Стокомак. Зградата на воздушното пристаниште на Аеро-пут , после ЈАТ е баш на тревникот помеѓу Веро и зградатата каде е Телекабел, се гледа погоре на фотографијата на едрилицата Илинденка , единственото летало што е изработено во каква таква серија , а е конструирано во Македонија.... :) Хангарот едниот , другиот сега е на Стенковец е уште на место таму позади пазрчето, а не сум бил одамна па незнам дали турчинот не ја сруши големата хала на ремонтниот завод Метеор и Падобранската зграда со кулата за проветрување и пакување на падобрани..... :) :) :)
 
Последно уредено:
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.734
Поени од реакции
1.115
Ако го однесе ветрот надолу - отиде.
Штом нема мотор и гориво - заеби.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.697
не е транспорна , ама затоа е родоначелник....


 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.697

Интересна транспортна едрилица, дал една , дал две се направени од компанијата Корнелиус Еркрафт, повеќе работилница всушност, но со иновативни идеи на газдата Џорџ Корнелиус...наменета за транспорт на гориво...т.е. летечка цистерна. Не баш да би било во воени , а и било какви услови да си јавнат на вакво муле за товар... :):):)[DOUBLEPOST=1473779597][/DOUBLEPOST]Интересен концепт за давање на нова улога на стар авион....

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom