ТИФОМАНИЈА!

Член од
18 септември 2020
Мислења
1.082
Поени од реакции
6.094
И затоа се поставуваше прашањето , колку беа Комити во Кавадарци за баражот лани, со оглед дека на целата трибина имаше над 3.000 луѓе дојдено од Скопје , така ке биде сеа и со Битолчани колку бил копот колку обични навивачи :D
Дај боже да се игра во Битола купот некогаш и да играме финале против вас, па ќе видиме колку скопјани обични навивачи би дошле.
Ние дефакто сме гости во недела против кој и да играме, се разбира доколку се пласираме во финалето. Скопје во било која сала е домашен терен на Вардар па и на Алкалоид.
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.471
Поени од реакции
5.377

Ние бевме гости во Кавадарци во купот пред две години :D
Изгледа не ме сфати , ке бидам искрен и реален , кога се работи за ракометот поглема е пасијата кај вас и како град и како група да одите секаде во поголема бројка .
За разлика од Комити кои знаеш дека прва цел му е ФК Вардар и најмаосовни гостувања секогаш би направиле за ФК Вардар .

Еве чим постави прашање ако се играше финале куп во Битола , ке дојдевме Комити бројка 250-300 луѓе и можеби уште 100-200 души обични навивачи (да додадам дека кај вас салата е помала за разлика од Борис и мислам дека нема услови за две големи групи )

Зборот ми беше дека вие можете да направите поголема мобилизација за гостување во ракомет отколку Комити ,тука немам дилеми .
Сепак како што кажа бидејки се игра во Скопје , нормално е да има повеќе навивачи на Вардар во сала , очекувам добра бројка од кај вас и да биде спектакл
 
Последно уредено:
Член од
22 мај 2023
Мислења
53
Поени од реакции
98
Па што и да направат Комити ќе бидат осудени на крај :D

Лозари и 90% од обична публика ќе доаѓаат организирано со автобуси, дирекрно на стадион, автоматски тешко да се нападнат како навивачка група. Тоа ќе биде збир од 3-4000 фанови што ќе дојдат одеднаш.
Нема да имаат собир како нас на 10 км од градот, како ние во Росоман каде што цел ден имаше наши членови (објавено и јавно како место зс собир).

Автоматски цел на напад се само оние што своеволно ќе дојдат на утакмица и поим немаат дека може да бидат нападнати. Очекувам да има барем 300-400 такви, како нашите во Кавадарци.

И тука секако си губитник. Ако ги нападнеш, ќе речат играме со шпонска екипа, а вие напаѓате. Плус јас никогаш не поддржувам тепање на луѓе што немаат врска со навивање. Али во случајов некои заслужија мило за драго да им се врати. Од друга страна, вака или онака Вардар секогаш имал симпатизери во Кавадарци и према нив не е фер да има такви напади.

А ако не нападнеме по ваквите фанови, тогаш ќе сме пички, ќе речат вака шетавме, обака шетавме :D

Значи врти сучи, секако губиме, освен ако нема некој што ќе влета покрај цело обезбедување на Градски и ќе скине транс :D
Zatoa mi bese muabetot, lani imase relativiziranje na napadite, vo smisla ne dojdoa na Komiti, nego random ekipi. Sea ako se sluci istoto kako lani, opravduvanjeto ke bide ama sto baraat so rekviziti, ne se Komiti picki. I ednata i drugata strana drzat voda, kako sto sum kazal i dosega vo nekolku navrati, dres i kapa so logo na klub ne se rekviziti, a i glup poteg od strana na Lozari shto ke dojde do naplata koga togas. Inace po moe nema sansi 3000-4000, 1500-2000 max.

Inace, kakov podem na navivanjeto vo rakomet. Osven Komiti sto se podobri na fudbal(vo odnos na navivanje na rakomet) ostanatite NG mnogu podobri izdanija, brojnost i navivanje imaat na rakomet otkolku na fudbal. Tuka pred se mislam na Ribari, Ckembari i Lozari. Pa brojkite na fudbal se nesporedlivo pomali otkolku brojkite na rakomet. Ckembosi krenaa posledniot period, i toa iskreno me raduva, se nadevam so vlezot vo 1-va liga ke prodolzi da raste brojkata i ke imaat BAREM nekoja konstantna brojka od 200 luge na obicna utakmica(zboram za navivaci), a na derbi so Vardar ke si prodolzat so izdanijata kako i da sega.

Gi citam prethodnite mislenja, za kosarkata...tuka pred se mislam deka ima golema uloga i kvalitetot na samiot sport. Pa pred 10+ godini ako se vratime, po 200+ luge na gostuvanja bea normalna rabota. FA, CPB, Lozari, Kumani, Combat na Vardar..najgolemoto rivalstvo bese na kosarka, vo rakomet zivo pile ne peese vo salite. Isto taka i reprezentacijata, 2010 kvalifikaciite za 2011 EP koga zavrsivme 4-ti, letno vreme vo avgust Boris bese prepolna na utakmicite so Ukraina i so Ungarija, za Velika Britanija i da ne zboram. Isto i euforijata so zavrsenoto 4-to mesto vo Litvanija si go napravi svoeto, pa do kaj 2014-15 mislam deka kosarkarskata scena bese no.1. Podocna sledi vidno opaganje na kvalitetot, nemame reprezentativni uspesi, kvalitetot na ligata e UZASEN i toa verojatno si nosi posledicite. Od druga strana, uspesite na Vardar vo Evropa realno privlekoa publika sekade, reprezentacijata konstantno igra golemi natprevaruvanja, od druga strana Bitolcani po 20 godini povtorno vo bitka za titulata, se pojavi i Alkaloid kako 3 klub (nesto kako Metalurg porano), Ohrid i Kavadarci po dolgi godini dobija stabilni prvoligasi..
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.082
Поени од реакции
6.094
@Kire Ultras
Не ме сфати и ти мене изгледа. Реплицирањето ми беше дека, ние(Чкембари, Битолчани) можиме да одиме Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица па и останатите градови и навивачи и обични фанови безгрижно. НО, Скопје за нас е друга приказна. Потполно истото важи и за вас(Комити, Скопјани), и вие можите да ја роварите безгрижно Македонија, но за во Битола, без разлика дали е фудбал или ракомет, обични фанови не верувам дека би се осмелиле да дојдат без ваша придружба. Исто важи и за нашите, не очекувам голем број на обична битолска публика да се истури пред Борис без нас. А навивачките групи се знае како одат.
Затоа твојот претходен обид за споредба, ние вкупно Кавадарци бевме 3000, па да видеме битолчани колку ќе бидат во Скопје. Не е Кавадарци за вас Битола, нити е Кавадарци за нас Скопје. Пак ќе наглсам, без разлика за кој спорт да се работи.
 
Член од
2 декември 2022
Мислења
191
Поени од реакции
501
Реално комити ако сакаат мобилизација да направат можат ко од шала едната страна да ја препунат од Борис , е сеа дали ќе се згнат ке видиме али баш би било супер прво ракометов финалето а после и фудбал во 7 дена 2 одлични изданија би имале , е сеа битолчани ајде испровоцирајте не дојдете 1000+
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.471
Поени од реакции
5.377
@Kire Ultras
Не ме сфати и ти мене изгледа. Реплицирањето ми беше дека, ние(Чкембари, Битолчани) можиме да одиме Охрид, Прилеп, Кавадарци, Струмица па и останатите градови и навивачи и обични фанови безгрижно. НО, Скопје за нас е друга приказна. Потполно истото важи и за вас(Комити, Скопјани), и вие можите да ја роварите безгрижно Македонија, но за во Битола, без разлика дали е фудбал или ракомет, обични фанови не верувам дека би се осмелиле да дојдат без ваша придружба. Исто важи и за нашите, не очекувам голем број на обична битолска публика да се истури пред Борис без нас. А навивачките групи се знае како одат.
Затоа твојот претходен обид за споредба, ние вкупно Кавадарци бевме 3000, па да видеме битолчани колку ќе бидат во Скопје. Не е Кавадарци за вас Битола, нити е Кавадарци за нас Скопје. Пак ќе наглсам, без разлика за кој спорт да се работи.
Епа ако дојде некој од Битола саат време пред утакмица во сала со сопствен превоз и со обележје на Пелистер нормално дека има шанси да е легитимна цел на Комити ..
Зборот ми беше сите заедно со коли и автобуси да дојдете организирано во Скопје , така ке бидете со полиција и никој не ке може да ве нападне колку и да има ризик ..

Во Кавадарци за баражот фудбал јас со кола си дојдов , имавме собир сите коли кај Росоман и потоа продолживме заедно сите коли , комбиња и автобуси накај стадион ..

Мое мислење е дека баражот тогаш и во Битола да се играше пак ке дојдевме 3.000 луѓе од Скопје, најважен меч ни беше тоа и еуфоријата беше огромна.. :)

Колкава ваша бројка(мислам све заедно) очекуваш според тебе во можно финале во недела , неработен ден убав термин 19 часот , јак клуб имате све ви оди во прилог (освен градот Скопје :D )
 
Последно уредено:
Член од
11 април 2023
Мислења
1.736
Поени од реакции
5.062
Почекајте прво да тепаат Вардар ,нема да биде лесно не рипајте одма,Пелистер има полесен противник мислам лесно ќе поминат.

Еве добра работа што фудбалот ќе се игра во сабота па во евентуално финале во недела ќе има можност со време да бидеме таму,да беше недела ФК на ракометов ќе бевме тек второ полувреме.

Ултрас пак зелени тресеш многу во постовите уназад на страната,ама тоа се твои мислења:cool:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.588
Поени од реакции
69.862
Дај боже да се игра во Битола купот некогаш и да играме финале против вас, па ќе видиме колку скопјани обични навивачи би дошле.
Ние дефакто сме гости во недела против кој и да играме, се разбира доколку се пласираме во финалето. Скопје во било која сала е домашен терен на Вардар па и на Алкалоид.
Се согласувам, скопските сали секогаш ќе бидат домашен терен за Вардар или Алкалоид.

Сепак, треба да се земе предвид дека Скопје не може да се спореди со ниту еден друг град, затоа што како главен град е збирштина на луѓе од цела Македонија, особено по осамостојувањево, додека сите други градови се воглавно со домородно население. Во Скопје живеат барем 20000 битолчани (може и повеќе) или некои кои имаат битолски корени до прво колено. Само во зградава кај што живеам мислам дека мнозинство се битолчани (го гледам и еден од членовите од вашиве редовни неутралци со цела негова фамилија) :D Пример, браќата Атансијевиќ се родени скопјани, со родител битолчанец. Спонзорот ваш живее овде, децата веројатно му се родени овде, со сигурност учеа во скопскиве школи. Еден куп студенти што се во најнавивачки години.
Па вие само од Скопје може без проблем 100-300 души да мобилизирате, кои реално мала е шансата некој да ги нападне кога има шанси да живееме во исто маало, работиме заедно, сме учеле заедно итн.

Од главен град, многу е тешко да мобилизираш толку многу обични луѓе што не се навивачи, да се затераат во друг град. Прво, во твоја близина имаш многу мала шанса да имаш комшија/другар/познаник што следи спорт и баш навива за Вардар и би имал желба да оди. Па во помал град, кога има јак тим, никаква покана и повици ме им требаат на жителите, кога само да излезат од дома ќе најдат уште 10 души од близината што ќе одат на стадион/сала. Стариве си се собираат пензионерски таму, општо уште се тера тој традиционален начин на живот. Ќе го споменам Кавадарци, на плоштадот околу празнициве имаше милион пензионери што си седеа и се дружеа. Тука во Скопје тој филм не го гледаш, освен по попериферните населби. Кога луѓе не се дружат, не споделуваат информации, многу е тешко да ги организираш на едно место.
Предноста што ја има Скопје е што имаме мноооогу повеќе младо население кое може да го мобилизираме на стадион, ама предноста на помалите градови е што луѓето се поконцентрирани на мало место, се знаат сите, нема толку брз живот како во Скопје, повеќе има дружење итн. И тоа е нормално секаде.
Наш недостаток споредбено со другите навивачки групи од соседството е што тие имаат страшна бројка на фанови во секој град, ние немаме ништо (секоја чест на поединци од многу градови кои активно навиваат за Вардар и го следат). Ама за тоа си треба и да има успеси клубот.

За на крај една забелешка. Ние во просек имаме далеку подобра бројка, вие имате подобри бројки на дербиња (иако константно споредувате ракомет каде термините се вечерни, со фудбал каде се сабајлечки и никогаш на таков термин не сте гостувале во бројка повеќе од 300 души) затоа што едноставно кај вас има многи поголема мраза кон скопјани и се пали цел град на такво утакмици. Во Скопје 95% од населението немаат поим дека ќе се игра ракомет овде викендов, ниту пак имаат омраза кон битолчани за тоа да ги натера да дојдат на утакмица :D
 
Член од
1 февруари 2023
Мислења
69
Поени од реакции
129
Оо ,,Порно мафија Скопје"(злите јазици би кажале ,,дечкото што не испозамара вака колективно десет страници за падната маичка на Гробари") што навака? Не издржа срце јуначко па пиша а:)

Nemoj samo za "padnati maicki od buvljak" da otvarame tema, ke se naljutis i navredis :)
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.082
Поени од реакции
6.094
Па вие само од Скопје може без проблем 100-300 души да мобилизирате, кои реално мала е шансата некој да ги нападне кога има шанси да живееме во исто маало, работиме заедно, сме учеле заедно итн.
Имаме една изрека за битолските политичари, "кој плетвар го поминал, заборава од кај дошол". Така да, од тие 20.000+ шо ги викаш битолчани шо живеат во Скопје, ако успејме некогаш 20 да донесеме на некоја утакмица, сме на коњ. Научна фантастика е тоа шо го велиш.
П.с. Најекспонираниот комита и вардарец ваш, е со родител од Битола :) и тоа од голема пелистерска фамилија(едни од оснивачите на Пелистер) со зет во фамилијата кој е еден од легендите на Чкембари :) Од скопјанец, оргинален или натурализиран, битолчанец не бидува.
 
Член од
7 септември 2023
Мислења
40
Поени од реакции
56
Се согласувам, скопските сали секогаш ќе бидат домашен терен за Вардар или Алкалоид.

Сепак, треба да се земе предвид дека Скопје не може да се спореди со ниту еден друг град, затоа што како главен град е збирштина на луѓе од цела Македонија, особено по осамостојувањево, додека сите други градови се воглавно со домородно население. Во Скопје живеат барем 20000 битолчани (може и повеќе) или некои кои имаат битолски корени до прво колено. Само во зградава кај што живеам мислам дека мнозинство се битолчани (го гледам и еден од членовите од вашиве редовни неутралци со цела негова фамилија) :D Пример, браќата Атансијевиќ се родени скопјани, со родител битолчанец. Спонзорот ваш живее овде, децата веројатно му се родени овде, со сигурност учеа во скопскиве школи. Еден куп студенти што се во најнавивачки години.
Па вие само од Скопје може без проблем 100-300 души да мобилизирате, кои реално мала е шансата некој да ги нападне кога има шанси да живееме во исто маало, работиме заедно, сме учеле заедно итн.

Од главен град, многу е тешко да мобилизираш толку многу обични луѓе што не се навивачи, да се затераат во друг град. Прво, во твоја близина имаш многу мала шанса да имаш комшија/другар/познаник што следи спорт и баш навива за Вардар и би имал желба да оди. Па во помал град, кога има јак тим, никаква покана и повици ме им требаат на жителите, кога само да излезат од дома ќе најдат уште 10 души од близината што ќе одат на стадион/сала. Стариве си се собираат пензионерски таму, општо уште се тера тој традиционален начин на живот. Ќе го споменам Кавадарци, на плоштадот околу празнициве имаше милион пензионери што си седеа и се дружеа. Тука во Скопје тој филм не го гледаш, освен по попериферните населби. Кога луѓе не се дружат, не споделуваат информации, многу е тешко да ги организираш на едно место.
Предноста што ја има Скопје е што имаме мноооогу повеќе младо население кое може да го мобилизираме на стадион, ама предноста на помалите градови е што луѓето се поконцентрирани на мало место, се знаат сите, нема толку брз живот како во Скопје, повеќе има дружење итн. И тоа е нормално секаде.
Наш недостаток споредбено со другите навивачки групи од соседството е што тие имаат страшна бројка на фанови во секој град, ние немаме ништо (секоја чест на поединци од многу градови кои активно навиваат за Вардар и го следат). Ама за тоа си треба и да има успеси клубот.

За на крај една забелешка. Ние во просек имаме далеку подобра бројка, вие имате подобри бројки на дербиња (иако константно споредувате ракомет каде термините се вечерни, со фудбал каде се сабајлечки и никогаш на таков термин не сте гостувале во бројка повеќе од 300 души) затоа што едноставно кај вас има многи поголема мраза кон скопјани и се пали цел град на такво утакмици. Во Скопје 95% од населението немаат поим дека ќе се игра ракомет овде викендов, ниту пак имаат омраза кон битолчани за тоа да ги натера да дојдат на утакмица :D
Морам да кажам дека ова што го имаш напишано ти е правец во општествена психологија и се што напиша ти е 101% точно. Скопје како главен град структура на граѓани (староседелци или како сакате кои се сѐ во помал број) или привремени или одселени, доаѓаат студенти од друѓи градови а Скопјани или се селат во друѓи држави или се откажуваат од ултра животот иако има голем број кои се тука и активни сепак ситуацијата во нашава држава ги приморува луѓето на тие чекори, а за да навиваш за еден клуб ти треба традиција тоа се учи од дете и љубов која се стекнува со тек на време на пример не е дека нема во Скопје но кај нас како град тоа било изразено можеби за време на Југославија каде што Вардар ги обединувал Скопјани на Градски се пратело вистински фудбал и лига со врвен квалитет за тоа време кое нема шанси да се спореди со ова денес. Плус кога ги спомна групите од соседството во Србија, Грција иако не граничиме директно ќе ја спомнам и Хрватска, навиваат цели региони за еден клуб Егејска Македонија навива претежно за ПАОК од Солун, Јужна Грција навива за Олимпијакос и слично, во Србија пола Ѕвезда пола Партизан и во Хрватска цела Далмација навива за Хајдук додека Славонија за Динамо и така натаму додека кај нас претежно е локал патриотизам со ретки моменти на пример кога Вардар освои Лига Шампиони во ракомет каде што цела Македонија го следеше тоа финале и навиваше за Вардар со ова сакам да кажам дека кај нас кај сме малце и сите сме поделени не дека во друѓите држави не се но сепак имаат спортски колективи кои ги обединуваат повеќе додека кај нас ем помал наталитет ем повеќе клубови и повеќе поделби помеѓу помали групи плус маалскиот начин на живот е пред умирање ја нема таа социјализација меѓу луѓето и што е најбитно за нас навивачите е другарството за тоа и се трибините љубов према клубот и другарството. Ако нема почит, другарство (читај прави вредности) нема да има ни квалитетни групи нити менталитет зошто сето тоа се одржува со придржување на кодекс и правилни и здрави ставови кај секој поединец (читај навивач).
 
Пс се извинувам за печатните грешки
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.588
Поени од реакции
69.862
Inace po moe nema sansi 3000-4000, 1500-2000 max.
Во што сакаш ќе се кладиме дека ќе стигнат бројка над 3000 луѓе :D
Па ова е историја за нив, можеби once in a lifetime experience. И тој што следи спорт и тој што прв пат гледа ќе дојде. Ќе имаат масовен организиран превоз, плус со коли, плус како што споменав во претходниот меил, во самото Скопје има сигурно 5-10-тина илјади кавадарчани или некои со кавадаречки корени. Да додадеме и поддршката од битолчани, доста очекувано е да ја достигнат оваа бројка.
Имаат прилила да изборат пласман во Европа, што тешко дека некогаш ќе се повтори.
Финалето доаѓа во период кога Лозари не се на нивото од пред 2-3 години, ама тоа апсолутно нема да биде пречка да се мобилизира цел град.
Финале на куп си носи посебен шмек, а кавадарчани сакаат фудбал.

Ако нешто ми се допаѓа во Кавадарци тоа се графитите низ градот. По мое мислење можеби единствен град во кој се осеќа истакнатоста на навивачките графити. Да знсеш дека влсдее некоја навивачка група во градот. Ние имаме можеби 20 пати повеќе графити, ама Скопје е преголем град и го немаш тој ефект. Графитите се добро изработени и на ударни места. Фали малку да се обои паркот и делот околу стадионот кај гостинската трибина и старите графити на ултрас кру. Добро би легнале и огромни графити на новиот пат изграден над костурницата. Налепници од Лозари и Чкембари насекаде.
Градот е жив, има млади, иако и тука се познава дека она население кое е меѓу 20 и 35 години, заминало да работи некаде, што е погубно за навивачките групи и веројатно затоа опаднаа. Она што не ми се допаѓа е дека и таму оние најмладите до 20 години се палат на шунд и кичерај, пре би да дремат по кафичи и да тераат инстаграм шема, отколку да се посветат на навивање и нешто корисно за себеси. Предност во поглед на број на публика им е тоа што има традиционална дружба меѓу луѓето, особено постарите, се' ти е блиску итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom