Без навреда ама по прашањава кои ги поставуваш ми личи дека во 2012 веројатно си имал максимум 5 години и којзнае што си наслушнал.
Комити и Кумани никогаш немале закажана ферка. Имавте со ФА, кога ве исплескаа ко мали деца.
Имаше едно гостување во Куманово на РК Куманово-РК Вардар некаде во 2010 или 2011. Бевме 4 автобуси. На трибина имаше закачки со Делије Куманово, кои пробаа да испровоцираат од под нашата трибина. Се сведе на пцуење и цела сала ни свиреше кога пеевме ЈАС ТЕ ЕБАМ СРБИЈО, пола публика покажуваа три прсти.
Втора закачка беше меѓу Комбат и Кумани на КК Вардар - КК Куманово, кога членови на Кумани блегоа на терен на Кале и успеаја да тргнат една коцка Комбат од оградата, ама додека бегаа со коцката ги сочека член на Комити кој влезе од неутрална и ја врати назад. Комбат влегоа на терен и имаше тепачка со дел од Кумани и со кошаркарите на Куманово.
Трета закачка беше кога одеа Кумани на кошарка против Работнички, се погоди да играме ноќна на Градски. Па на полувреме се симнаа некои доле, ама заврши само со скандирања, ЕБР брзо разреши.
Во тие години Комити изненадно гостуваа на Шкендија-Вардар во Куманово, ама полицијата не дозволи влез. Во каменување со Балисти, на страна на Комити дојдоа да помогнат и членови на Кумани. Од наша страна, бевме на неутрална на Лирија-Куманово на кошарка куп во Борис Трајковски, кога настана инцидентот со ЕБР, први скокнавме да помагаме на трибината на Кумани. Плус имаше размена на секакви предмети со Шверцери од спротивната страна
Последен инцидент со Кумани/Делије Куманово беше во 2019 година, кога 15-тина членови на Комити без најава дојдоа на финалето од ракометниот Ф4 против Металург, па членови на Кумани (или Делије) дојдоа под трибината и скандираа СИСАЈ ВАРДАРЕ, ама не дојде до поголем инцидент. Пред утакмицата, членови на Кумани нападнаа дете што тренира во Вардар (од Куманово) и му ја земаа тренинг маицата. После таткото на детето ги тужеше напаѓачите.